Колку луѓе околу вас се навистина психички добро?

Дискусија во 'Психологија' започната од Mesmeric, 2 ноември 2026 во 18:41.

  1. Mesmeric

    Mesmeric Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јули 2020
    Пораки:
    58
    Допаѓања:
    124
    Пол:
    Женски
    Да, за жал, само со луѓе од доверба можеме да бидеме отворени.
    Идеално би било да наидеме на сочувство и разбирање, ама многу луѓе тоа ни на самите себе не си го даваат.
    Сопствените слабости, проблеми и неуспеси ги доживуваат како нешто срамно, па на ист начин гледаат и на туѓите. Кога некому му оди лошо, на некои тоа дури им служи како утеха, бидејќи во споредба со него се чувствуваат подобро во врска со себе.
    Парадоксално е што кај нас, кога треба да се критикува, осудува или озборува, сите се мешаат во туѓите животи, а кога треба да се помогне, повеќето ги снемува.
    Претежно функционираме како заедница во негативна смисла.
    Си земаме за право да судиме за другите, ама не чувствуваме одговорност едни кон други.

    Не сум сигурна дека на луѓето што не се преиспитуваат себеси навистина им е полесно.
    Често забележувам дека токму таквите луѓе прибегнуваат кон ескапизам, развиваат одредени зависности и на разни начини бегаат од сопствените проблеми наместо да се соочат со нив.
    Тоа што не се преиспитуваат не значи дека не ги чувствуваат последиците, а на овие другите, што живот им се сведува само на задоволување на физичките потреби, може им е полесно, ама за мене тоа не е живот.
     
    На FriendOfDorothy му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Mesmeric

    Mesmeric Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јули 2020
    Пораки:
    58
    Допаѓања:
    124
    Пол:
    Женски
    Да, тоа сигурно е патолошко лажење, ама не би знаела дали имаат некоја конкретна дијагноза.
    Претпоставувам дека не сите лажат од исти причини, па можеби и различни психички проблеми стојат зад таквото однесување.
     
    На butterfly0204 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Mesmeric

    Mesmeric Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јули 2020
    Пораки:
    58
    Допаѓања:
    124
    Пол:
    Женски

    Некогаш си мислам дека го идеализираме минатото, ама сепак имам впечаток дека денес има повеќе егоизам.
    Толку сме отрпнати на лоши работи, неправди и на тоа што ништо да не функционира како што треба, што сето тоа веќе ни изгледа нормално.
    Наместо некои лоши случувања, како пандемијата, да не освестат колку си требаме едни на други, ми се чини дека луѓето уште повеќе се дистанцираа, изградија уште поголеми ѕидови околу себе. (истовремено, физички никако да научат да ти го почитуваат личниот простор, сегде кај што се чека ред, ти дишат во врат :D )
     
    На butterfly0204 и Buttermilk им се допаѓа ова.
  4. Mesmeric

    Mesmeric Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јули 2020
    Пораки:
    58
    Допаѓања:
    124
    Пол:
    Женски
    Кражбата на мисла е евидентирана, соодветните органи известени.
    Се моли Братот да го врати зборо. (немаме доверба во надлежните)
     
    На GirlLove му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Mesmeric

    Mesmeric Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јули 2020
    Пораки:
    58
    Допаѓања:
    124
    Пол:
    Женски
    Дали се стварно многу подобро?
    Се прашувам колку терапијата им помага на луѓето да ги променат работите што им пречат, а колку само им дава механизми полесно да се справуваат со нив и да се адаптираат на нездрава средина.
    Секако, може да им помогне и да постават граници, да престанат да толерираат одредени однесувања или да ја променат средината, ама не знам колку често се случува тоа.
    Ми се чини дека на терапија почесто одат луѓето што се повредени од нечие однесување отколку оние што со своето однесување ги повредуваат другите.

    Не знам каква конкретна дијагноза би ѝ дала на Македонија, ама ми се чини дека како општество сме премногу резигнирани.
    Премногу ги прифаќаме работите такви какви што се и повеќето се чувствуваме немоќни нешто да смениме.
    Можеби има и доза на нарцисоидност, со таа потреба да се прикажува слика за себе што не одговара на реалноста.
    Многу интересна тема, која болест мислиш дека доминира кај нас?
     
    На butterfly0204 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Компир Манџа

    Компир Манџа Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    6.366
    Допаѓања:
    9.311
    Пол:
    Машки
    Да знаете само колку пати сум се разминал со луѓе што зборуваат сами со себе. :(

    Греота е за овие луѓе. ;(
    Којзнае што претрпеле. Се гледа дека не се извадени од контејнер.
     
    На GirlLove му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    14.609
    Допаѓања:
    85.873
    Пол:
    Женски
    А колку само не се, а мислат дека се...
     
    На GirlLove, dasd, Mesmeric и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Mesmeric

    Mesmeric Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јули 2020
    Пораки:
    58
    Допаѓања:
    124
    Пол:
    Женски
    Да се надоврзам сама на себе на муабетот околу споделувањето, има и многу луѓе што одат во обратна насока, не ги кријат своите проблеми туку прават trauma dumping, или како и да е соодветниот термин.
    Луѓе што не те познаваат доволно добро, затоа што си бил љубезен со нив, си зимаат за право да ти ги кажуваат своите проблеми, да ти се жалат, без да ги интересира како тоа на тебе ќе влијае психички и емоционално.
    Можам да разберам некој да нема со кого да разговара, ама затоа бар во денешно време има повеќе опции, психолози, психијатри, па еве и на форумиве можат да споделат ако не можат да си дозволат да посетат стручно лице.
    Ми се има случено повеќе пати (и на овој форум) во приватни пораки луѓе да ми пишуваат за своите проблеми, за кои јас не можам да им помогнам и кога на убав начин имам поставено граници околу што можат да споделуваат со мене, тоа не го почитуваат. (на страна тоа што имаат одличен тајминг кога и јас се соочувам со некои проблеми лични тогаш баш да ми ги истураат своите. Благодарам не.)
    Ако некој има проблем, може да си отвори тема, па луѓето што сакаат и мислат дека можат да помогнат ќе се вклучат во дискусијата.
    Треба да се внимава со кого се споделува и во зависност од тоа како тоа може да влијае на другиот човек.
    Ако некој сака да се разбере неговата болка, треба да ја почитува и туѓата.
     
    На Milaaaaaaaaaa и GirlLove им се допаѓа ова.
  9. Waverly Raven

    Waverly Raven Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2017
    Пораки:
    4.136
    Допаѓања:
    15.872
    Пол:
    Машки
    Тие се најопасни.
     
    На nextredstyle, Mesmeric и butterfly0204 им се допаѓа ова.
  10. Apash

    Apash Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јули 2024
    Пораки:
    238
    Допаѓања:
    400
    Пол:
    Машки
    Јас сум апсолутно нормален, проблемот е што околу мене сето е ЛУДАЦИ.. шо би рекол Изет од луд збунет