пиша еднаш Рефи, прво дете и втора жена највеќе се сакаат Да не бидам офф, јас сум прва жена ама не се жалам. Мм помага низ дома, пазари, готви, чисти. Моите и неговите стандарди не се баш исти ама се труди човекот. До сеа не сум го видела да пегла, ама па и не наоѓа маани
Несме нешто многу долго во брак ама за овие 4 месеци сум задоволна.Он кога е втора смена или слободен го крева креветот тресе постелнина,кога чистам за викенд ми помага исто,пазариме заедно и сам по сам,морам да кажам дека он поубаво и поквалитетни намирници купува од мене јас гледам поевтино да пројдам повеќе работи да купам.Мисалм дека кога би живееле сами повише помош ќе имам од него.
imase ednas eden tekst deka mazot koga raboti niz doma toa ne e pomos tuku i negova obvrska...toj dom e i negov,tie alista,sadovi,krevet,tepisi,podovi se i negovi,decata se i negovi taka da i grizata za niv e negova...samo nie na balkanov i muslimanskite zemji sme so zatucano sfakanje deka mazot treba "da pomaga" doma ili deka mazot ne treba da raboti...vo site ostanati zemji,mazot gi dela obvrskite so zenata...inaku kaj nas mm raboti niz doma isto kolku i jas,a ako ne sraboti,iscisti i sto ti ja znam togas go sreduvam toa jas a sledniot pat jas sum so nozete vo vis a on raboti...
Околу домот, ретко кога знае да помогне. Од друга страна премногу работи па глупаво би било да побарам од него да ја пушти машината или да направи ручек. Во секој случај јас сум цел ден тука. Негова обврска е се што е во дворот. Тој чисти надвор... цепење дрва е негова обврска... ми носи дрва пред врата... го носи ѓубрето до таму каде поминуваат ѓубраџиите... Тоа неговото непомагање единствено ми пречело додека одев на работа. Е тогаш навистина не можев да постигнам се. Ми пречи барањето на маани и префрлањето од типот „Кога мислиш да ги здиплиш алиштата?„ Е тоа ме вади од контакт.
Јас веке пишав дека не помага нешто многу , и таман го пишав тоа , ете ти промена фатил пред некој ден пуштил машина за алишта , а и униформата од работа сам си ја шиеше ( бидејки во недела е се затворено , па нема шивач никаде ) , секако мене не ме бива за шиење , тој тоа стопати подобро го прави од мене цел спрат го светнал и фрлил губре . Ми оставил алишта да прострам и да ги предиплам оние у шкаф . Додека тој се занимавал со средување , мене и синот не испрати на кафе кај комшивката , за да не му сметаме е незнам до кога ке го држи ова , се надевам дека и откако ке се породам ке ми помага вака а можеби ова е само привремено , од страв бидејки сум бајаги големка у мешко
Секогаш кога ми треба помош тој е тука, од таа страна сум задоволна. Често знае и да ми каже ти денес седи јас готвам.
Алал да ви е кај ги наоѓате се мажи домаќини, нема секој таква среќа. Од постовите во оваа тема добивам впечаток дека Македонците и тоа како ги бива за по дома
Незнам зашто Македонците треба да ги издвоиш како народ кои дома не помагаат на сопругите? Никогаш неможам да се мерам со улогата на сопругата во домот, но секогаш се наоѓам за помош или доколку не е таа дома јас да ја завршам работата што таа ја наумила. Во брак сме 12 години имаме две деца и одлично функционираме. Воопшто не претставува некоја наука, полнењето на машината за садови и за алишта, чувањето и уживањето со децата пишување домашни со нив, чистење со правосмукалка...итн. Од мојот Татко научив дека доколку сакаш женати да те сака и да има време за тебе помогни и, и така ќе го скратите времето за завршување на обврските, а ќе го зголемите времето за љубов!
А од кога целиот дом е обврска само на жената, нели треба обврските да се поделени? Секој си ја врши својата обврска во домот, не знам што не е јасно тука? Значи жената и дома, деца, работа како некој октопод со сто раце, а мажот,ако сака само да помогне, ако не далинското у раце и да се раскостува пред тв. Малку ме фрустрира насловов на темава, како во турско време да е пишуван! Да не бидам офтопик: јас и мм заеднички учествуваме во одржувањето на домот и семејството , никој на никого не помага .