Не ми е сопруг ама најголем дел од времето “живееме“ заедно (читај он кај мене и јас кај него ) и најголем дел од времето е сам дома, па на него останува и средувањето на домот. Луѓето имаат жена еднаш неделно или во две недели што чисти, ама секојдневно се мијат садови, се пере, пегла итн. Што се однесува до него ќе си ја почека жената за прашина, ама јас не го оставам Шала на страна, кога станува збор за организација јас организирам, а тој извршува. Пример, ако јас смукам, тој мие садови (или реди машина), ако јас пеглам, тој прави јадење, итн. Во принцип не го оставам да пегла, не затоа што не сака, туку јас си имам мој тертип сакам по мое да си е направено. За бришење прашина исто, па најчесто него му давам да готви, да смука, да пушти машина за перење/сушење садови/алишта, најчесто тој фрла ѓубре (а јас го собирам по куќа, оти го мрзи на пример хартивчето од цигари да го фрли, си го остава на маса). Генерално се што ќе му се каже прави, само треба да му се каже, сам му текнува единствено да истресе пепељара или да си запегла кошула ако нема пеглана. Не ни очекувам нешто многу притресување, и двајцата работиме, со тоа што тој некогаш работи и по 14-15 саати, јас стандард 8 саати. Ручек никогаш не правиме (јас преспивам после работа, а тој доаѓа во ниедно време) па може да се зготви некоја вечера евентуално. Во случај да не работам не би ни очекувала ништо, ама бидејќи и јас работам, не ни можам цела куќа сама да ја организирам
Кога сме заедно обврските ни се поделени пр. јас ќе зготвам, тој ќе измие садови или јас ќе избришам прашина тој ќе усиса со правосмукалка, знае да свари кафе, зимно време негова обврска е да запали оган, да го фрли ѓубрето, да испазарува, си го расчистува нередот зад себе. Знае да ми помогне околу готвењето. Добро машко ко машко некогаш го фаќа мрза ама воглавно кога и да го замолам да ми помогне го прави тоа без приговори.. Многу ми е погоден... за сега
Мислам дека нема тука многу врска машко/женско, барем од она што јас сум го видела. Познавам жени на кои дома им смрди на умрено, и мажи на кои кога ќе им влезеш дома ти е страв да седнеш на гарнитура, да не ја испрљаш Се зависи од хигиенските навики на личноста, а и од одговорноста. Некогаш овој мојов е утепан од работа и свесна сум дека со последни сили се тушира, и ми е жал да го терам да си ги мие садовите после јадење. Јас веќе сум дошла од работа, сум јадела, сум спиела, кафе сум пиела, што значи сигурно сум доста поодморена. Јас викам дека е најважно и двајцата да се свесни дека тоа место мора да се одржува, е сега ако имаш неброени примања па секој ден некого да плаќаш - пеки. Ама не можам 2 недели да чекам чистачка за да ми испере гаќи или за да ми фрли ѓубре.
Koga e doma meraklija e da gotvime zedno,a bidejki ne odam na rabota ne dozvoluvam da mi pomaga sepak po celi denovi sum doma i na kraj toj da mi pomaga nema smisla,dovolno e maskite obvrski da si gi zavrsuva
Premnogu! Ne samo toj, tuku site od negovoto semejstvo. Site oci im se vpereni vo mene. Se plasam da ne me razgalat premnogu
Retko e doma no koga e bas se osekam odmorena.Obicno toj pravi rucek,zasto raboti vo stranstvo i nema koj da mu gotvi tamu osven toj samiot si se nauci se da pravi,pa i poubavi jadenja i od mene pravi.So sinceto epten pomaga,go cuva,go banja si igra so nego jas da mozam da se odmoram..bas se oseka koga ne e doma
Баш ми е погоден мм! Срцка е, еве баш денес утрово пазаруваше па правеше пица ( со домашно правено тесто) па изми садови и усиса со правосмукалка! Добро и јас не седев со скрстени раце: менував постелнини, пуштав машини, простирав алишта, направив колач... Вредни бевме ептен! Во принцип мм многу работи по дома, намерно не пишувам "ми помага" бидејки домашните работи не се само мои, домот е заеднички а со тоа и обврските...и јас одам на работа и јас имам премногу обврски за да бидам "куќната помошничка"!
Благодарение на тогашната војска мм жив и здрав нека е помага. За секоја работа која ја прави и ми помага уз муабет ми расправа како било тогаш во војска и колку научиле таму. Прво воспитување па потоа и домашни обврски. Навистина го ценам како педантен човек и пред се вреден. Во овие обврски и двајцата делиме исти ставови за педантноста и домаќинлкот. Ми помага секогаш кога ми треба помош, а притоа и самиот се труди околу расфрланоста и обврските. Истот важи и во спротивна ситуација кога и јас му помагам нему, и да незнам учам и се трудам. Да така се на се околу оваа работа се разбираме и почитуваме.
preku nedela za ziva glava nisto ne faka,jas rucek da napravam,pa masa da postavam,pa tanjiri da izmijam,deca da presoblecam da gi naranam,toj nisto od toa,samo moze da pojde do prodavnica,e zimi ti vo nedela ke usisa i toa edna soba e potocno garsonjera stan i kupatilo cisti i toa mu e za cela nedela sto nisto ne faka..
