Nekogas znae palacinki da napravi , ili nesto drugo polesno taka ili da mi pomogne so brishenje na laminatot , ama toa ednas godisno go pravi , obicno jas sreduvam toj go cuva maliot
во брак сме од неодамна ама заедно живееме скоро 3 год, за ова време смукалка немам фатено а и џогерот поретко. Околу бебето исто е ангажиран како и јас со исклучок на 8 саата на работа кога е. Значи се работи, ама не ми помага тоа се и негови обврски. А кога ке ми рече (еве ти помагам) јас одма контра дека јас нему му помагам, и мислам дека така е правилно и дека не треба само едниот да работи по дома (освен ако ништо др. не работи, тогаш е ок слободниот да е поангажиран околу домашните работи)
Неможам да се пожалам, мм во се ми помага што е потребно да се сработи. И околу бебето и за домашни обврски. Супер маже имам јас
Epa eve jas da se pozalam, ako ne recam te molam ova i ova napravi, nisto nema da bide pipnato. Rabotam recisi duplo poveke od nego veke 7 meseci, a i odrzuvanjeto na domot e na moj grb. Koga ke recam sadovi da se izmijat i sl, toa se pravi 5 min pred jas da stignam doma. Koga ke posaka rucek da napravi, podobro da ne go pravi... rucekot na masa, se postaveno super izgleda, ama ne se vrti nakaj kujnata posto ke se onesvestis... od isprskan sporet, sadovi milion, zagoreni tavi, se sto nasol zamackal itn. Ok makar ima rucek ke recam, ama pak posle imam saat vreme rabota se da dovedam u red... za obleka niz doma, isyo podobro da ne ja pipka, posto nitu saka da nauci da zdipli nitu pak se trudi, se se toa tutkanici samo spikani vo plakar, pa koga vadis edno, se dr na tebe paga. Dva pati vo zivotov masina za alista ima pusteno i posle preperuvav. Ne e deka naogam maani, ama dolna obleka na brzo perenje so ladna voda ne ide a milion pati pred toa sum mu objasnila... na kraj si vikam, podobro nisto da ne pipka, samo se nerviram. Od vreme na vreme prasina brise (televizorot i igralnite konzoli) i ako mu tekne djoger da fati, ama samo po sebe da mu dojde da se seti, skraja bilo... nekogas se osekam kako da e vo hotel, pa se ceka nekoj da mu prinese, donese i sredi. a da ne zaboravam... za pazarenje da doma makar da se snajdese... koga nema doma leb, odi i kupuva samo leb, nikako da se seti da proseta niz market i da mu tekne sto dr fali doma. Ne ne i ne. Sum probala i spisok da pravam i mu go davam da odi da kupi dodeka sum na rab. Epa ako ima 10 rab na spisokot, 20 pati ke mi se javi dodeka kupuva. Cekaj si pisala sok, kakov da zemam? Pa kakov pieme? Koka kola. Pa kupi. Aha ok, a cekaj si pisala ovosni jogurti, uste koi da mi kazes. Cekaj ti zivees vo nasata kukja, go otvaras nasiot frizider, jades doma? I taka samo ke se napnam i ke se ispokarame i polesno mi e da odam jas koga mozam i koga nemozam i da si gi zavrsam site raboti, otkolku da se nerviram sekoj pat. i da ne zaboravam, gjubre frlanje e negova obvrska! E za toa zbor nemam, se ceka 5 kesi gjubre da se soberat pa da se frli, ako frli samo edna ceka doma pofalba... a koga e doma haos, pogodete na kogo najmnogu mu smeta? Blazesi im na site sto si imaat pomos, alal da vi e!
И кај мене е таков @Mari-Ja. Ако не му речеш... И покрај кажаното треба да му нацрташ и обоиш оти сѐ нешто ќе утне. После него, едно што не можам да се снајдам, па и дупла работа ми отвора. Е, предност е што мојов па никогаш не наоѓа мана ни дали има ручек, ни дали е раскренато... Сѐ му е рамно Ама па само тој ми е од помош (каква-таква) и не се жалам
Јас на мојов еднаш му дадов ѓубре да фрли, требаше да излегува и ми вика, нема гајле ќе го фрлам. Аха, да. Го ставил во гепек и го заборавил 3 дена Ептен нешто му тропало во возење па отворил позади да провери, среќа што беа амбалажи, немаше ништо расипливо инаку цела кола ќе ни се усмрдеше.
Јас памтам една случка со поголемата ќерка и маж ми. Требаше да дојде по мене да ме земе од раб и да идеме на гости.Плакала и големата и таа да иде и ок му викам по тел ако можеш подотерај ја малце и исчешлај ја,и нека иде и она. Човече од толку облека кај трефнал во пиџами да ја облече Му се виделе ко убави тренерки Сакал да помогне де ама утнал
Многу ретко....и сето тоа изнудено со триста молби... Али неминовна обврска му се пазарот, ѓубре, визба...толку толку
@Mari-Ja верувај поголем дел од мажите се слично како твојот Еве и мм е нешто слично.Од тоа што постојано требаше да му објаснувам што какво да купи или кај да ја најде лажицата пример ,малу по малу веќе не барам ништо што можам сама да го направам.Само како пример стално кажувам ќе одевме на роденден и отиде да купи чоколада,иде ,ја земам да ја ставам во кесата со поклонот кога вака што чудна некоја нова Милка чоколада си помилсив.Гледам,читам таа за дијабетичариАма битно најскапа била во рафтот.
Не смеам да се жалам од мојот. Како за маж во куќа, мислам дека доста ми помага. За чистење и средување по дома, секогаш си ги делиме обврските. Само ме нервира кога забушава, кога ќе го фати малку мрза. Ама најчесто, детално средува, зашто е манијак како мене. Знае да пушти и машина за перење. Единствени обврски кои целосно на мене паѓаат се пеглањето и готвењето. Иако, кога готвам, ми помага - знае да измие зеленчук, да исецка/изренда нешто ако му побарам и слично. Од друга страна пак, има обврски низ дома кои исклучиво тој ги извршува. Се грижи за вишокот обувки на сталажата (ги чисти ѓоновите и одоздола, ги средува, ги прска со спреј за водоотпорност...), штрафење, ковање, грижа за рачните часовници (ги чисти повремено), чистење на терасите и слично... Често пати и сам пазари (некако, поретко пазариме заедно во последно време, зашто јас сум комплицирана, па треба да се „дотерам“ за да излезам) и никогаш ништо неквалитетно не ми донел. Дури ми носи и поубави намирници од оние кои јас би ги избрала. Во првиве години од нашиот заеднички живот сум презадоволна од него. За понатаму - ќе видиме.
Кога почнавте со "бисерите" еве да се изјаснам и јас. Јас на работа, тој алишта ќе пуштал за перење и ги послал задоволен насмеан од уво до уво, среќен дека и тој сработил ете.. по нешто. Кога да видам, еден чорап замастен, еден наопаку, друг го нема никаде, трет послан преку средина, штипки ни за лек немаше, алиштата испопаѓале на плочки, истуткани, без центрифуга, се цедат надолу, поток од вода. Важно сработил. Кога видов знаете што направив?! Се насмеав и му реков во ред, убаво. Го ценев и тоа што го направил да помогне иако немал појма од алишта, перење и простирање. Накрај и јас бев задоволна што барем се потрудил да помогне и да ме усреќи ете на некој начин. Со тек на време и тоа се среди, абе не му се лутам си го сакам.
Да ви кажам тешко ми е кога слушам мажи дома колку помагаат си викам што среќа ќе имав. Другарка моја исто мажена веќе 4 години, дома значи почне ли да работи, сопругот станува одма да помогне, криво му е да се мачи само она. Се враќа од работа, на маса ручек ја чека, два пати неделно обавезно! Викенд кога се дома двајцата он и прави палачинки, ја носи на ручек, ја разгалува на секој можен начин, го цени трудот нејзин вложен дома. Значи не барам домаќинка дома да имам, ама ја штрафам, ја бушам, ја перам, ја готвам итн. Епа не ме зафркавај... поставив ултиматум или ќе се разврти или и јас дигам раце. И ја сакам како у хотел да живеам и да не се замарам со ништо дома. Време за да бидам класична домаќинка немам, сакам се да ми е средено дома, да готвам секој ден, да правам генералки еднас неделно, да перам со мерак на ефтина струја ама немам кога. Работам секој ден по 8-9 саати, само 3 дена слободни имам месечно, запишав уште еден факултет обврски имам и околу тоа, така да не постигнувам сама. Ама кога некој би го увидел тоа...
@Mari-Ja со поставување ултиматуми спрема мажти од типот или или верувај нема ништо да постигнеш.Ќе пробаш полека со убаво и по малку политички да му наметнуваш некои обврски и нему.Со тек на време ќе свати дека и тој мора по нешто да ти помага.Но никако со сила со кавги,верувај ништо не решаваш.Понекогаш со премолчување се средуваат повеќе работи отколку со галама. Мислам дека живеете сами,тоа е дополнителна олеснителна околност полека со трпение и упорност да го менуваш сопругот и да се прилагодувате на брачниот живот.Бракот и среќата во него се гради полека со взаемно вложување ,трпение ...
Знам дека ти изгледа долго ама мажите се такви потешко се навикнуваат на обврски,на промени а и до карактерот е Некои работи ќе ги смениш кај него а на некои ќе се прилагодиш.Биди смирена полека те читам и во темата за поддршка така да знам дека и тоа ти ствара доплнителен притисок .Се ќе се среди,само сакам да ти дадам подршка помалку да се нервираш и да се обидеш да ги решаваш проблемите со помалку нервоза Те
Кога-како како е расположен, али пак и јас некои работи ги правам од расположение па воглавно ми помага, не се жалам. Некогаш знае и да одмогне и да ми пукне филм, све он не можел, тешко му било, уморен бил, бла бла бла но има осет, тоа е најбитно
Според ова што читам тука сфатив дека жена ми има третман како англиска кралица бре.... И уште се жали од мене... Мора да ја зачленам тука и право во оваа тема...