И јас следниов месец сум на свадба, па планирам некој сандалчиња,балетанчиња и некое така кратко фустанче
Ај малце да ја оживеам темава..на почетокот од септември сум на свадба,повеќе ќе биде како забава поинтимно не оние класични свадби,во двор на отворено па се думам што да облечам? не сакам да биде нешо свечано,онака младалачки модерно,шо би се рекло спортско елегантно! низ градов шетав по продавнициве ама ништо да ми фати окце,до мене ли е или сум нервозна па се брзам и нишо не глеам! сте виделе ли низ градов некаде убави модерни фустанчиња да речеме значи не пресвечани,со шљокоци ниту пак ко за плажа а да одговара за на свадба? хепл на крај по гаќи ќе одам!
морам во гардеробер да имам нешто свечано, свадбарско да речам, ама да не е кич не ми се даваат пари за ултра свечани работи, ама морам да имам барем нешто минимално... сега супер е, се е во мода, има голем избор, па има работи кои се и свечани, а сепак нормални за излегување навечер....
Уживам во спремање, уживам во се околу тие настани. Свеченост, па сега кој како сака, јас не се китам којзнае колку, доволно за да биде привлечно и убаво да изгледа
Секогаш различно, кај блиски роднини,братучетки,братучеди...носам долги фустани, кај другарки и пријатели на дечко ми стандардно некое фустнче, но евесега во саботата бев на свадба од што беше ладно си купив материјал и сошив многу убави црни панталони со сребрен блуза со гол грб.
Ја сакаааам многу, бидејќи ретки се таквите поводи и спремања, така да уживам во подготовката. Свечената гардароба,дава елеганција,моќност,совршенство...едноставно е прекрасна
Ја сакам таа елеганција и женственост, ама ништо пренатрупано и светкаво. Со оглед на тоа дека протерав 5 свадби во функција (кума и старосватица ) имам 1 долг фустан и 3 кратки. Кратките можам да ги носам и на др. свадби и свечености ама долгиот тешко . Тој е посебна елеганција и си бара посебни прилики (бар според мене). Свечената гардероба не ме ограничува само на здолништа или фустани туку и штосни елегантни панталони, кошули, палта, туники... Ненападна шминка и убаво средена коса (не пунџи, банани ) и може да почне свеченоста . Колку ќе е свечена ќе зависи од поводот, а колку ја сакате таква и ќе носите (неможам да облечам нешто што не сакам и не ми стои убаво)
Во јануари ќе одам на свадба дајте некој предлог што да носам.Дајте некој предлог.Иначе имам 13 години.
Драги феминки ке ве молам кума ке бидам на свадба, гледав на нет фустани (кратки и долги) али ниедно не ми фати око, па да ве замолам да ми дадете некои идеи за фустан. Висока сум 1,58 цм, а сум 60-тина кг, е сега нз каков дали долг или краток. Некој предлог
Нешто пристојно, доследно на изгледот и годините. Белата боја треба да се избегнува, бидејќи нели повеќето невести имаат бели венчаници (не сакате да ве помешаат со невестата на нејзиниот "посебен" ден, нели? ) Аман, избегнувајте шлиц во насока на меѓуножјето. Поневкусно нешто не постои, а па и танга гаќички кои ѕиркаат под шлицот е врвот на катастрофата. Внимавајте која боја долна облека ќе одберете и гледајте да не се познава преку фустанчето. Балски фустани не доаѓаат в предвид.
Кога избирам облека за свадба најчесто внимавам на тоа каков е типот на свадбата, односно кој тип на луѓе се, местото... а најмногу обрнувам внимание на блисоста на луѓето и во зависност од тоа избирам облека. Најчесто облекувам фустанчиња, не многу кратки и до под колена... морам да признаам долг фустан не сум носела а желба ми е...па ќе биди и то здравје. Нешто во овој тип...