За мм не можам збор на страна да речам.Имаме две деца на возраст од 8 и 7 години различна смена во школо.Кога е тој втора смена на работа (јас работам само прва смена) тој ги чува децата и се околу нив.Плус никогаш не готвам од вечерва за утре оти знам дека тој ќе направи.Кога ќе си дојдам дома се е средено и ручек готов и децата средени и измиено и сметено машина ако имало извадена.Кога правиме генералка се заедно.Ако јас правам едно тој прави друго никогаш не остава сама се да правам.Уште морам да кажам кога ни доаѓаат гости на ручек сака тој да готви (по професија е келнер ама готви подобро и од готвач) стално ми вели само децата да не се мешаат јас се ќе средам.Е после кога ќе си одат гостите мене ми останува миењето. Најјако од се кога ова ќе го кажам на свекрва ми не и се верува дека тоа син и го прави,оти таа малку од повеќе си ги има разгалено децата ама среќа мажот ми е 360 степени поинаков со мене.
Не сум мажена ама верена сум и живеам со него.. За помагање помага многу.. На сабајле дури да станам да се замијам едно друго тој веќе кафе има сварено и ме чека на тераса... За појадок секогаш готви, а за ручек се чека на мене... Кога ќе раскренам од појадокот секогаш ја фаќа метлата и спремен е да мете додека јас мијам садови.. Машина незнае да пушти али знае да ја спружи кога е мн ладно и тој оди.. Пазари сам.. И ако легне некогаш на теоседот и ако му го викнам името знае одма да скокне и се подготвува за наредба.. Колку толку помага и задоволна сум
Леле ала си го издресирала Абе, остај го малку душа да земе, намали со наредбиве Имам мислам пишувано во темава. Мојов не " помага " туку работиме тимски. Ако некогаш повеќе домашни обврски јас извршував, идејќи можев и не ми беше тешко, имав повеќе време, со тек на времето и зголемување на обврските околу децата, се повеќе превземаше и тој на себе, така да сега двајца со договор се снаоѓаме кој што ќе прави.
Помага од време на време неможам да грешам душа ама и тоа ретко.Најчесто ми помага околу малата ,ја пресоблекува,ја рани,ја капи.Пазари за дома, и еднаш годишно можеби ќе замети или чинии ке измие.Но,доста и одмага.Најмногу се живцирам кога ке вари кафе све ѓезве и филџан така остава на маса,алишта еден куп од него расфрлани на секаде и кога пуши цигара нема шанса да истреси во пепелникот
Мојот е од оние кои не помагаат околу домашните работи. За жал. Никогаш не миел садови, нит усиувал, не фатил крпа во раце, не пружел алишта, за готвење пак ич уста да не отварам. За таквото однесување причините ги гледам во домашното воспитување и долгото работно време кое го има... слободно време скоро и да нема. Сме имале многу расправии околу тој проблем, делумно се променил но тоа е максимумот од него.Си ги мести алиштата, тој ја раскрева масата, задолжен е за правење салати и варење кафе, собира играчки и најглавното - ја чува ќерка ми . Учествува во капењето, ја пресоблекува, прави обиди да ја храни, ја шета и занимава, сече нокти, чисти уши... воглавном добро ја чува и помага околу неа. За други работи не се ангажира и мислам дека така ќе си останат работите кај нас дома. Сеуште ќе правам напори да го превоспитам за некои работи, и закачки ќе има многу од типот ,,јас слугинка ли сум дома? Дај помогни нешто околу дома, не си ти од кирија овде!" (така некако звучам ), но не очекувам многу!
Многу. Секогаш двајцата заедно работиме паралелно. Ако јас усисавам, тој поминува со џогер. Јас готвам, тој мие садови или обратно. Во принцип, единствена работа која не знае да ја сработи како што треба е пеглањето на алишта.
Kako jas da sum go pisuvala postot,koga jas sum zafatena i pegla ama ne go biva covekot,cesto moram da prepeglam.e mojot sadovi samo dodeka bev bremena miese ,inaku go nervira toa.
Здраво...Јас од мојов сум многу нервозна.Никаква помош не ми пруза.Имаме 9месечно дете, па скоро никогаш не ме прашал дали ми треба помош околу нешто или пак да го причува. Или е пред оваа технологија или во град, седи до 3-4 наутро аа ако не го разбудиме со детето и не знам до колку ќе спие(за тоа се буни но не попуштам)..Кога сум нервозна и почнам да зборувам само ми вели дека многу барам многу инат терам со него итн...А само една година сме во брак. Многу се нервирам, разочарана сум од него , поради сета љубов што ја чувствував спрема него сите овие години.И што ми е најкриво по не знам колку време ниту ме бакнал ниту прегрнал ниту убав збор ми рекол.. Ако јас не почнам прва.... Не знам што да мислам навистина..Извинете за долгиот пост но едноставно сакав да се издушам ...позз
Може си премногу опсесивна и нервозна, така и ми изгледа по напишаново. Пробај да се прибереш и да научиш да се контролираш, со човечки смирен и искрен разговор можеш многу работи да решиш. Олабави малку, олади, почни да реагираш контра, и ти молчи оддалечи се да видиш како тој ќе реагира. Со сила, дерење и нервози ништо нема да решиш.
Прочитав "Колку спортот ви помага околу домот" и веднаш си поврзувам дека темата е отворена нешто за тоа како обврските ви помагаат да сте фит, бидејќи цело време сте во движење Логично Џомбе
Па не смеам да се пожалам,иако знае да ме извади од кожа некогаш.Но за помагање ептен посебно за грижата на нашето дете.Понекогаша е доволно да го земе и прошета за јас да ги завршам обврските што ги имам.За мене тоа е поголема помош,
Pomaga koga ke mu se kaze.retko samoinicijativno. Moram da priznaam koga on ke fati da cisti temelno e iscisteno , podobro od mene
Sosema ista situacija. Negova obvrska e WC.i znae deka vo Nedela treba da go cisti. 100 pati poubavo go cisti od mene. Jas znam na brzinska da pominam,on glanca so saati. Inaku drugi raboti isto ako jas mu kazam napravi ova-napravi ona,ako ne sam ne mu teknuva. Obicno ja zema malata ce setnat do kladilnica ili na kafe so drugari,jas togas rucek pravam,ili prijatelki mi se dojdeni na gosti ili pak prasina brisam... Vo glavno zadovolna sum.
Mene mnogu mi pomaga po doma imam problemi so kicma i koga epten me boli znae da usisa da pusti masina za perenje,rani dete uspiva dete znae i rucek da napravi ama ja ne go ostavam epten retko ne sakam nikoj da mi se mesa vo kujna moja si e