Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Колку им верувате на вашите дечковци?

Дискусија во 'Врски' започната од kristii, 13 август 2010.

  1. Mini.girl

    Mini.girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2010
    Пораки:
    92
    Допаѓања:
    13
    Јас на мојот му верувам...па тој е ангел :angel: Зборувам за чувствата, за она "Те сакам", знам дека е така зашто не само што го кажува, туку и го докажува.
    Јас и тој, а мислам дека треба и сите да практикуваат -> Дела, а не зборови ;)
     
  2. Alek13

    Alek13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    11
    Па со оглед на тоа дека еднас се сомневав во него и направив друг скајп и му пратив адд и пишевме одредено време можеби една година ........ Но не падна на тоа
    Отогаш искрено многу му верувам а и се осека тоа кога некој те изневерува барем јас така мислам :)
     
  3. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.818
    Допаѓања:
    1.691
    Јас му верувам на дечко ми.ми ја има докажано неговата љубов,не еднаш,милион пати,секој ден,...не со зборови со дела.нкогаш не ми дал причина да се сомневам во ништо,напротив се повеќе и повеќе се трудел да ми докаже и комплетно му верувам.довербата е најважна за една врска,и мило ми е што ја имаме :inlove:
     
  4. fs-fs-fs

    fs-fs-fs Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    809
    Допаѓања:
    800
    Пол:
    Женски
    Премногу, тоа е човекот со кој сакам да го поминам животот, знам дека никогаш нема да ја изневери мојата доверба....бидејќи едноставно МЕ САКА... :inlove:
     
  5. ivushh

    ivushh Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    8
    Премногуу на почетокот на врската што е нормално не многуу ама после 1 година многу!!
    Ми докажа дека ме сака ии дека му значамм :angel: :angel:
     
  6. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.557
    Јас на мене 100 % не си верувам а камо на некој друг. Му верувам доволно но не целосно. Да знам дека ме сака но тоа не е причината за да не ми излажи.
     
  7. ana-banana

    ana-banana Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    751
    Пол:
    Женски
    Му верувам премногу.Долго време сме во врска и никогаш нема направено нешто на што би можела да се посомневам :inlove:
     
  8. nedzma

    nedzma Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    688
    Допаѓања:
    192
    Пол:
    Женски
    Доволно. ;)
     
  9. MadHatter

    MadHatter Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2011
    Пораки:
    104
    Допаѓања:
    30
    По 6 год. стабилна врска му верувам ,никогаш ја нема изневерено мојата доверба,и поради тоа немам причина да не му верувам,добро го познавам и ДА му верувам! :)
     
  10. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.465
    Верувам само во себе :) ..... Мојата доверба за да ја стекне некој му требаааа мнооогу .... Не ми дал повод , ме нема изневерено колку што знам,многу повеќе се труди околу нас за разлика од мене да не кажам тој е тој што дава се од себе ... Но едноставно таква сум и мислам така и е подобро за мене :) Најлошо е чувството кога на некого си верувала безрезервно и тој те предаде. Затоа верувај ама проверувај ;) Розовите очила некако не се за мене :D
     
  11. Podarok

    Podarok Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    185
    Допаѓања:
    76
    Па незнам колку можам да му верувам кога понекогаш и на себе не си верувам :D Сепак убаво е да имаме доза на доверба во личноста што ја сакаме...
     
  12. Faline

    Faline Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    682
    Допаѓања:
    549
    Му верувам,бидејќи знам дека мрази кога го лажат па некако логично ми е дека и тој не лаже !!! :) барем се надеваам :$ :angel:
     
  13. ANELIJA

    ANELIJA Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2010
    Пораки:
    229
    Допаѓања:
    154
    50-50...И да сакам да му верувам повеќе не можам.Кога еднаш изгубиш доверба,тешко се враќа а многу лесно се добива!!!!
    Во својот газ не можеш да веруваш(некогаш и тој ке те издаде)

    Многу ми е мило кога ке слушнам или тука што читам му верувам на дечко ми :)
     
  14. od-samrak-do-zori

    od-samrak-do-zori Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2010
    Пораки:
    183
    Допаѓања:
    58
  15. katerina777

    katerina777 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    112
    Допаѓања:
    32
    абе ако е така сите мразиме кога не лажат...а од друга страна секојдневно се соочуваме со најразлични лаги па и самите ние сме излажале понекогаш.немој да ме сватиш погрешно ама мислам дека не треба до толку да се верува не ретко се случува да се разочараш во тој што имаш најмногу доверба. убаво е да се верува и треба ама не 100%.
     
  16. UbavkaBube

    UbavkaBube Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    297
    Допаѓања:
    95
    Му верувам колку и на себе самата. 98%! Останатите 2% се кога откачуваме, а откачуваме сите, нели?! :?: Попатно, животот е прекраток за терор и насилство, непотребно е на некого да му го загорчуваме денот, да му ги правиме кошмарни ноќите и мамурни утрата кога може да го направиме насмеан, нели? :hai:
     
  17. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    Заслужил да ја има мојата доверба и мене пред се. Би оставила 1% неверување, затоа што секогаш може да се случи нешто, затоа нека стои како резерва тоа. По природа сум љубоморна, посесивна, бик по пропис и тешко можам да му верувам на некој во целост. Не сум имала до сега ситуација кога со него би се запрашала за нешто, се си било на место. Но краток период сме зеедно, оставам иднината да покаже. :)
     
  18. Avril.09

    Avril.09 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    737
    Допаѓања:
    892
    100%! Навистина заслужува. Сепак, 2-3 пати сум почнала да се сомневам, па да го прашувам што, како, но на крај многу ми падне криво зашто се гледа дека не е ништо направил.
    Затоа, ја има целата моја доверба, се потпирам на него, му верувам!

    САМО СЕ НАДЕВАМ НЕКОГАШ НЕМА ДА ЈА ИЗНЕВЕРИ ТАА ДОВЕРБА! БИК СУМ! :devil:
     
  19. gjavolceto

    gjavolceto Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    15
    не верувам во никого. јас на себеси не си верувам а не па на некој друг.
    се со резерва!
     
  20. maca-23

    maca-23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    238
    Допаѓања:
    179
    му верувам доволно не можам да бидам 100 посто сигурна затоа што мислам дека само будалиот е сто посто сигурен