Сметам дека доволно се потруди во изминатиот период (долг период) за да ја освои мојата доверба. АМА тоа не значи дека 100% му верувам, затоа што на никого не му верувам целосно, па ни на себе (поточно,на себе малку си верувам, за сите ќе проценам, за себе нема). Сепак, му верувам доволно, а може да се рече и повеќе од доволно. Исто така сметам дека довербата е нешто што треба постојано да се обновува, значи да се докажува. Тоа е како кула од карти-ја градиш, ја градиш, ама може наеднаш да се сруши и после џабе трудот, а и пак ќе треба време да се изгради. Ај, доволна е метафорава.
Не знам што би барала со некој на кого не му верувам ?!?! Да сум интимна со некој што не му верувам ?!?! Нема шанси ! Јас на мојот вереник му верувам како што пишаа погоре-доволно, затоа и тој е човекот со кого сакав и сеуште сакам да го минам животот. Но,секогаш си оставам простор за некоја ескивација сепак маж е маж, а жена што знае што сака лесно може да го добие колку и да е недостапен, зарем не ?
Му верувам доволно. Сме поминале низ многу тешки моменти, па сме можеле да си покажеме верност. На моменти има малку сомнеж, но кога ќе помислиме на се позади нас, знаеме дека можеме и повеќе од доволно да си веруваме.
И јас му верувам 99% ( оној 1% мора да го има, зошто во ништо е верувам 100% па ни во самата себе ) Досега не ми докажал дека не треба да му верувам Му верувам на него ама поише си верувам во мојата проценка! Се додека не ми докаже спротивно, ќе му верувам!
Толку колку што мислам дека е потребно. Секогаш мора да имаш некоја доза на резерва во себе, за да не дојде до некое изненадување. А лично кај мене, мислам дека љубомората излегува пред довербата... и ми прави проблеми
Му верувам доволно и среќна сум што кога излегува сам со другарите заспивам мирно и не ме фаќа параноја, ниту мозокот ми крои теории на заговор како кај некои мои блиски другарки. Значи сепак не 100%, му верувам доволно, но не и слепо. Засега, не ми дал повод или причина за поинаку.
Многу. 100 %.Досега ми нема дадено ниту еден повод да не е така. Некогаш дури и ме критикуваат моите или другарките затоа што велам дека нему му верувам повеќе одошто себе си. Затоа и решив да го поминам животот со него, во спротивно не знам дали би можела да бидам среќна во брак со некој кој не му верувам толку.
Секогаш сум верувала,многу,дури и премногу,на крај ја сум била таа што била повредена,што многу се приврзала,затоа сега колку и да сакам не можам 100% да му верувам,ја му верувам доволно,но сепак не 100%
Се разбира дека многу му верувам, го заслужува тоа. И двајцата си веруваме Само не му верувам баш за некои мали ситници бидејќи не е многу одговорен на пр. ќе го прашам ја стави маицата за перење и тој да да, а таа уште си стои во шкафот
Има заслужено да му верувам ми верува и тој на мене ама ништо не е 100% сигурно секогаш го има она 0.01 % којзнае....
Имаме доверба еден во друг, затоа и сме заедно...врска неможе да опстои без доверба. Меѓутоа еднаш направи он една глупост чисто од зафрканција и сега ја нема мојата максимална доверба....јас сум сигурна дека си ја научи лекцијата и дека нема пак да му се повтори....ама...за жал неможеме да го вратиме времето...
Му верувам. Имавме периоди на недоверба, прво од моја страна, потоа од негова, но двајцата ги надминавме и сега сме ок. Порано бев љубоморна зашто (еве јавно признавам) ние сме еден од оние парови во кои дечкото е посакуван и многу згоден, а девојката е просечна... па мислев дека тој може многу подобро од мене и кога тогаш ќе прифати некоја непристојна понуда (знам дека добивал ). Го надминав тој комплекс и сега знам дека додека е со мене - со мене е. Ако некогаш имам некое сомневање, едноставно го прашувам и ми одговара, не си режирам филмови. Му верувам затоа што заслужува, а и тој ми верува мене.
Mу верувам онолку колку да не се нервирам и права љубоморни сцени нонстоп. Ама со оглед на претходната ситуација, и тоа е многу, страв ме е Претпазлива сум доста
Воглавно му верувам. До сега ми докажал дека ме сака и нема причина да ме изневерува или пак да ме лаже за одредена работа. Мислам дека го познавам доволно за да можам да откријам кога ме лаже кога не