Колку им верувате на вашите дечковци?

Дискусија во 'Врски' започната од kristii, 13 август 2010.

  1. kikav

    kikav Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    2.711
    Допаѓања:
    2.034
    и да се надоврзам секогаш треба да се има план Б бидеќи колку прекрасно да изгледа се и колку и да сме вљубени, се може да се случи…дури и да си мислиме дека го имаме идеалниот Чобек до себе и најхармоничната врска
     
    На 1bunny му/ѝ се допаѓа ова.
  2. bekii

    bekii Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    205
    Допаѓања:
    53
    Јас на дечкоми многу му верувам ... многу пати на различни начини ми докажал дека ме саака, досега фала богу немам причина за сомнеж и се молам на Бога секогаш да ни е вака прекрасно :) :inlove: :inlove:
     
  3. ladymici

    ladymici Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2010
    Пораки:
    535
    Допаѓања:
    808
    Пол:
    Женски
    уххх дури страм ми е да кажам , после толку годишна врска , јас воопшто не му верувам.
    Се што ќе ми каже земам со резерва, се морам да преиспитам од мој агол, дури и негов наједноставен одговор јас не го земам здраво за готово.
    Не дека некогаш ме излажал за некоја голема работа, туку ме лаже за многу ситни работи, за не битни, многу често го фаќам во такви лаги , што ми е веќе глупаво да го опоменувам, па го оставм да си тера со муабетот.
    Да ме излажал за битна работа можеби и ќе сватам и ќе најдам разбирање,но ме лаже за ситници и тоа ме навредува,се осеќам глупаво...
     
  4. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.522
    Допаѓања:
    92.138
    Пол:
    Женски
    Јас сум човек што верува многу, понекогаш и премногу, но не би можела да бидам со некој на кој не можам да му верувам.
    Често пати сум била разочарана од минатите љубови, но тоа не ме спречило на идните да не им верувам.
    На бившиот дечко му верував целосно, дури повеќе од што си верувам самата на себе. Знам дека и сега иако не сме заедно никогаш не би направил нешто што би ме повредило. Иако имавме врска на далечина тоа не влијаеше никако на довербата.
    За жал не знам дали ќе можам на некој друг да му верувам како што му верував него. Некако како созревам се разочарувам од момците, па не знам дали ќе можам со некој друг да се опуштам и да верувам без никакви сомнежи.
     
  5. Ilusionist

    Ilusionist Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    752
    Допаѓања:
    1.912
    Му верувам, многу.
    Така се докажал. За понатаму не знам. :)
     
  6. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    1.714
    Допаѓања:
    5.092
    Пол:
    Женски
    Не! Не е тој едниствен што не му верувам.Велат дека треба да се има верба во луѓето, барем малку ,ама јас тоа повеќе би го нарекла надеж..дека нема да те изневерат :| Како и да е НЕ МУ ВЕРУВАМ затоа што така и се покажал а и неможам да ја скротам мојата љубопитност никако.Секој ден дознавам нешто ново,веќе се губи и моментот на изненадување. :!:
     
  7. Spell

    Spell Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2011
    Пораки:
    550
    Допаѓања:
    400
    Пол:
    Женски
    Ич! Добро може маааалку :) Знаејќи го неговото минато и што како правел ЈОК . На никого не се верува денес јас самата на себе не си верувам :tmi:
     
  8. Page

    Page Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2012
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    359
    Доверба!!! Основата за нешто многу по длабоко и силно во животот. Основа за среќен брак, за фамилија, основа за стабилност и цврстина... Заљубеност, страст, паѓање во несвест по партнерот се тоа толку брзо поминува , а другото што останува како основа за иднина е токму оваа доверба која толку е тешко да ја стекнеш...Чудни сме ние жените, толку несигурни пред се во себе... Посесивни со толку сомнежи. Па Боже мој, да сака да ме вара, да сака будала да ме прави ќе ме праи и око нема да му трепне ... Звезди ке ми симиња по цели денови, и првото нешто што ќе го направи од кога ке се разделиме е тоа...
    Затоа драги мои дами јас се водам по она ... "Колку повеке го држиш во окови толку повеќе го губиш"... Тешко е да да, но кога жената ќе се осврне малце повеќе на себе, на својот живот, на својот дух, работите стануваат поинакви.. Тој што ти е речен ќе биде со тебе и Ќе те сака...
     
  9. taznatajbg

    taznatajbg Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 август 2011
    Пораки:
    375
    Допаѓања:
    74
    Пол:
    Женски
    Многу пати ја изгубил довербата кај мене па затоа сега е се потешко да му се верува...
     
  10. PinkGir123

    PinkGir123 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    1.125
    Допаѓања:
    759
    Па му верувам.Зошто да не?Што може ќе најде поубава и подобра од мене?Какви се има јас сум злато па си верувам во таа теорија сега до кога ке видиме. :angel:
     
  11. chocolate.chick

    chocolate.chick Популарен член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2011
    Пораки:
    922
    Допаѓања:
    644
    Тој е личноста во која ја имам најголемата доверба. Таа доверба не ја заслужил со неговите зборови, лизни-мазни, те сакам, ти си ми се, никогаш нема да те изневерам, никогаш не те лажам и сл. Многупати ми докажал дека се што има меѓу нас е всушнос дел од неговиот живот и неговото секојдневие, секогаш разговараме отворено и не ни е грижа што мислат другите, многу пати ми помогнал кога најмалку сум очекувала, ми покажа дека најдобрата другарка всушност и не е другарка и уште милион причини. Не би била со него доколку немаме доверба еден во друг. Довербата ја одржува врската и е најважна за мене и него. Никогаш не сме криеле нешто еден од друг и освен како дечко, го гледам и како најдобар пријател (како и што бевме пред врската) и личност која заслужува место во мојот живот. Се однесува како дечко, пријател, брат и родител истовремено кон мене. Не гледам причина зошто нему да не му врерувам. :inlove:
     
    На Libera му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Blair15

    Blair15 Активен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    90
    Допаѓања:
    12
    Превише, и знам дека нема да го злоупотреби тоа =)
     
  13. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.076
    Како да не му ваерувам кога не паднал на искушението да повика некоја од италијанските проститутки што му дремеле пред хотел. Љубов бе љубов!
     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  14. tweety26

    tweety26 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    2.279
    Пол:
    Женски
    Бидејќи сум била изгорена многу од таа доверба.Сега само глумам дека верувам а всушност воопшто не верувам...или барем проверувам...
     
  15. iva.89

    iva.89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 септември 2010
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    18
    Му верувам целосно затоа што на многу начини ми докажал дека нема зошто да биде поинаку :inlove:
     
  16. sakamdasumsreknabar1

    sakamdasumsreknabar1 Активен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2012
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    5
    многу малку,а му викам да бе ептен ти верувам
     
  17. Marina89

    Marina89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2010
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    42
    до сега верувам во границите на нормалата,не слепо како што би се рекло...ама ако по некојаааа случајност се покажи дека сум грешка и толку што верувам е тогаш ќе има 3 светска :rofl:
     
  18. PeaceLoveBasketball

    PeaceLoveBasketball Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јули 2012
    Пораки:
    589
    Допаѓања:
    1.177
    Иако многу пати сум била разочарана,бескрајно му верувам на овој сега :D
     
  19. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.893
    Допаѓања:
    11.288
    Пол:
    Женски
    Верувај и проверувај :rofl: му верувам ама не слепо , никогаш не се знае :)
     
  20. MissLayla

    MissLayla Активен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2012
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    7
    му верувам али во секој момент што го имам би му го исчачкала мобилниот или мејлот :lol: