Одам 2 пати годишно, одам и повеќе пати ама не е за преглед. Примам терапија па одам да ми препише рецепти. Како што пиша една членка можам да кажам дека најмногу обрнувам внимание на редовните прегледи на гинеколог, споредено со општ лекар или стоматолог. Таму одам само кога имам проблем, а не сакам да биде така ама мора тоа да го сменам.
Редовно два пати годишно, а изминатиов период пред неколку месеци и почесто поради проблеми. Гинеколошкиот преглед според мене кај жената е најбитен.. Порано како помала уште кога немав отидено ми кажуваа дека е непријатен ама не знам дали јас досега кај доктори што сум била воопшто не ми било непријатно туку сосема опуштено и природно. Мислам дека кај постарите жени како да имаат некои трауми од порано и тоа ни го пренесуваат така како да е нешто неугодно.
Исто сум и јас незнам колку пати веке сум била ама нели викаме само да го постигнеме тоа што најмногу го сакаме другото ке се заборави. Иначе редовна сум си кај докторката моја
Редовно посетувам гинеколог, одприлика на 4 месеци одам, најкасно на 6. Мислам дека ние девојките општо многу ја потценуваме важноста на гинеколошките прегледи и често се случува да не се провериме подолг период. Порано така правев и јас, не одев ни еднаш годишно, ама сега сум редовна и така планирам да остане.