Јас мислам дека тој периот е нов, прво искуство, пробување на нешто ново поинтересно... Тие години не се за сериозна врска бидејки во тие години хормоните владеат да ретко кој би издржал со некој уште од средно. Мувањето е друг поим бидејки тоа ти е на една вечер и толку... Е тоа се средношколските години! Spoiler
Битни се карактерите, а не годините. Јас бев трета средно кога го запознав дечко ми, ама веќе бев оформена како карактер во тој период. И онака не ми се одеше по дискотеки, и таман си се вклопив со него, иако е постар од мене 6 години. Сега, после 5ипол години врска, знае понекогаш да ми каже: Може сакаш да одиш со другарките во дискотека, а не на тивка вечера со мене. Ама ни најмалку не се каам што е така. Си одам на кафе со другарките, си се дружам со истото друштво кое го имав и пред да сум со него, и не мислам дека ни најмалку сум изгубила со тоа што сум била само со него во животов. Имав доволно време да си ја направам врската каква што сакам да ми биде, пораснав и созреав со него и тоа не би го сменила за ништо на светот. Но како што беше искоментирано од друга феминка погоре, сите другарки мои не се со дечковците кои ги имаа во средно. Не би рекла дека е правило, но најчесто врските кои започнале во тинејџерските години не успеваат. Иако постојат исклучоци од тоа, јас сум жив пример
Хммм не знам, ќе видиме Трета и четврта година ги поминав со сегашниов дечко. We can do more! А во втора година имав кратка врска, три месеци едвај. Се зависи од карактерот.
Како што кажале и претходните девојки , зависи до карактерот на двајцата што се во врска . И да нормално дека ќе сакаш да шеташ на 16, 17 ,18 години ама можеш и со дечко . Еве јас сум во врска со мојот од 3 година средно а тој три години постар од мене. Си излегувавме , си поминувавме супер затоа што 3 години разлика и не е нешто многу . Слични ни се размислувањата , сеуште и двајцата сакаме да шетаме , да се забавуваме и слично . И да сеуште сме во врска
Да, да. Исто и јас. Ако и двајцата сакате да шетате, да се забавувате е тогаш е совшена комбинацијата.
Имам скоро 23 години. Размислувам многу поразлично од средно училиште. Значи во втора година си фатив дечко и одевме до крајот на 4та година. Незнам, без чувства, флерт со скоро секое привлечно машко, хм, врска без обврска било тоа бе. Сепак, женските побргу созреваме и сфаќаме некои работи додека некои машки на таа возраст незнаат што сакаме и бараме.
Нашата врска ја почнавме во средно, јас бев втора, тој трета на почетокот...и сеуште сме заедно, јас сега ќе бидам трета на факултет, значи според мене може и тоа како.Не се битни годините туку зрелоста и посветеноста.Секако врската не ни беше тогаш како што ни е сега, тоа е сосем нормално, но ние пораснавме заедно.На почеток кога се фативме, не бевме толку сериозни, тој излегуваше со другарите , јас со другарките, па се сретнувавме на полапута Никогаш не си скратувавме од слободата што секој тинајџер треба да ја доживее на тие години.Тој се пијанчеше со другарите, скиташе до ниедно време, а и јас излегував, се запивавме, со текот на годините, почнавме посериозно да се сфаќаме еден со друг, си посветувавме повеќе внимание, почнавме повеќе да се караме, но и повеќе се сакавме, едноставно врската ни се зацврстуваше.Секако не беше лесно, зошто сите тие години носат фрустрации и потреба од донесување на животни одлуки, па поради тоа имавме кризи, имавме падови, прекини, но никогаш не престанавме да се грижиме еден за друг.Впрочем јас мислам дека врската ни стана сериозна пред 2-3 години, кога тој заврши средно, кога јас се запишав на факс, откако имавме болен прекин.Но после тоа се беше подобро. Не велам дека ни јас, а ни тој не сме помислиле дека можеби треба да пробаме со друг(а), за да ако тргне работата до женачка(мажачка) не се прашуваме што би било кога би било...но сето тоа се мисли и секој ги има, никој е 100% сигурен дека го направил вистинскиот избор.Ваквите врски имаат предности и слабости, ама убаво е кога еден човек бил покрај тебе уште додека си бил незрел тинајџер, па до сега кога си збунет полувозрасен...убаво е кога се гледаме еден со друг како растеме и созреваме. Годините мене никогаш не ми биле мерило за зрелост, а нели велат во љубовта и војната се е дозволено.
