100% на никој, дури ни на самата себе. Колку само пати се случило да си погазам некој свој принцип,или да направам некоја работа за која сум велела дека никогаш нема да ја направам. Така да, секогаш оставајте простор за сомнеж. Се земајте со некоја резерва. Сепак љубомора до некоја нормална граница е оправдана, чак и слатка понекогаш Само да не се претера.
Му верувам,затоа што никогаш не ми дал повод за да се сомневам во него.Доколку не му верувам не би била со него.Најважното нешто во една врска е довербата,доколку ја нема тогаш пиши пропало од врската.
Да, му верувам. Би било лудо да не му верувам на него, а на некоја сосем небитна особа која не поместила камче во некоја од претходните врски сум верувала. Но, од друга страна очекувам се. Сум доживеала секакви џукелизми од машка страна, па и затоа нема да бидам претерано изненадена ако и овој се откачи од умот. Сва среќа, до сега не ми дал повод, ниту пак направил такво нешто, но нема да седне на гз ако ми ја изигра довербата. Сомничава сум, и тоа ми е во карактерот, кога веќе сум осетила како е да те изиграат.
Му верувам.Тој го заслужил тоа.Никогаш ми нема дадено повод да се посомнеав во него.И затоа со таа меѓусебна доверба имаме прекрасна врска.
Му верувам бескрајно, а и тој мене. Како инаку би биле во 9-годишна врска? Досега никогаш не ја изневерил мојата доверба. Не ми дал повод за сомнеж, ниту пак јас него. Тој е мојот човек, го познавам добро, знам кој е и што е и му верувам. Знам дека никогаш не би ме повредил и дека нема нешто што не би направил за мене, ете толку сум сигурна во него Ама сепак, кажано му е и си знае дека толерирам се`, освен едно. Е ако се случи тоа, тогаш ќе биде жестоко. Ја познава тој и мојата друга (не толку убава) страна, па затоа никогаш не би го направил тоа што не треба, а тоа е да ме лаже
Браво девојки така треба, за разлика од вас јас не и верувам на девојка ми затоа што многу пати сум ја фатил како ме лаже,за жал многу лошо искуство имам со девојките кога се работи за доверба.
Му верувам, но тој знае за обратно. Му кажувам дека не му верувам, за да видам дали ќе се потруди да го смени тоа мислење. И се труди, му значам. Ама, јас како јас, пак му велам дека не му верувам
Да, ама од лага до лага има разлика. Не е исто да те излаже во врска со верноста, друго е да те излаже дали 10 мин се задржала или повеќе. Нели?
На дечко ми не му верувам целосно поради ама секогаш кога ке помислам на бившата си мислам дека ич не ме сака оти пред да се фатиме он беше во врска и он нејзе ја сакал. и кога ќе помислам на нејзе иц не сакам да му верувам дека ме сакаал дека ја заборавил дека веке ништо не му значела. ве молам помогне те ми кажете ми што да правам и дали треба да му верувам
А зашто не се запрашаш зашто те лаже ?? Мора да има и некој ситен дел у тебе што ја тера на такво нешто. Преиспитај се...
Му верувам 99.9 % на дечкоми бидејки заслужува да му верувам, никогаш ме нема илажено, секогаш ми каже каде оди со кого е и дури го и имам видено кога ке каже таму сум го сретнам таму се нема сличено да ме лаже и поради тоа му верувам се надевам дека и тој мене ми верува бидејки не го лажам никогаш
Паааа ... 85 % Незнам зошто ама неможам да имам 100 % доверба,бидејќи неколку пати кога сум верувала 100 % сум се лажела. Затоа најубаво вака.