Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Колку им верувате на вашите дечковци?

Дискусија во 'Врски' започната од kristii, 13 август 2010.

  1. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.350
    За сега имам доверба речиси 100%, за понатаму ќе видиме :) Недовербата убива, психички истоштува и не знам дали може да опстане таква врска...
     
    На Lovely93 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.023
    Допаѓања:
    36.074
    Пол:
    Женски
    Доволно му верувам за да бидам со него.
    Довербата не се изразува во проценти,туку се стекнува со дела.Никој не би сакал да верува само на зборови,а потоа да се разочара.
     
    На SwanMay и crazylady им се допаѓа ова.
  3. Baby-bubu

    Baby-bubu Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2014
    Пораки:
    1.624
    Допаѓања:
    13.307
    Пол:
    Женски
    Му верувам целосно. :)
     
  4. marija1907

    marija1907 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2013
    Пораки:
    875
    Допаѓања:
    2.857
    Пол:
    Женски
    му верувам :D
     
  5. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.357
    Допаѓања:
    8.481
    Му верувам со мала доза на недоверба.
    Слепо не се верува ни на сопствената сенка..
     
    На Indiegurl, iloveyou29 и Kala22 им се допаѓа ова.
  6. bubac

    bubac Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2013
    Пораки:
    884
    Допаѓања:
    1.867
    Пол:
    Женски
    Колку повеќе му веруваш ( и му дадеш на знаење дека му веруваш ) - толку полошо.
     
    На realGirl, Celebrity033, SnowWhite8 и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.472
    Пол:
    Женски
    Му верувам исто како на себе што си верувам. И не е ова некоја моментална, тинејџерска, залетана заљубеност, туку се' тоа е со причина, а и далеку сме од тинејџери. Никогаш до сега не ме излажал за ништо, како што ми кажал нешто така и било, никогаш не сум се посомневала во ништо, ниту пак ми сокрил нешто. Имаме неверојатна, дури на моменти за некого налудничаво и чудно отворена комуникација во врската. Не паничам ако отиде некаде, не превртувам очи и не глумам лудила, па може затоа и не се плаши да ми каже и нема потреба да ме лаже, зашто знае дека за се' имам разбирање. Не паѓам во несвест ако погледне некоја средена девојка на улица, за тоа заедно културно си коментираме, зошто да не, јас сама му велам види убава девојка, тука нема ништо лошо, нит сум некоја искомплексирана, нит па имам некој болен психопатски ум па да верувам дека само мене мора да ме гледа. Истото и од негова страна го добивам, не глуми некој балкански јак маж ако погледнам некој дечко. Нит па паѓам во трансови ако ми каже дека колешката на работа му се пушта, баш напротив, се смееме заедно цело време за тоа... :D Секој ден ми кажува некоја нова нејзина глупост за да му привлече внимание, а јас се смеам и ич мува не ме лази зашто знам дека ја има пресечено од корен и не смее да му се приближи повеќе од два метра. :D Му верувам и знам дека и 10 жени да му се соблечат он нема никоја ни да погледне. Едноставно знам каква личност е, знам како размислува, знам што има поминато во животот, знам дека младоста си ја има изживеано и повеќе од потребното и за него таквите финти се смешни и детски и знам дека ме сака премногу и за мене би направил се'. Истата доверба ја имам и од негова страна.
     
    На molikaMk, Milicka999, LaraSolare и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Anne15

    Anne15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 февруари 2012
    Пораки:
    762
    Допаѓања:
    244
    Пол:
    Машки
    Му верувам,но сепак има мала доза недоверба.
    Па во денешно време не може самиот на себе да си веруваш,а не пак да имаш толкава доверба во некого.Никогаш не се знае што може да се случи.Затоа кај мене малку потешко се стекнува доверба.
    Постојат луѓе на кои премногу им верував,па на крајот сепак си ги покажаа вистинските лица.
    Затоа немам премногу доверба во никого. |(
     
  9. Insatiable13

    Insatiable13 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2014
    Пораки:
    258
    Допаѓања:
    367
    Имаше еден таков идиот што ми направи услуга( или пак можеби не) што ми покажа дека не треба да се залажуваш на комплимент, симнување ѕвезди, кавалерство и такви ствари.

    Проблемот е што тоа искуство од тогаш до ден денес, ме наведе да мислам и да не го променам тој став дека на ниедно машко не треба да му се верува. Од тогаш си имам проблем со довербата.
    Но не во дела туку во зборови. Знам дека сегашниот ми дечко не би направил ништо за да ме повреди, натажи и слично, меѓутоа кога ќе каже „ те сакам„ не можам да му поверувам целосно.
    Заљубен е, се чувствува тоа, со многу работи докажал, ама едноставно не можам против себе.
    Секогаш има некоја трошка недоверба која ми вели .. биди претпазлива, не се опуштај премногу..

    Не можам да ја извадам таа мисла, ко да ми е во потсвест постојано дека тие зборови ( ми значиш, те сакам, ми недостигаш) се само комплименти со кои се обидува да ме придобие.

