Премногу му верувам. Не постои жив човек кој не излажал и не подлажнува, во ред е се додека постои добра причина за тоа и се додека таа лага никому нема да наштети. Довербата е еден од најбитните фактори за една врска да опстои кај нас е обострана и драго ми е што е тоа така. Предобро се познаваме
Значи му верував. Во глобала им верувам на поголем процент луѓе, не лажам и поради тоа не гледам причина да ме лажат. Ама во секунда се смени човекот и сега ми е многу криво. Еее смешни се луѓето што цело време ти прават лице, и кога ќе го сфатиш тоа пак ти прават уште едно лице и ти викаат дека се едноставно такви какви што се цело време, постојани во тоа што се непостојани!? Е ај сфати ги сега...сите такви право во лудница!
Безрезервно не верувам никому! Секогаш сум претпазлива и спремна да ме изненадат со нешто кое можеби нема баш да ми се допадне! Не велам дека не му верувам на дечко ми, јас дури и го немам фатено во некоја посериозна лага (а сум одигрувала детектив) и на некој начин сите овие години ме убедил дека заслужува поверение! Му верувам доволно за да бидам спокојна со него, доволно за да не се измачувам во моментите кога сме излезени одделно, му верувам доволно за да посакам животот да си го поминам со него! Сепак ја имам онаа умерена доза на резерва која всушност значи дека комплетно поверение (100%) не можеш да имаш во никој!
епа јас за разлика од сите вас му верувам безрезервно и слепо. долги години сме заедно, ме нема ни еднаш изневерено колку што знам јас ниту пак сум имала најмал сомнеж за тоа. ме нема изневерено ни во смисол на подршка и како личност. секогаш е со мене и правел се што треба и не треба за мое добро. повеќе му верувам него отколку на моите родители. можеби ви е чудно но тоа е тоа, тоа е моето искуство ни сопствените родители не ми помогнале и подржале кога најмногу ми требаа а тој беше тука. се додека не направи грешка јас бескрајно и безрезервно му верувам за се, искрено се надевам дека ке најдите таква љубов каде што љубовта нема да ви биди терет и сомневање туку слобода и прекрасно доживување
Не е воопшто чудно, исто вака и јас се чувствувам. Таа доверба и блискост помеѓу нас никако неможат да се објаснат. Заедно сме 5 години како што реков.. можеби годините не играат никаква улога бидејќи постојат и 10 годишни врски кои згаснуваат, но моментално се е совршено. Искрено се надевам, верувам и посакувам цел живот да ни е вака. И ние имаме кавги и несогласувања но кога се ќе се стави на кантар довербата, почитувањето, љубовта, искреноста и согласувањето тежат многу, многу повеќе
Му верувам доволно колку што е потребно.... Секогаш ми докажувал и со зборови и со дела така да нема причина за да не му верувам
незнам зошто ама не му верувам на НИКОЈ во последено време (женско, машко) ниту сум му верувала на некој од моите екс, ниту па ке му верувам на типчево на кое му дадов шанса no way man, оти кога-тогаш ке најде начин ке ме зафркне единствено на кого му верувам е на самата себе, а за да некој заслужи доверба кај мене, треба да се потруди и тоа мнооооогуууу
Mu veruvam na mojot decko, no toa ne znaci deka sum slepa i nema, i deka ne postavuvam nikakvi prasanja. Ne sum ljubomorna licnost za da se odnesuvam posesivno, pa zatoa i mojata doverba e mnogu golema. Sekako, nisto ne e 100% pa taka ni za ova nemozam da kazam. I ke veruvam se dodeka toj ne mi dade pricina za somnez a toa ke bide koga ke prestane da mi POKAZUVA deka me saka. Jas retko kazuvam te sakam, no toj toa go znae zosto toa mu go pokazuvam, a isto i toj. Zatoa draga, ako ti veli te sakam a ne ti pokazuva.. dzabe.
Му верувам на мојот дечко ама не пак слепо да му верувам му верувам колку со треба ... а и сега за сега нема причина за недоверба
Порано повеќе сум верувала, ама како стареам сфаќам дека не би можела никому да му верувам целосно, од проста причина што не верувам целосно ни во мене
Па му верувам доволно.Но си терам по тоа верувај,но проверувај.Не само дечко ми,другарките другарите,се си проверувам.Не верувам одма во се што ќе чујам.
му верувам но не целосно маж си е маж но и доволно се имам изгорено од долгогодишна врска за сега на некого целосно да му вервувам спремна сум психички и да се случи нешто (да не урочвам)нема да се изненадам скапо ќе наплатам сигурно
Му верувам ептен многу, на секој кажан збор. Може некој ќе ме смета за ненормална, но никогаш, ама баш никогаш не ми дал повод да се сомневам дека ме излажал . Можеби и идеализирам зошто сум заљубена, ама му верувам премногу.
Во денешно време не знаеш дали на очите свои да им веруваш, не пак на туѓ ум. Не. Никому не верувам 100%. Самата себеси само си верувам, додуша и тука некогаш ќе се запрашам. Само ќе кажам жени не бидете наивни и никому не верувајте толку слепо. Ма не дечко, кој сака нека е. Сестра родена да е, брат, другарка.... Секогаш во вас нека има некое процентче резервно, такво е денес времето, верба целосна во некого, никако.
Во никој случај потполно. Често се случувало кога сум сигурна дека ме излажал нешто да се докаже спротивното, ама и обратно.За среќа биле ситници.
Па... Му верувам. Доволно да не ме јаде мозокот што прави со другарите сега и доволно да му поверувам кога ќе ме гушне и баци во чело и ќе ми каже дека ме сака.
Како што некоја погоре напиша, јас на себе не си верувам, па камо ли нему да му верувам. Факт, е дека панично не се сомневам, ама секогаш имам резерва. Знаете како викаат очекувајте го најлошото, а надевајте се на најдоброто. Така и јас му верувам на мојот дечко. Не го проверувам, да прашувам каде бил или што правел. Вакви проверки ми се без врска, а и не ми дал искрено причина да го правам тоа. Јас нему помалку му верувам за долгорочни планови. Колку тоа што го збори навистина го мисли. И да повторно, никој не гарантира дека тоа што денеска го мисли, после некое време повторно ќе го мисли Се изнафилософирам малку