На фризер немам отидено со години последен пат може сум била пред пет години ,сама си се шишам и сама се фарбам.
Ич, откако почна корона дома сама се шишам и тоа доста често, кога ќе ми е ќеиф какви степени сакам или шишки. Кога одев, се шишав на 6,7 месеци. Искрено ме мрзеше да седам и да чекам, тоа ми беше најмачниот дел од косата да одам на фризер. Сега раат сум, не мора сите трачеви да слушам за ојлевци, дојлевци
Најчесто фризот што го носам си го диктира одењето на фризер, па се прилагодувам според тоа. Сум одела и на месец дена кога ја шишав уште пократко и со андеркат, ама ми здосади и сменив во нешто што ми е полесно за одржување. Сега одам на 2-3 месеци, чисто колку да ги шишнам сувите врвови зашто не ми се свиѓа кога почнуваат да се приметуваат. А и почнува премногу да ми смета кога ќе порасне во некоја безвеза должина, па ова темпо супер ми одговара.
Шишање на 6 месеци.На фенирање не идам, а фала Богу ни сама не знам да се исфенирам.Друга ситуација е кога има повод свадба, матура тогаш идам да ми направат фЛизура
Порано секои 2 месеци ја фарбав, секои 3 ја шишав. Сега некое време не се фарбам, само се шишам на 3-4 месеци.
Unfortunately се додека имам остатоци од лошиот бланш морам на помалку од 2-3 месеци да шишам. Се надевам овој пат за последно ќе ја шишам така кратко
На секој три месеци или ако немам некоја озбилна потреба 2 пати годишно, иако и толку не ми ни треба ама ај нек капне некоја паричка кај фризерката од мој џеб.