Хммм, и тоа како може да опстои. Не мора да значи дека ако е започната уште во средно дека е несериозна и дека нема просперитет. Баш напротив. Доколку и момчето и девојката знаат што сакаат и се доволно зрели за да ја одржуваат во живот таа врска, онака како што треба, а не само колку да се рече дека ете, „одат“, тогаш може да опстои. Како пример - моите родители одат уште од средно, и еве ги и по 20 години, во брак, со дете и сето тоа. А исто и мојата најдобра другарка, со дечко и е уште од втора година средно и супер им е, никаде немам сретнато позаљубени и личности кои повеќе си одговараат од нив двајца.
Зависи од карактерот на 2цата. Немора да значи ако се помали по 16-17 години и ќе раскинат по два-три месеци. Познавам неколку парови кои се заедно од средно и годинава си се земаа, а има и такви кои се заедно од средно па раскинуваат по 7-8 години. Ако постои голема љубов и хемија меѓу 2цата , ако си имаат и 2цата ставови и мислења, ако се веќе оформени и стабилни личности, ако знаат што сакаат, ако се сигурни во тоа што го сакаат, ако си ги прифатат недостатоците еден со друг, ако ги остават лагите настрана, ако бидат тоа што се ,ако се спремни да се жртвуваат еден за друг, тогаш мислам можат да успеат. Многу фактори влијаат на една врска тка да неможеме со сигурност да тврдиме колку ќе опстане истата.
Од ова што го прочитав, има многу што пишале: „Идат од средно, сеуште се заедно, сеуште се сакаат..“ Секако дека е можно да се сакаат, ама што е со тоа чувство дека си пропуштил многу? Еве јас и дечко ми идеме од 2ра година средно, поточно јас бев втора он трета, и еве веќе идеме скоро 3 години.. Ништо не ми било скратено - ни слобода, ни пијанчење, ни искачање со друштво ваму таму, ниту пак одмор со друштво.. Се што на некој начин треба да се доживее на овие да ги наречам средношколски години, јас го доживеав, освен мувањето со други, повеќе типци. И воопшто не се каев/каам, се до пред извесно време кога една случка ме натера да се замислам дали пропуштам многу со тоа што вака на рана возраст се затварам во врска. И не знам што да правам. И сега што, имам совршена врска, а сакам малку да бидам сама и да искусам нешто кратко со некој друг. Еве да речеме дека е период, ке ми пројде, ама што понатаму, кога тоа чувство ке се јави пак и пак? Да го игнорирам постојано? :/
Ако си во средно и имаш сериозна врска, тоа не значи дека нема да се забавуваш.. Напротив! Ако дечкото е 2-3 години поголем тоа значи повеке забава! Прво ако дечкото е добар, безбедна си, секогаш некој е со тебе што те испрака до дома и слично. Безбедна си и од поглед што и да се опијаниш до даска тој ке те среди, нема да те тресне на улица или пак на домашните додека не се светиш малце... Тој ке те прошета на некој нови места и нови шеми кои за твоите врсници се и непознати... Јас кога бев 1 средно, со другарките одев само на кафе, а со дечкото кога бев ме носеше и по некој клуб да видам, и со неговите другари на пиење, на пица или кафе во друг град... Мене едноставно ми е поубаво со дечко, баш си се забавувам.. И денес со денешниот, секогаш правиме нешто интересно, шетаме, пиеме, се журкаме... Единствена забава која ми е ускратена е менењето мувачи, а тоа баш и не ми смета..
хмм зависи колку двете страни се трудат и сакаат врската да си ја одржат и задржат, да не е монотона, досадна и така колку се трудат да се верни, да не лажат и така...
