Зависи, тоа е многу индивидуална работа како што е прашањето кои се идеалните години за брак. Зависи од склопот на карактери, степенот на зрелост на партнерите, дали и двајцата знаат што сакаат, и тн. Една моја другарка со дечко и' (значи уште се заедно) се фатија во прва средно и супер им оди. Но, таа отсекогаш беше таков карактер, премногу самосвесна и зрела за своите години, од старт си знаеше дека баш тој дечко ќе и' го пружи она што таа го бара кај партнер и тн. Во повеќето случаи, како и да е, се покажува дека е навистина тешко особено затоа што машките на тие години сакаат најмногу да експериментираат, да имаат авантури, да прибираат искуства и тн. Но, ете, имало и исклучоци. Што се однесува до мене лично и мојот брак, сметам дека (сме праеле баш на ова муабет и и тој се согласи) да сме се запознаеле и фателе во средно досега одамна ќе раскиневме баш ради оние неоформени ставови за она каков треба да биде партнерот.
јас имав врска од прва година до четврта година, цело време во средно одев со еден и кога завршив 4та година (по неколку месеци од кај завршив) ми здосади и му раскинав не се каам, го сакав, ме сакаше, убаво ни беше заедно
Жив доказ сум дека може да опстане, мојата средношколска врска опстанува веќе нешто повеќе од 6 години
Колку долго може да опстои средношколска врска? - Зависи, не мора да е кај сите исто. Ако пример една средношколка фати дечко кој е постар од неа, можеби и ќе опстои. А ако фати дечко кој е нејзина генерација тешко. Знаеме какви се машките во тие години, глумат лудило, фраери, сакаат само бројот да си го зголемат и ни најмалку не размислуваат за сериозна врска(нормално секогаш постои исклучок). Јас фатив дечко во 8 одд.4 години беше постар од мене и заедно бевме две и пол години. Не беше некоја кој знае колку голема љубов, барем од моја страна не, при крајот повеќе навика ми стана. Ретко бевме сами, бидејќи неговото и моето друштво сите заедно се дружевме. Со оглед на тоа дека е повозрасен од мене, кога тргнав во средно стана многу љубоморен, ни сама не знам зошто. Ја прекинав врската бидејќи почна страшно да ме нервира неговата љубомора. Несакав средношколските денови така да ми поминат. Раскинав и си се фрлив на излегување и лудување со другарките. Но познавам и парови кои се заедно од средношколските денови и сеуште се заедно, заљубени како и првиот ден.
И сум заборавила да напишам генерација сме и плус во исто школо учевме само не исти клас Секој со своето искуство
Како за ништо во животот,така и за ова,нема апсолутно никакво правило. Ниту пак некоја гаранција дека може да опстане,или па тврдење дека со сигурност не успева. Секој со своето,врската зависи од партнерите и нивниот однос,а не од тоа како и каде започнала. Јас сум со дечко ми заедно уште малце па две години,одиме од 4та средно,во ист клас бевме,и преубаво ми е сега за сега,но кој може да знае прогноза за иднина врз база на тоа што е 'средношколска врска'. Ма да,имавме ние мака со сите околу на почеток,сите мислеа и очекуваа дека ќе раскинеме после матура,после дека ќе раскинеме кога ќе тргнеме на факултет,ама еве не уште,ништо не ни фали..
Индивидуална работа е ова. Точно е тоа дека на тие години ретко на кого му е дојдено до сериозна врска, но лично познавам исклучоци кои се заедно од своите средношколски денови. Затоа пак ќе кажам, зависи од луѓето, не може да се генерализира.
Замислете засекогаш. Баш денеска ја слушав мајка ми и комшивката како си правеа муабет за средношколските денови. Зачув за една љубов која трае и ден денес. Тоа е вистинска љубов која ама баш секој би ја посакал.
