на никого неможам да верувам 100% затоа што многу пати сум изгубила доверба во луѓе од кои најмалку сум очекувала.. му верувам на дечко ми доволно за да бидам со него.. довербата тешко се гради а многу лесно може да се сруши..
Ни малку! секој ден ги анализирам мазите кога минувам по улица,кога чекам на ред на каса,да нагласам не флертувам сакам да казам дека нема маз сто не зјапа по други девојки се прасувам некогас нели му е срам девојки бомби до нив некои и деца не бе си зјапаат по други чекаат флерт и мислам дека ако има прилика ке ја искористи и затоа не верувам на никој најмалку на дечко,едноставно знам дека некои работи ги прават таква им е природата неверство нема да опростам ама секогас сум спремна на се,сакам да казам колку и да сум залјубена нема да сечам вени по некој ако дојде до разделба,не треба во никој поверение да се има без резерва.. .
Доволно за тој да не се чувствува сеедно е на распит или вечно осомничен доволно да јас не си ги расипувам убавите моменти и сосема доволно да имам на увид се’ што се случува... увидот се прави по слободен избор нема конкретен ден од неделата мала шала, а можда и не
Му верувам , многу му верувам мислам дека не ме лаже и дека никогаш до сега ме нема излажано.. или пак можеби не сум го приметила тоа
Доволно за да не останам емоционално осакатена во случај на некоја голема лага. Безрезервно и верувам само на мајка ми.
Не можам да се удирам во гради и да кажам дека неговите зборови ТЕ САКАМ се вистинити. Ние сме прекратко заедно. Но, бидејки се знаеме долги години, се чувствувам ко да сум цел живот со него. Значи од целото внимание што го добивав од него кога не бевме во врска сега имам уште толку плус. Но, се уште не излегле зборовите те сакам, во стил на љубовна изјава, и не знам зошто не ми е битно тоа...зошто кога и да се шалиме зезаме....имам слушнато Ако сре јас пак те сакам..и тоа многу повеќе ми значи од она изнуденото. Исто така и едно кисче пратено на мсн, многу повеќе ми значи од симнување ѕвезди. Му верувам, зошто доволно добро го знам....и зошто сметам дека се уште нема потреба за лажење. Се надевам така и ќе остане. Зошто да бидам со него ако не му верувам, и да не можам да спијам??? Ако ме излаже, се излажал себе, јас ќе дознаам кога тогаш.
Мојот кога ќе каже нешто кажано е и така ќе биде и направено. Не дека не си подлажнува но си стои на зборот. Колку што не сакам да лаже толку и тој
Доволно. Никогаш ми нема дадено ни една причина да се посомневам во него, а секогаш ми покажувал колку ме сака, цени и почитува, така да...
Доволно му верувам за да може врската нормално да ни опстојува. Не сум од оние девојки кои по 10 пати на ден им се јавуваат на дечковците да ги прашаат каде се и со кого.. Што корист имам од тоа? И да му се јавам он може да ме излаже ако сака. Му верувам на тоа што го кажува, и знам дека не би ме изневерил. Барем за сега така функционираме, па за понатаму..
Му верувам сосема доволно, за да не се опседнувам со помислите, кај е, што е, да не е со некоја.. итн... До сега немало причина за недоверба, па се надевам дека така и ќе остане... Комплетна доверба само во една личност, Мајка ми...
Си имав мака со математиката и со статистиката па толку многу ги усовршив (од што морав) и ќе се искажам процентуално, а тоа е дека му верувам дури или само 70-80 %
На скала од 1-10 ,да речеме 3. Не можам да имам доверба во никого,без оглед на пол,возраст,раса,вера и сл...