Јас познавам пар од мое средно што се паднаа во ист клас во прва година и одеа мислам сите четири години, секогаш ги гледавме заедно по ходници, абе најпознатиот пар ни беа мислам. Негде при крај на четврта година, се сретнав со дечково на журка, и седиме собрани, го прашав дали уште оди со девојка му и пустиот изгледа мислеше дека му се пуштам и ми вика не, не. Чудно ми падна, и после гледам на фејсбук сите слики заедно, најзаљубени нели. Откако завршивме средно, мислам дека девојчево одма си најде нов, и еве ги, најмногу се сакаат. Што знам, од една страна слатко ми изгледа ова, заедно растете, поминувате интересни мигови заедно, ја доживувате онаа прва, чиста тинејџерска љубов... но, од друга страна, еве има и вакви случаеви што одат толку години и наводно толку се сакаат, а кога ќе им се пружи шанса изневеруваат зошто уште им вријат хормоните. А и еве, под услов да се верни и двајцата според мене пак се "пропушта" на некој начин најубавиот дел од животот, зошто не ретко денес младиве се импулсивни, сакаат да контролираат, љубоморни се, посесивни. Зошто девојче на 16 години да не може да си излезе со другарките во диско, да се забавува, а не некој да и има пасворд на фејсбук, да и драматизира кога ќе сака да излезе негде, да и забранува и слично. А и да не и забранува, сепак нема да може да живее толку слободно како кога е сингл, да оди на одмор со другарки, па журкање таму, собирање по станови, невини флертови, мувачи, ете - разни искуства. А најлошото во сето ова е што не ретко ќе одат 2-3-4 години, на крај ќе стигнат до факултет, или пак ќе направат 20 и нешто години и тогаш ќе сфатат дека тотално се разишле, не се пронаоѓаат себе си едноставно во таа врска, имаат различни погледи... едноставно, не се веќе деца, а љубовта не растела како што растеле и тие, туку останала иста како на почетокот или се изгубила некаде along the way. Да ми се случело нешто такво мене, искрено не би знаела што да направам со себе, и од каде да почнам, изгубено ќе се чувствувам, и на некој начин ко да сум изгубила едно убаво време од животот кое сум можела да го поминам во забава и несериозни врски. Не сакам да ме сфатите погрешно, ова е само мој поглед на нештата и веројатно на врските и љубовта воопшто, но ете, можеби да ми се случело навистина да се заљубам во средно и да останев со истиот дечко можеби немаше да мислам вака. А да, има и парови кои од средно завршиле и во брак, и искрено секоја чест на таквата љубов, ретко се случува.
Имав една школска која во осмо си фати дечко и еве веќе се во брак и детенце си имаат. И друга исто школска беше фатила дечко во осмо, сите мислеа дека ќе се оженат, девојчето беше се кај дечкото и еве можеби и година има веќе како не се заедно. Ретки се тие што опстоиле.
Колку долго ќе опстои една средношколска врска зависи од двајцата партнери, колку се посветени еден на друг, колку ја негуваат врската, како ја одржуваат. Имам пријатели и познаници кои долго време беа заедно, но на крајот, после 4, 5, 6, 7 години раскинаа, еден пар дури беа и верени па раскинаа. Имам две пријателки, кои сега имаат 22 години а се во врска од свои 16. Ретко кој на таа возраст сака да има сериозна врска, затоа не опстануваат. Повеќето се врски без обврски.
Oх, 6 гoдини детствoтo,нaјубaвите гoдини ми пoминaa сo негo зa тoј истиoт дa нaјде нoвa и тoa месец пред (не)плaнирaнoтo зaпрoсувaње. И тaкa. Се рaдувaм зa некoи штo oпстaнувaaт. Уште гo сaкaм,еве вчерa еднa гoдинa кaкo рaскинaвме. И дури се мислaм aкo кaже д збoриме дaли вреди. Реткo успевaaт тaкви врски кoи се oд мaли. Акo е вистинскa,ДА oпстaнувa.
Neznam za drugite ,neznaev i deka se tolku retki, mojata zavrsi so brak ,so sreka na drugite i ne e bitno srednoskolska dali e ili prva lubov ili podocnezni godni, bitno e da mu veruvas na partnerot,da ne go ogranicuvas,da go podrzuvas vo negovite celi,zaedno da ja zacvrsnuvate so godini vrskata posilna da e,a ne obratno i sekako lubov bez lubov nisto nema.
Според мое мислење и многубројните примери од секојдневието, ваквите врски не опстојуваат. Има и такви кои успеале но бројот е многу мал. Не гледам причина зошто некои двајца да се врзат еден за друг уште од 15 години. Тие години се за забава, дружење, излегување со друштва, зезање, лудување, симпатии...Секоја врска е искуство за себе.
За сериозна врска не сум Апсолутно. Според мене тие години се за забава, дружење, шетање, лудории и смешки со друштвото. Зарем на 16 години да бидам обврзана спрема некој? Да морам да искачам ном стоп со него, да висам на телефон цел ден со него или во најлош случај да му давам објаснување каде сум била, што сум правела, дека дечкото што го виделе со мене е само школски другар или роднина. Во тие години да се впуштам во сексуален однос? Никако! Јас ова го имав зацртано како средношколка и се држев до тоа. Тие години ги паметам како најубави во мојот живот. И сега, некогаш, знам да се присетам и да се смеам сама со себе.