Му верувам 97 проценти да речеме , 100 проценти никому не верувам освен на самата себе, секогаш си имам доза резерва на недоверба спрема секој затоа што никогаш не се знае што има во нечие главче, така да у случај да ми забоде нож у леџа да не бидам , него да се обидам да си искулиркам и да си продолжам напред
Многу, а особено кога се работи за заеднички буџет и потпора. Многу ми е мило што го видов пред брак каков домаќин е, односно како располага со пари и дали има две чисти у глава, освен на речник. Другото е споредно, зошто одамна не се замарам со кој што пишал или кој кому се јавил.
незнам дали му верувам пред околу еден месец...ме излажа но затоа што го сакам премногу му простив но и тој знае дека не му верувам како порано...се трудам да му верувам повторно но многу е тешко ;s
На почетокот не му верував ни малку бидејќи пред тоа бев изгорена па со несигурност се впуштав во врската. Али откако на сите можни начини ми докажа дека сум му единствена, дека не ме лаже, дека му значам, дека без мене неможе да го замисли животот, и најнормално дека ќе му верувам
Премногу, речиси толку колку што си верувам и себеси. Не сакам да се лажеме, ниту да криеме било што еден од друг, а не сака ни тој. Веќе 7 години градиме доверба, не верувам дека било кој од нас двајца така лесно би се осудил да го сруши она што со многу љубов и почит е изградено. Човек што сонува и планира заедничка иднина, не планира истовремено и измама. Ние двајцата сонуваме за истото.
не треба 100% на никој да веруваш па така и на дечковчите...зошто тоа тоа те прави слеп на енкои работи...
Му верувам, во доволна мера за да продолжи да ја носи титулата мој дечко . Не му верувам безрезервно, не ни може да се има толкава доверба во било кој, но верувам во мојата добра проценка на работите, го познавам целосно, неговата психологија, начин на размислување, однесување и сега и во минатото, така да не може да ме излаже( а мислам дека не ни сака да го направи тоа), веднаш го читам, полиграф не ми е рамен hahhahaaha.
Му верувам.До сега во 3 години не направил ништо погрешно(пу пу скраја да е ) но сепак секој може да изненади(еве пример не зборуваме 3 дена и со инатот негов можам да си поислам и дека нема да се јави не знам до кога) Затоа си имам некоја резерва ама не сакам да ја искористам никогаш сепак
Му верував...но пред околу еден месец ме излажа...ит тоа ме гледаше во очи и ме лажеше дека не е така како што велев јас...но на крај призна... сеуште сме заедно и пробувам да му верувам но не е ништо како порано и незнам дали некогаш ќе можам повторно да му верувам како што му верував...
И јас му верував некои си 99%, ама се изгорев. И сега му верувам, да, ама се земам со доза на резерва. Убаво си рекле: верувај, но проверувај. И јас си се водам по ова. Убаво си кажа и ocila, на никого не треба да се верува 100%. Тогаш кога најмалку ќе очекуваш, ќе добиеш ладен туш.
Не му верувам воопшто, и самиот знае дека не му верувам... зошто не е човек на кого може да му се верува, ама што да правам... пуста љубов.
Па он е претерано искрено суштество, така да му верувам доволно, не ми дал повод за да биде спротивно