1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Колку се познавате со партнерот ?

Дискусија во 'Врски' започната од love23, 13 декември 2010.

  1. love23

    love23 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    716
    Допаѓања:
    913
    Многу бракови се распаднале и по 20 или 30 годишен брак, зошто е тоа така? Непознавањето на својот партнер може да доведе до низа проблеми во врската или бракот. :envy:
     
  2. meruska

    meruska Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2010
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    103
    никогас нема целосно да го запознаес партнерот колку и да знаес од него секогас сите имаме некои работи сто и самите не ги знаеме за нас а некад може да ги направиме,а за тоа сто се разведуваат постојат мн.приЧини денес ,според мене наједноставна приЧина за развод е сексот ако во брак немас редовен секс (забатален у два месеца еднас) ете ти проблеми плус некои др несогласувања бла бла бла и крај нема каде
     
  3. lattie

    lattie Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2011
    Пораки:
    504
    Допаѓања:
    203
    Пол:
    Женски
    Мислам т.е 97% сум сигурна дека доволно добро се познаваме со партнерот скоро во сите моменти знам што мисли и каок мисли дури знам и како диши а истото и тој за мене
     
  4. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.135
    Допаѓања:
    76.523
    Пол:
    Женски
    Пред да ја почнеме врскава, се познававме два месеци. Не сакав да почнам врска бидејќи не го познавав, сосема малку, речиси воопшто, но гледајќи колку многу ме сака и се труди, прифатив. И не згрешив. Сега го познавам многу повеќе, мислам дека доволно бидејќи е искрен и нема нешто што крие или криел од мене.
     
  5. QweenSM

    QweenSM Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2013
    Пораки:
    3.944
    Допаѓања:
    30.778
    Пол:
    Женски
    Се познаваме околу 5 години, се запознавме кога бевме на Мај, а во врска сме скоро 3 години. Сосем доволно за да сфатам дека тој е човекот со кој сакам да го поминам целиот мој живот, и не би го заменила за ништо на светот.
     
  6. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.921
    Допаѓања:
    32.559
    Пол:
    Женски
    Долго време се знаеме. Оваа година 11 години од врска, а 9 од брак. Не згрешив. Се надевам дека цел живот ќе останеме заедно.

    Да одговорам на прашањето од првиот пост. Тоа што луѓе се разведуваат после долги години брак, не значи дека не се познавале доволно. Едноставно, кај некои љубовта поминува. Ако не им е интересно на партнерите да бидат заедно, поарно да стават крај. Кога не оди, не оди.
     
    На Herrera, flawless_, hermosa и 2 други им се допаѓа ова.