Пред малку за ова се "каравме", зошто за се мора јас да се грижам. Чисти, пери, пеглај, ручеци, деца. Преку глава ми е веќе. Ми треба одмор и ништо не ми се фаќа. А он е добро бе маче ќе ти донесам " помошничка" се ќе ти исчисти. Уште да беше така.
Po priroda e mrzliv,da ne mu kazes da otkace zavesi za perenje ili takvi pokrupni raboti,ali mi pomaga i toa mnogu,pogotovo sega koga sme so bebe a sami sme,i okolu cistenjeto i okolu deteto,i ke zgotvi,a i prodavnicire se na nego,e sea ne deka sekoj den toa pravi ama rabotime po dogovor
ете го, чистел па ке ми праел ручек викам ке треба вечер да ти дам ако ептен е специјално напраено шала на страна многу ме чува и ми помага ...
Па ми помага колку што може постојано работи и се нема време таква му е раб.Инаку често прави јадења готви,тој пазарува што е потребно,го почувува малиот додека завршам некоја работа,колку може ми помага не можам да се пожалам.
Пробај малку да промениш тактика од вообичаената, играј малку почитички . Не му сервирај се на тацна, понекогаш дади му до знаење кое каде стои и дека и тој може да помогне, да земе и да направи по нешто. Ако ти се помириш со тоа тој каков е нема да видиш аир за помош од него, затоа пробај малку построго и не секогаш попуштај.
Периодов имаше мм толку обврски што ми беше мака да го терам да ми чисти низ дома. Јас се погодив поголемиот дел од летото да сум дома, он на работа, така да не ми беше тешко да ги завршам обврските. Инаку, иако е уморен, ако го замолам нешто да ми помогне околу чистењето или да ми удоволи со некој специјалитет во кујна, не ме одбива. Понекогаш знае да рече важи, после ќе го направам тоа, па да заборави. Тоа ме нервира сега за сега. Гледам да сум толерантна.
Скоро на сите многу ни помагаат,а се жалиме после дека немаме одамна целосно се избањато.Посебно миеме глава,посебно се тушираме. Абе помага,ама кога е дома,ама ретко е.
Во моментов не помага, туку ја чисти цела куќа Значи тој пушта машини за садови и алишта,собира алишта(малку плакарите се несредени заради тоа,ама мани не наваѓам),усисува,џогира,пребришува кујна,менува постелина,го чисти тоалетот,пазарува,готви под мој надзор,ми помага и за туширање.Се што е домашна работа ја тера,освен со прашина бришење,во тоа не е многу редовен. Што да правам кога си имам проблеми со бременоста.Тоа е морам да се пазам.Откако останав бремена, веднаш драстично ги намалив домашните обврски и пак си имав проблеми.Сега лежам цел ден, а тој средува се.Од сабајле оди некој саат на работа,ако има, се враќа дома готви нешто за мене или го расчистува нередот во кујната(ако сум зготвила нешто на брзина),одмара малку и вечер на курс до 9 саатот.Викендите му се резервирани за чистење. Се зависи од ситуацијата. Претходно тој работеше по 10 саати дневно-некогаш 6 дена во неделата,јас по 6 саати.Јас водев се,од чистење до пазарување и административни работи.Понекогаш одеше на терен и се враќаше секој втор викенд.Сигурно кога си дојдеше,тие два дена нема да барам помош од него.Немавме време да се видиме не пак за повеќе. Ако не успеев да исчистам оставам за друг ден и воопшто не ми беше гајле какво е.Битно ми беше да го видам. Сега ќе полежам уште некој месец,па ќе го вклучам пак турбото.Барем времето ми поминува побрзо.Овака досада ме утепа.Цел ден или гледам Старгејт или на Фемина
sabota i nedela toj gotvi....mi pomaga.....jas pak kako Zena so golemo Z nekogas me nervira da mi se vrti vo kujna mnogu, koga gi mie sadovite arno,ama nekogas me vadi od takt.....gotvi i toa dobro gotvi,nekogas utnuva ama so sef kako mene so mu dirigira na glava na sekoi 5 minuti mora da se nauci......za drugi raboti poretko...ne pegla..retko nekogas u brzanje.....sepak kako sto ima mazi ....na nego mu davam ocena od 1 do 10....7 ka...
Мм не помага, да го фалам нема. Он купува пелени , понекогаш го праќам во продавница и толку. Еднаш неделно ми доаѓа жена и ми чисти, ама со мало дете за два дена е хаос. Јас готвам, пазарам, перам пеглам. Ве читам и се чудам, мм не знае како се пушта машината, ни таа за алишта ни за тањири. Во животот само еднаш усисал кога бев трудна, многу повраќав, а требаше гости да ни дојдат и тоа му го памтам за цел живот. Понекогаш му се јавувам да земе нешто за ручек, а понекогаш знае и нешто да зготви. А искрена да бидам не се ни буни, три слоја трошки ќе гази, нема да замете ама нема ни збор да ми рече. Немој сега одма да ме жалите, не ми е мене лошо, само што не помага по дома.