Речи му на брачед ти ако скраја било пу пу пу раскине мене да ме земе за жена добро ? хахха е то је прави момак брееее . А раква си сум јас романтичарски тип цел живот со еден ама отпочеток се закашка работава... а колку трае средношколска љубов ? Е не знам...во уставот нема такво нешто
Хахах договорено Остави тоа што се толку долго во врска, на почетокот татко му му правеше проблеми. Демек не е таа за тебе, оставија ке си најдеш некоја подобра. Но и покрај се, останаа заедно а тетин ми се одкажа од намерата да ги скара.
јас во средно , ниту свиѓав некој ниту пак се мував , не се пијанчев , всушност , а и немаше голем избор за врска , сите шо беа згодни ги муваа сите девојчиња , така да јас не се ни обидував таму за врска .....
Воглавно ниту опстојуваат, ниту се сериозни ама знам случај каде почнале на 15 а сега имаат по 26 и уште се заедно. Се е можно, не можеш да знаеш.
Се зависи колку нивната љубов е јака и вистинска.Тоа нема врска дека љубовта е средношколска.Лично знам неколку парови средношколци одат веќе 2-3 гоодини и одлично се сложуваат и се сакаат.А има и такви коишто раскинуват за 2-3 месеци.Така да се зависи од нивната љубов
Значи не дека нема. Има, што останале и по 12 години во врска. Нели, ќе почнат на 15 ќе одат до кај 25-26 но дали продолжиле со брак? Некои ќе кренат 2 прста, ќе кажат пример, да и тоа се случило но проценотот е многу мал, се работи за неизживеаност луѓе. А порано, порано било друго време. Во некоја тема спомнав, она што порано беше верност, денес е заостанатост. Порано си се знаело, си ја сакаш си ја земаш до крај со неа, затоа имате примери од баби и дедовци (меѓу кои и моите), се разбира има и исклучоци. Денес и земјинава топка се врти со друго темпо, самата психа на луѓево е променета, интернет, филмови и триста чуда кои допринесоа до нели ако може воопшто да се нарече понапредното размилсување (кое според мене врска си нема). Затоа велам, денешно време ако се почне врска од мал, многу тешко дека таа врска ќе може да прерасне во брак. Дека ќе опстои подолго време тоа да, но самата неизживеаност води до прекин. (Со исклучоци се разбира!) Јас имам долга врска, откако сум средно, тој тогаш беше на факс. И би продолжила до крај со него, но има една важна работа, значи не сме двајцата на иста возраст, тоа е разликата, а тука се зборува за средношколска врска во која и двајцата нели се средношколци.
Морав да те цитирам. Особено за болдираното, не мора да се осудени на крај таквите врски, од искуство ти кажувам, јас кога се фатив со дечкото имав 14 години,тој 16 год, а во врска сме 8 години, тоа што сум била со еден долго време не значи дека сум презаситена од него, напротив го сакам секој ден се повеќе и повеќе. А и чекајќи да созрееш да не фаќаш дечко рано, може баш тој вистинскиот така да ти помине, некој може порано а некој подоцна да ја најде вистинската личност. Ако некои мислат дека тоа е негативно што некои толку млади влегуваат во сериозна врска, ве уверувам дека не е, јас сум многу среќна што го најдов вистинскиот, еден е ама вреден за мене
знаев дека тоа ќе искоментираш, видов многу убаво на крајот ти беше оставено, ама сакав да искоментирам за тоа претходно што го имаше ставено
^ Во ред, ценам туѓо мислење, посебно мислење од личност што се наоѓа во таква ситуација, личност со такво искуство Сепак, треба да се земе во предвид дека и јас тоа што го кажувам, го кажувам од врски на кои сум била сведок нели. И на нај блиски мои му се случувало тоа, зборам за први братучеди. Но, не сакам да бидам песимист и да им врежувам филмови на луѓево, сепак тоа е мое мислење и дај Боже да си останете среќни и заедно засекогаш, и вие и сите што си имаат долги врски, ете од срце.
Скоро сите другарки во средно си фаќале дечковци и се карле исто толку брзо ,но имам една комшивка со сега маж и се заедно од средно.Сега си имаат ќеркичка и синче Мислам дека то е до крактерот и љубовта.
Jас имам врска од средно,тој имаше 18 години а јас 16ипол и се уште сме во врска.веќе 3ипол години.Морам да признам дека некогаш и жалам што толку млада започнав сериозна врска.Некако ми е мака што не ги искористив тие години во средно.Скоро цело средно бев врзана со него.Дали ќе опстане нашата врска не знам,не знам што ќе донесе иднината.Но морам да признам дека последно време се чуствува монотоност се е едно исто. Кога би го имала овај памет тогаш сигруно не би фатила дечко,ни пак сега би имала.Според мене најубаво е да се изживеат овие години па пред да дојде време за мажење година до две најсила пред тоа да се фати дечко.
