Зошто грдава тема не се избрише, какво помагање, секој се еднаков челн во домот не е мажот гостин па ви дошол да ви помогне, тој е член кој си ја врши својата должност во домот.
Темава си е на место, да си се олесниме од мислите што ги имаме за сопружникот,дали било лошо ичи добро мислење. Bdw Некои мажи се како на гости дојдени, а ние тука сме за да споделиме колку тој си ја врши својата должност во домот.
Помага и врсши своја должност се 2 различни поими. Ова многу лошо влијае како да имаме жените робоска психологија па дали ке дојде некој да ни помогне во нешто ама битно тоа е наша обврска, јас не сметам тоа за помагање секој си има своја должност, испаѓа ојделе сте кај мажите за да им ги одржувате нивните домови, и на крај ако се разведете па тој ке се пруже у таа куќа вие снајоѓајте се, не си ја потценувајте вредноста не сте роб па дошол од сожалување некој да ви помогне.
Точно, два различни поима се секако, само да го објаснам се изразив, и да ти објаснам зошто е групата, ако не ти одговара не коментирај во неа, има секакви сопружници од било кој аспект, овде сме да си се олесниме..Поздрав
Чисти ,средува ,ужива со бебето. Не готви и не пере. Знае да си раскерене и постави маса бидејќи покасно јаде. Не се жалам
Многу топ сарказам Името на темава е лошо а не мојот или на било која тука коментар. Можеби би требало да биде "Колку сопругот учествува во должностите околу домот ? "
Од самиот почеток обрвските ни се поделени. Маж ми работи од дома, и ептен му е лабава работата па се ми помага. Верувајте, такви јадења знае да направи што му барам да ми ја каже "тајната" мене така не ми испаѓаат Јас правам манџи он прави брзи јадења ( пици палачинки лазањи месо..) . Така сме договорени Јас идам со правосмукалка он со џогер позади. Живееме сами во мн голема куќа која нема шанси сама да ја одржавам па секако потребна ми е помош. Иако повеќето соби не ги користиме си седат средени и затворени. Околу малиот скроз буквално се заедно правиме. Ама ете, среќа е флексибилен со работата иначе тешко дека вака ќе беше
Кога сме двајцата на работа, двајцата ги делиме сите обврски. Ако се случи јас да не одам на работа, тој да оди, јас ќе ги превземам и неговите обврски дома. Ако се случи тој да не оди на работа, јас да одам, тој би ги превзел и моите обврски дома. Тоа е договорот и за нас вака е најфер. Никогаш не сум се осеќала уморна.
Баш пишав во друга група незнаев дека постои оваа. Морам да се пожалам негде. Не ми помага воопшто! Имаме бебе скоро 3 месеци. Веќе нзн кај ми е главата.. Готвам, чустам, перам..обврските околу детето се сите мои. Тој само оди на работа кога ќе дојде го зима едно 15 мин и тоа е тоа..Мобилниот во рака,фудбалот ..Си легнува рано. А за викенд кога би требало јас да се одмарам бар да поспијам 1 саат повеќе на сабајле тој спие и се излежава еднаш нема зготвено или помогнсто во нешто..пробав со добро небива, со лошо уште полошо е.. нзн до кај ќе терам вака...немам веќе памет, дали јас очекувам многу, дали така треба да биде..инаку живееме странство сами сме немаме помош.. :/
@monalizicka епа баш дека живеете странство треба да ти помага (додуша и не само во твојата ситуација). На жените воопшто паѓа цел товар, а мажите само очекуваат фит жена цел живот, сè под конец средено, а они не знаат да се снајдат со обичните работи. Алал да им е на мажите што готват и по дома делат обврски.
Со оглед на тоа дека живееме со неговите се уште, ми помага во скоро се што ќе се договориме, прави јадење, простира алишта, крева маса, чисти со правосмукалка, иако јас седам дома, тој оди на работа, скоро секогаш ми вика да оставам, дека ќе завршиме работа заедно, сега за сега е така, за понатаму, уште повеќе ќе помага, кога ќе сме сами. Единствено што ретко можам да го натерам, и ме вади од кожа, е што не мие садови, се ќе правел тоа да не пеавел, така вика.
Епа утре фино лепо стани си од спиење и земи доручкувај си паштета,за ручек спржи си јајца,ручек не прави.Машини не пуштај,нека оди валкан.Лежи си и цел ден со детето занимавај се.Па после нека си гледа пак фудбал.
Мојот не помага во ништо. Работи доста сати и ко ќе дојде мртов уморен во дневна ќе легне и ќе гледа тв. Јас кувам, перам, пеглам, ги сложувам алиштата. Искрено ниту сакам да ми се меша поќе ме нервира, абе ко ќе проба да сложи дуксерка или маица како топка ја сложува и после поново морам јас,ја си имам свој ред. Викендички вака навечер понекогаш во кујна ќе зготвиме заедно, за тоа има мерак некој сендвич, месо да испржи или ко ќе е убо времево скара прави. Заедно одиме по продавници, интересно ни е да купуваме заедно и си даваме мислења. Ама да ми се меша во домашни работи сама не сакам, не ги прави како што треба.
Мојов се прави освен готвење,тоа не се јаде он што ќе го зготви Мие садови,усисава,брише прашина,пере,пегла. Ние вака правиме, ај да исчистиме ќе речеме и секој се фаќа за нешто,кој за правосмукалка,кој вц,кој кујна,кој стакла. Нема машка ,женска работа. Работи по 12 саати ама тоа не е причина да не работи и дома, и јас работев 12ки. Јас ќе зготвам, он ќе ги измие садовите. Си делиме се, и обврските.
Mojot pravi se.. Sega e doma imase povreda na nogata, sekoj den rucek pravi, deteto zemeno od skolo, maloto od gradinka, najdeni sredeni,domasna napisana. E sega alista mrazi da sreduva, tuka nema zbor. Znae da iscisti se, terasata on ja sreduva zasto i ima bajagi za sreduvanje.. Majstor ne ni vlegol doma, se sam si pravi, so merak. Nemam poplaka... Koga go fatila mrzata i saka da spie go ostavam kompletno zasluzeno da se naspie.. mi pomaga vo se, 12 godini vo brak... Ama .. ne e mamino galenice od 15 god zivee odelen od doma i si se naucil da si odi sam po sebe...