    Многу е добар, не заслужува да немам доверба во него... но имам проблем... не можам против себе.
     
    На Celebrity033 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. viki-dete

    viki-dete Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2013
    Пораки:
    686
    Допаѓања:
    765
    Пол:
    Женски
    Му верувам целосно, ми е дал многу поводи за тоа. Инаку довербата секогаш ја градам врз дела, а не зборови.
     
  11. One.Day.One.Girl

    One.Day.One.Girl Активен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2013
    Пораки:
    68
    Допаѓања:
    40
    Mу верувам 100 % ама недај боже еднаш некого да загуби доверба во мене не би рекла дека ке ја врати лесно ;)
     
  12. elenkator

    elenkator Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 август 2012
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    2
    Па , јас сум во врска речиси година и пол , го сакам ме сака , премногу е добар и јас викам дека не заслужува да не му верувам , но едноставно не ми дава нештоо , значи премногу сум стегната во врска со него , сакам да знам се и сешто неќам да ми крие , едноставно сум таква личност аку ми е стало до некој многу се замарам за него , значи сум имала и преубави моменти со него ради кои заслужува да му верувам, но имало и такви кога ме излажал и сме се карале и ради кои одбивам да му верувам , и незнам , се плашам дека нема да иде долго вака , многу пати се мислам и да го пратам некогаш кога ке оди негде , па незнам ве молам за совет некаков зашто не сакам да го изгубамм го сакам но сум била многу повредена во минатото и сега многу ми е тешко да имам потполна доверба во машко... :D
     
  13. dushiche

    dushiche Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2013
    Пораки:
    826
    Допаѓања:
    602
    Му верувам колку што треба.
    Не слепо, но доволно, денеска на сенката не треба да си веруваш а не па на човек.
     
  14. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.018
    Пол:
    Женски
    Мислам дека темава е повеќе за врски во почетна фаза, бидејќи после години стабилна и интензивна врска мислам дека е смешно да не познаваш некого. А дали ќе му веруваш или не, тоа зависи од тоа што си го научила за тие години за него. А јас дефинитивно не би опстанала во врска без доверба, би ми сметало и би ме оптеретувало и тоа многу. Ако мора да го пратам секој негов чекор или да ми приложува докази за да верувам во неговиот збор, таква врска не ми треба. Исто така ако не ми верува тој, поготово без потреба болно љубоморните дечковци. Си правиме шали на рачун швалери/швалерки, ама тоа е чисто шала да се насмееме, знаеме и двајцата како дишеме. Си сакам мир во душичката, сметам дека тоа е клучно за среќна и успешна врска, да не кажам малтене исто колку и љубовта.

    Да не заборавам, тој е личноста која е најзаслужна за ова мое размислување, инаку иако сум немала разочарување пред да го запознаам него, не знам зошто но воопшто немав доверба и не сакав да имам во дечковци, слушајќи секакви наметнати примери. Тој ме научи дека таквите луѓе и врски сеуште не изумреле. :)
     
    На Dust и Daydream им се допаѓа ова.
  15. zhirafa

    zhirafa Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2013
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    124
    Па јас верувам многу секако има ризик од тоа дека ќе се разочарам ама верувам поубаво ми е така отколку да се стискам а и таква наивничка личност сум па се надевам дека оној нема да ја искористи мојата доверба :)
     
  16. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.600
    Допаѓања:
    79.196
    Пол:
    Женски
    На почеток не верував баш, но сега верувам. Бев скептична, но подоцна видов и сфатив многу работи.
     
  17. Cinderfakinrella

    Cinderfakinrella Популарен член

    Се зачлени на:
    17 ноември 2016
    Пораки:
    957
    Допаѓања:
    7.434
    Пол:
    Женски
    Му верувам онолку колку што навистина треба, па дури и повеќе од доволно. Никогаш ништо не направил што би ме натерало да се посомневам во неговата искреност.
    Понекогаш ми верувам повеќе нему, отколку себеси. Бидејќи често знам да сум избрзлива и наивна, а тој е приземен... Па, прво се консултирам со него, па после решавам што и како. :D
     
  18. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.733
    Допаѓања:
    172.793
    Пол:
    Женски
    Верувам.
    Доволно верувам за и животот да си го ставам во негови раце..
    Иако на моменти делува спротивно:D
     
    На EraBon, Aleksandar1212, theowndemon и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. L-a-r-a22

    L-a-r-a22 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2013
    Пораки:
    1.337
    Допаѓања:
    10.770
    Пол:
    Женски
    Му верувам многу.
    Низ годините покажа и докажа дека можам да имам огромна доверба.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  20. playful girl

    playful girl Активен член

    Се зачлени на:
    13 август 2017
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    50
    Пол:
    Женски
    Многу помалку отколку на сопствените очи. Постојат девојки кои повеќе им веруаат на дечковците од она што со сопствени очи ќе го видат, или можеби им е полесно затоа што не се сигурни во себе и во тоа дали заслужуваат нешто подобро.
    Јас мислам дека е подобро сама отколку некој да те прави будала на очи.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.