Jac досега сум имала 2 средношколски врски и двете траеа 2 години! Според мене не опстануваат долго...
Не може да се каже - да, успева или нема шанси да успее, зашто пред сè тоа зависи од самиот карактер на партнерите, меѓутоа понекогаш и тоа не е пресудно. Имало и созреани и приземни среднишколци кои биле спремни за создавање и одржување на ваквите врски и уште има, иако нивниот број е значително намален со оглед на тоа какви сè примероци нудат новиве генерации... Мене баш ми се допаѓаат ваквите врски. И не, тоа не значи дека со започнување на врска на некои 17 години која има тенденција да прерасне во нешто искрено и големо, дека партнерите ќе бидат отсечени од средината или неизживеани. Сè зависи од нивната созреаност и поставеност - прост и секојдневен пример е дека не мора да имаш средношколска врска за одеднаш да заборавиш на пријателите и на сите блиски и се фокусираш само на партнерот - тоа го може секој. Понекогаш дури им подзавидував на оние кои имаа вакви врски, во смисол - среќа нејзина што пронашла некој што ја поддржува и љуби и навистина мило ми е што добар дел од нив се сè уште заедно. Јас сум таков карактер, не сакам многу луѓе низ животецов, сакам малку ама да бидат тие тие. Навистина ми е жал што не сме се сретнале со мојата погруба половина порано, навистина.
И јас имам долга врска уште од средношколските денови.Се поминав со него, и добро и лошо.Сеуште сме заедно, и сеуште се сакаме и разбираме. Забрани немаме, излегуваме и заедно и посебно. И немаме потреба да се правдаме еден на друг за секој направен чекор. Секоја врска може да успее ако се сака. Како тоа ако една врска се распадне после средно школо кривец е тоа што девојката или дечкото се неиживеани. А доколку врската се почне во 23 година а се заврши после 2, 3 години тогаш кој е кривецот ?? Љубов, доверба и разбирање се потребни во секоја врска, без разлика на годините. Ако се нема тоа не е битно дали тие се иживеани или не, дали имаат 15 или 25 години.
Јас мислам дека може да трае подолго бидејќи имам примери за тоа. Мене ми е страв од долги врски, барем сега за сега.
Со дечко ми бевме во врска од прва година средно и сме на иста возраст. Поминавме секаквии перипетии и еве на крај пак сме заедно. Многумина ми кажуваа да се откажам, бил ваков, таков, онаков, први коишто ме спречуваа беа моите родители. Но, исто и него. Мојот братучед пробуваше да не раздели на многу тактички начин, а исто и "најдобрите другари и другарки". Во тој период пробувавме и со други, но ни јас не можев да го заборавам, а ни тој мене. Повторно си се вративме еден на друг. Знам дека не може и не сака да биде без мене, а исто и јас. На почетокот на врската, (мене ми беше прв дечко, а јас него му бев втора женска) јас бев премногу незрела во однос на врски, не знаев ни што сакам од врската, а ни од него. Затоа и брзо се скаравме. Но како поминуваа годините ние се засакавме и сега прерасна во вистинска зрела љубов. Но, најдобро од се е што освен љубовници, сме си и најдобри другари, си оставаме доволно слобода без да правиме некои глупости, и секогаш сме тука еден за друг. Тешките моменти што ги доживеавме заедно не натераа да пораснеме, да созрееме и да ја претвориме нашата наивна, детска љубов во една многу позрела врска. Но, искуството си го прави своето! А сега моите родители се први коишто ја поддржуваат оваа врска и сум многу горда на него и на мене. Кога успеавме да го пребродиме ова, ќе поминеме уште многу работи заедно.
Јас сум со дечко ми заедно уште од 1ва година средно, некаде на средината. Тој тогаш беше 4та. Се мувавме околу 6 месеци, потоа се фативме и еве сеуште сме заедно. И искрено да ви кажам воопшто не се чувствувам пригушено како да сум во сериозна врска. Излегуваме и заедно, и јас со мое друштво, и тој со негово, ништо не му забранувам,а ни тој мене, излегувам каде ќе сакам,со кого и да сакам, тој исто така, поминувам доволно време и со него, и со другарките. Но најбитното е тоа што си веруваме, секогаш имаме разбирање еден за друг, секогаш си помагаме, заедно сме и во добро и во зло и што е најбитно од се, секој ден се повеќе и повеќе се сакаме..