Зошто не би опстојала кога би била љубовта искрена.Но тоа се ретки врски на 1000/10. Ама сепак постојат,секако ако момчето е постаро од девојката пр.2 години,но сепак и зависи од карактерот на момчето,можеби сака да ја искористи или што ти е.Но некои имаат сериозни мислења и не се детишта на 18 години,иако се наоѓаат и детишта со зелен ум на 18 Spoiler Иначе си имам дечко јас 1ва тој 4та.Овие 8 месеци ни е убаво,мислиме сериозно па сега незнам никој не може да ја предвиде иднината,затоа ќе ви пишам во темава по 5 години За мое искуство
Јас сум со дечкоми од крајта на 8 одд, одиме 2 години сега уште малку ке сум 3 год. средно.. Значи јас сум 16,тој 20. И воопшто не се чувствувам како мало заљубено девојче кое се радува на куклички. Во врската се чувствувам прекрасно, одиме на озбилно се знам со сите негови, исто и тој. Сега летото ке одиме за странство кај мајками на одмор така да без срам ке кажам, иако не сум поголема од 16 год, се чувствувам како израсната личност, со оглед на тоа дека на мои години си ја карат дечката игра.
Не постојат правила во љубовта. Познавам еден куп примери на кои средношколската љубов им опстојала и се сеуште заедно, среќни во брак, а и такви кои после долга врска, раскинале и веднаш влетале во брак со трета личност после кратка врска. Сепак јас сум повеќе за тоа да испробате врски со повеќе различни карактери па потоа да се одлучите за посериозен чекор. Можеби после во брак ќе ви текне дека нешто ви фали и дека не сте искусиле доволно, па после тоа да страдате и вие и партнерот, па и децата.
Баба ми и дедо ми се запознале во средно школо, си биле први партнери еден на друг, и опстанале до ден денес, со деца, со внуци и пра-внуци.
Братучетка ми идеше со дечкото од прва средно ( врсници се) сеа имаат 26 години, се земаа пред 2 години и сеа имаат 2 деца...Доказ дека вистинска љубов сепак има..и иако е средношколска- може да опстои...имам околу мене уште неколку такви примери али сеа ме мрзи да пишувам
Се надеам и јас со мојот партнер ке заршам како баба ти и дедо ти, и не е битно кога започнала врската дали во средно, факс или на друг начин важно е да се пребродат сите препрекиа во неа, да не се лесно откажува, дури од љубовта поголема треба да биде довербата и искраеноста а помала љубомората
Колку долга ќе биде врската независно дали е средношколска или на факс или на работа, зависи од двајцата партнери од тоа каков карактер имаат што очекуваат понатаму од животот и дали се сакаат и веруваат еден со друг.
Хмм.. па ете јас сум средношколка и имам врска долга скоро 2 години. А зошто да не може да опстои таква врска? Според мене може доколку љубовта е искрена. Ете братучед ми оди со неговата девојка уште кога таа се запиша средно. Заврши и средно, заврши факултет, магистрира и сеуште се заедно, а и кај да е ке се земат. Искрејно понекогаш кога ке помислам на нив се ежам, бидеќи се ставам на нивно место.. некако многу години ми се гледаат + тие години се најувави а јас не би сакала да ги проживеам со дечко колку и да ми е убаво со него.. ама ке си покаже времето, можеби и со мене ке се случи исто како со брачед ми.
За да опстои врска не се битни годините туку љубовта! мислам дека средношколските врски можат најдолго да траат
Искрено, секогаш кога ќе слушнам дека некоја долга врска започнала уште на 14-15 години, притоа се на иста возраст, веднаш ми се врти под дифолт само една мисла во главава-Штета! Не знам зошто, но мислам дека таквите врски не успеваат, и покрај тоа што нели ќе одат и одат и одат до 10 години од врската и на крај после прекинот за 1 месец започнуваат брак со сосема друга личност. Не е непишано правило, но искрено јас како што кажав дури и жал ми е кога ќе слушнам некој, на пример 22-23 години, ќе прашам од кога сте заедно и ќе ми рече од прва година средно, воопшто не сум фасцинирана.. Ете едноставно ми се чини таквите врски се осудени на крај, поради неизживеаност, презаситеност.. и се со ред. Убаво е човек прво да биде сам, да проба некои работи, да созрее па тогаш да влезе во врска. Но, доколку едниот партнер е постар, на пример во тој период студира, а девојката е средно, ваквите врски ми се идеални, бидејќи тогаш ми се на иста бранова должина, поради тоа што нели машките созреваат подоцна Не ми е целта сега да ги разочарам оние кои си имаат долги врски од мали (велам мали бидејќи 15 години и не се некои зрели години). Се разбира има исклучоци, секогаш има исклучоци