na 2-2.5 meseca frizer e luksuz se farbam sama sekoj 3 nedeli, a za odrzuvanje na dolzina kako sto napisav pogore
На два и пол месеци. Да се освежат врвовите, а и бидејќи ставам прелив веќе 2 години и за да се обнови бојата.
Еднаш до 2 пати годишно. Фризерот рече да се сите како мене би банкротирал Со @WildMk и @Srckata28 исти тим сме.
Jas ednas do dva pati godisno. Samo koga mora malku da ja skratam. Stres i nervoza mi pravi sisanjeto i feniranje. Pre bi na zabar, nego na frizer.
Фризерката ја посетувам често, но само за иста услуга... кратење на врвовите на 1,5 месец. За останатите фризерски третмани (бојадисување, фенирање, виткање) сама сум свој мајстор. Фризура и боја на коса не менувам.
Многу мразам да одам на фризер, пред короната одев два пати годишно поретко три пати во зависност од косата за кратење на врвовите. Откако фати корона ниеднаш! Си купив професионални ножички и гледав на интернет има безброј видеа, сега сама се шишам година време и не мора да слушам за ојлевци и дојлевци додека чекам ред и додека ме шишаат, а освен тоа па и никогаш не сум задоволна како ме шишаат и фенираат. Дома одма коса мијам.
Од каде си купи професионални ножички и која е цената? И јас се шишам сама периодов ама ми требаат подобри ножици
Зависи и "колку" професионални сакаш Обично скапички може да се, тие што се острат од косата од тоа како се стрижиш така се острат но друго не смееш да сечеш со нив ни под тачка разно, баш бев го прашала дистрибутерот 1800 беа. Но еве Angell си пронашла и за 600денари што е супер ако ти се само за дома да се средуваш
3-4 пати годишно за кратење на врвовите или општо за шишање. За фарбање, еднаш на неколку месеци. По потреба можам да се офарбам и сама, но избегнувам поради нередот. За специјални пригоди одам, ако сакам посебна фризура. Но ми се случува и сама да се фенирам.
На секои два или три месеци. Битно ми е да немам расцветани врвови, посебно сега кога ја растам. Сакам да ми изгледа здраво, покрај должината.