Основен услов за да бидам со некого во врска е да имам доверба во личноста, така да имам комплетна доверба во дечко ми. Сигурно помислувате "а ако те изневери ?" Ако ме изневери нека е здрав и жив, не би бил прв а можеби ни последен, но глупаво е да се сомневаш во некого кој апсолутно не ти дал причина за такво нешто, или па да го едначиш со некој кој предходно го направил тоа. Е сега, недај Боже да ја изневери таа доверба, тука би ставила крај, или пак сериозно би ги заладила односите, зависно од тоа со која постапка се разнишала довербата. Мојов до сега,колку и да звучи невозможно, ниту еднаш не ми дал повод да се посомневам во него, затоа пак ништо не му забранувам, забави, другари, другарки... едноставно сум свесна дека ваквите мажи се ретки, и мислам дека затоа што е таков, заслужува и ваков однос од моја страна.
МУ верувам доволно за да бидам со него,ако не му верувам не би ни била со него.Па што ке излезе тој и ја цело време ќе го мислам каде е со кој е шо прави ќе се побркам така.Ма да и не ми е дал некоја причина до сеа за да не му верувам
Му верувам ама никогаш одпоќе... Машко ко машко..ма да никогаш не ми дал повод да не му верувам...Али сигурно си е сигурно
Доволно да сум со него, но не и потполно за да „сечам вени“ по некоја негова грешка. Му ги знам маните и слабостите и не се надевам да се промени во тој поглед! (за жал)
Му верував многу и испадна дека не треба да верувам.. Сега не му верувам ни до вц да отиде.. ако сака да си ја врати довербата нека се потруди за тоа, ако не - ќе размислиме..
во себе си мислам дека за нешто ме лаже ама кога збориме некако работите ми се ускладуваат така да му верувам доволно за да ни опстои врската
Изгорена еднаш-сега внимавам. Како и да е, му верувам.. доволно. Тој излезен со другари- јас спијам мирно, јас со другарки- он спие мирно.
Јас му верувам, веќе 5 години сме заедно и досега не сум имала причина да не му верувам, а и тој има доверба во мене, мислам дека тоа е клучно за една здрава и стабилна врска. Што фајде од постојани караници и љубоморни испади. Ако не му веруваш на оној кој си го избрал за тој партнер, онда тури и пепел на таквата врска
Многу,би кажала премногу..Знам дека е искрен за се ,за ништо не ме излажал..Тој не е таква личност.Но јас сум "побудалата" во нашата врска,не го ценам она што тој го прави за мене,нон стоп ми оди по газот а јас ..јас ..јас сум јас !
Верувам, но и провервам На денешно време не си верувам на самата себе, а камоли па на некој друг. Но, сепак доволно му верувам, затоа и сум со него!
Му верувам многу..некогаш дури и премногу..некогаш како слепа му верувам (посебно кога решаваме крстозборки, он ми кажува, а јас сконцентрирана на пишувањето .)
никогаш не ми дал повод за да ја намалам довербата во него... му верувам знам дека ме сака и дека има сериозни намери... се надевам дека никогаш нема да ми ја разниша довербата која ја имам во него... како што рекле довербата тешко се стекнува ама многу лесно се губи...
Јас на мојот дечко му верувам но имам моменти и кога се сомневам бидеќи пред мене имаше 5годишна врска ....но ми помага тој факт што ми се има заколнето во црква дека ме сака и дека нема никогаш да и се врати неа .... но ете како женско постои момент кога се сомневам