Исто како на моите дома што им верувам така и на него. ЕДИНСТВЕНА личност што ме има прифатено таква каква што сум и што има заслужено така безрезервна доверба.
Машката верзија "Колку им веруваме на девојките " ... Да искрено им верувам ,или е со тебе бидејќи сака,или ке те одбие на било каков начин нема да одбере време, место, ни начин.Колку и да се лажеме дека некоја некому дава шанса јас сметам дека лаже.Или сака да биде со таа личност па само наоѓа изговори или не сака да биде со таа .Се друго е изговор и глумење лудило и правење филмови . Зошто да не се верува во личноста што го заслужува тоа . Никогаш не ставам на мерило дали она ке ми верува ,доволно е да види дека јас и верувам .Доколку е некоја што од самиот старт се знае за што е тогаш нема размислувања за довеба и сл ..... .
Дечко ми до сега ме нема успешно излажано едноставно не знае да лаже. Мегутоа јас немам доверба од друга страна, пример знам ако излезе со неговите другари барем 1 вечер, без сомнеж ке биде кор пијан, ке се глупира, и после 3 дена ке се малтретирам да го опраам. Мноогу пага под влијанија, и добро што тоа и си го свати па не излегува многу со неговите... Незнам, некој мажи едноставно не знаат сами да си стават контрола...
му верувам,ми верува...не покушал да ме излаже до сега а и да проба нема да може,а он мене не треба да ми верува толку многу
Верувам да речеме, но проверувам, тоа е и моето правило. Неможам да имам комплетна доверба и после скоро 4 години, едноставно мислам дека проблемот е во мене, неможам да им верувам на луѓето целосно. Можеби се плашам од разочарување, па вака си се тешам сама дека и да дојде до големо разочарување ќе си речам епа ете не му верував целосно, знаев дека може да дојде до вакво нешто. Неколку пати го имам приметено дека сака малку да ме смафта, не е за некои големи работи, ситници се, ама мене токму тие ми значат. Ме убива малку оваа недовербава, незнам до каде ќе стигнам вака. Он е на пример човек што не покажува љубомора, знам дека чува во себе, и малку е како викаат - ербап за тие работи, несака да ми покаже дека нешто го направило љубоморен, пре ќе си го чува во себе, отколку да ми изреагира бурно. Некогаш ми фали да ми покаже дека чувствува љубомора, ама не го дочекувам тоа од него во некои големи размери.
Онолку колку што заслужил самиот. Ја има онаа доверба која е на некој начин основа за врската, но минимална. Верувам дека ме сака, знам дека ме сака, мал милион пати ми докажал, но кога ќе излезе сам довербата се сведува на ситни трошки.. Ми дал повод за да се сомневам во него претходно, има еден другар под чие што влијание паѓа, иако ни под разно не сака да признае - ама друго е човек кога гледа од страна нели.. Но, јас сепак мудро си молчам. Ми веруваш нели, одговор: да. Зошто знам дека ако прави нешто пак, ќе се издаде самиот и ќе го упецам, а ако кажам дека не му верувам ќе се подзамисли и ќе стане повнимателен.
Да бидам искрена му верувам .. но не слепо. Неможам да бидам 100% сигурна, затоа што секогаш може да се случи нешто. Така да имам малечка доза на резерва за да не дојде до некое изненадување
Во најголема мера му верувам, бидејки никогаш и ја нема изневерено довербата, душичка ми е Повеќе самата на себе си не си верувам одколку на него.
Јас сум личност што не верува на зборови туку само на дела. Јас му верувам нему бидејки неброен пат ми е докажал дека ме сака и ме почитува
јас на дечкоми многу му верувам, зошто знам и сигурна сум дека ме сака искрено и од срце, и сето тоа му е возвратено дупло.
Најмногу му верувам, и животот би му го доверила... со години ја гради довербата кај мене и веке сум 100%сигурна во него
99 % оправдано. Никогаш не ме изневерил ни разочарал за ништо . Се надевам така ќе остане зашто ако го направи тоа , многу тешко дека ќе можам повторно да му верувам 100 % доверба во никого.
му верувам онолку колку што заслужил,а заслужил многу да му верувам...сепак не секогаш треба на некој слепо да му веруваме никој не знае што не очекува во животот можеби оној на кој најмалце се надеваме најмногу ќе не повреди...
Можам да кажам дека му верувам многу, досега не ми дадол никаков сомнеж, а ми докажува дека ме сака... а истото и тој го добива од мене.. те сакаам
не му верувам ...само во делата во зборовите слабо затоа што иако нешто ќе вети не го исполнува.. од каде да знам што прави тој во (друг град)- таму учи. не си доаѓа по 3 недели ... и некако не ми е сигурен хахаха
На почетокот верував многу, но подоцна сватив дека некогаш на сопствените очи неможеш да веруваш, а не па на дечко или на маж.