Колку од вас си ја погазиле сопствената гордост и поради која причина ? Тргнав од себеси , зошто многу пати сум си се потценила и погазила гордоста обидувајќи се да им игодам на некои друго или можеби зошто сум се плашела да изгубам некого и нешто.. Ајде да цуеме какви искуства сте имале вие ?
никогаш не би си се спуштила ниво надолу за некој друг освен ако тоа навистина не го заслужил и ако не е спротивната страна во право
Гордост е поларитет на СРАМ. Ако се фиксираме за некој од поларитетите тогаш ригидно (круто) функционираме и не е добро за нас. Сетете се на библиската: „Гордоста е грев“. Постои голема мудрост во тоа. Гордоста го храни егото, суетата.... А, кога правиме нешто за другите, а е спротивно на нашата потреба, тоа не е “погазување“, туку не сме во состојба да кажеме не, или да ја изразиме својата потреба. Тогаш се лажеме себеси дека сме ја погазиле нашата гордост, не преземјаќи одговорнотст за нашиот избор. Секогаш имаме избор да кажеме НЕ.
За жал многу пати..некогаш свесно некогаш не. Сум си дозволувала себеси да си ја погазам гордоста до одреден степен за некого, бидејќи сум мислела дека во тој момент тоа е правилна одлука и дека утреден можда или не, би се покајала за тоа. За некои ситуации жалам многу и ден-денес, за некои не иако повеќето од нив завршувале лошо на моја адреса.
Многу пати ми била погазена гордоста, но тоа е една гордост - огромна. Немам кај да ја ставам, луѓето се сопнуваат на неа, дури и јас ќе се утепав еднаш... Затоа и ја имаат погазено.
Гордост??? Ха... Можеби за други работи се променив, ама гордоста секогаш ќе ми остане препознатлива особина. Во состојба сум да изгубам, ама не отстапувам од себе. Таа особина ме прави доследна на себе.
Само еднаш . Додека бев со бившиот дечко , дознав дека ме изневерил додека беше на патување од училиштето . Не поверував , а и тој не негираше ниту потврдуваше . Само ќутеше . Тогаш продолжив со него . Меѓутоа на лагата нозете и се кратки , па наскоро открив многу повеќе детали што не сум можела да ги замислам . Оттогаш , мојата гордост е поголема од Монт Еверест , па ко воли нек изволи , нека проба да ја погази .
Реално мнолгу пати. Порано мислев дека сум слабак со тоа што сум си ја погазила гордоста ама на овие години не го гледам тоа како слабост, само како лекции.