Иако работи на две работни места кога ќе си дојде од работа тера и по дома. Се прави, не му е проблем ништо освен готвењето, не го бива ич, па тоа ми е оставено мене.
Се помага... односно заедно завршуваме домашни обврски...мада исто како и погоре, за готвење само не се меша, ама ми праи супа, пица,шпагети ...
Нека потпорасне детето и оди на работа дома никако не седи ке се запустеш. Коментарите се доказ дека македонската жена е задоволна ако мажот и направи шпагети а таа усиса, испегла, со детето 1000 обврски, јадење, пиење.... Тажно немојте да ги учите вашите ќерки да бидат како вас..
Точно сами си прават некои жени... Мене ми рече некоја, не ќе МИ мие садови... Чекај бре малку, само твои ли мие или и негови и на децата... Пелена немаат сменето... Не пелена, на мочање не го носи детето...ја вика жена му. Абе недај боже, не дај боже остане сам со деца, како бе ќе се снајде, еве нека не се деца, тој нема да знае сам за себе да се грижи. Уште викам ја да не ми помага ќе го оставам, како не ми вика ќе го оставиш. Абре викам, за тоа се збори пред брак, ако не му одговара ќе се разделиме со време, ако не сака да помага, нема зошто да трпам јас, а ни тој. А ако си помирена со тоа дека нема потреба он да мие садови, да усиса, не се жали... Не дека некој е совршен, сите имаме маани, ама некои работи си ги правиме сами. Еве нас ни е целта да имаме повеќе слободно време и квалитетно време поминато со детето. И не ја разбирам таа љубов, кога едниот не прави буквално ништо... Јас разбирам дека е тешко, сите се уморни од работа, но со добар договор се се постигнува. Нека легне саат ако треба нека од одмори, не е проблем, каде 8 таму и 9 саати најмал проблем, ама после или нека анимира дете, или нека се фати за работа...
Треба, ама да не е за да му биде слугинка и воедно задоволувач на сексуалниот нагон, туку партнерка, во вистинска смисла на зборот.
Ретки се тие што бараат тоа за жал... По ова што гледам околу мене, разочарана сум од сфаќањата на жените, колку им е нормално да се слугинки и задоволувачи.... Но пак ќе кажам, тоа си го градиме сами.
Викенд тој прави доручек и ја чува малава да пијам раат кафе, за ручек секогаш јас, он на малава и готви само и тоа ако нема месо.. гадлив е на живо месо.. домашните обврски од кога ќе си дојде од работа се поделени, обично он се бафта со алиштата, јас со миење садови..кревет после станување он мести, луѓе до перфекција
Некогаш се нервирам кога ќе видам како безврска средил нешто ама после ми текнува и си викам, алиштата и вака, и така ќе се исушат, што е битно како се пружени. И така го оставам да си чисти по негово, и не му зборам ништо, како е така е, битно сме завршиле, и не е прљаво дома.
Е ова. Мислат дека слугувањето е љубов. Баш пред некоја недела се најдов во ваков муабет, бевме јас и дм, уште еден пар и плус еден другар што исто живее со девојката со години. Нив им е нормално секој ден жената да им готви и слугува, покрај фактот дека сите имаат полно работно време. Не можам да се замислам така. Абе кал да послужиш, двајцата кал ќе јадеме, нели? Се' се учи. Стварно мислам дека е срамота возрасен човек да не знае ручек да направи, и да несака да научи со изговор не ме бива, та машко, та женско, ама тоа е друга дискусија. Ама коментарот што ме извади од такт беше: немам за што да се пожалам, многу се грижи за мене. Извини, што? Демек кај нас дома каде што се е еднакво поделено, јас не се грижам? И изреагирав, за да добијам коментар, ама добро, вие и двајцата сакате да готвите. Одговорот на дм беше, па не сакам да готвам, сакам да јадам. Убав тој, точно си знае. А девојка му изреагира: А мислиш јас сакам да готвам? Жал ми падна. Ама границите на крајот на денот, сами ги поставуваме.
Била некоја емисија, уште за време на Југославија и гостин некој факултетски професор. Па го прашал водителот дали и помага на жената во извршување на домашните работи и овој одговорил: "Не ѝ помагам, ние заедно ги извршуваме домашните работи." И тоа е тоа. Тоа е и твој дом, ебаго... Нема сам да се исчисти, нема само да се зготви. А такви неодделени од мамина цицка бараат само слугинка да ја замени мама, оти и мама тоа правела цел живот - само им слугувала.
Делеме си ги обврските низ дома. Претежно он мие садови, менува постелнина, пружа алишта да се сушат и ги собира и дипли, јас почнам со усисувањето, он продолже оти јас се изморам и не можам одеднаш да усисам, голем ни е спратот. Јас ја вклучувам пералната, он не знае. Претежно јас готвам, а он ако има потреба помогне ми, за скарата е он задолжен. За детето и двајцата нормално. Не дека е толку розево, ама барем балансираме секогаш.
Како сме се поставиле на почетокот така ќе тераме цело време Кога почнавме да живееме заедно со мм само тој одеше на работа и за мене беше нормално јас да ги вршам сите работи дома, а тој да остава се по него. Кога почнав да работам и виде дека не може да биде се зготвено и чисто како порано ич не му беше убаво, дури во една расправија ми го спомна и тоа како цела недела ручек немало дома . Не се откажав од моето и продолжив по мое, сега знае дека и тој треба да раскрене маса, да пушти машина и да зачисти. Не му е баш убаво дека цел живот навикнат да му биде донесено се пред носот, свеки цел живот домаќинка па буквално им слугува дома на сите, ама се навикнува постепено со тешко срце. Дел од вината ја префрлам и на мајка му, се чуди сега како тој варел кафе, како готвел или раскренал нешто по дома. Јас сум била многу строга со куќниот ред, тој се плашел од мене и ме слушал, сето тоа иронично кажано демек на зафрканција.
Абе какви коментари добивам,да се чудиш.. Као демек леле сирот, спиеше ли,како стана за на работа, викам како бре да спие коа дете му плаче до губење на свест.. ти ќе спиеш?? Еее да и тоа шо викаш.. Као не битно дете шо плаче, испаѓа, пошо он уморен треба да стане.. Он си знае како му е, како и јас како не боли душава(ова друг проблем е ама ај).. Или еден шо ми кажа на одмор, еј па он ја чува ти му помагаш. Да бе викам, па и он ми помага дома.. Ама секакви има...
Тоа не е страшно. И јас и мојот имаме работи што "не правам макар цркнам". За мене е тоа: собирање лушпи или било што од умивалник, чистење на тоа металното што собира ѓубре, собирање влакна во вц... За него е не: бришење прашина - ќе усиса и изџогира, ама прашина да избрише богдачува, што не ми смета, јас преферирам тоа место џогер пример исто не чисти песок на мачките, што ми е ок, ама му реков дека на евентуално бебе ќе чисти какушки, ич не ме занима. Не сака да пушта машина оти му било тешко да ги запамти програмите, ама јас сум секогаш спремна со наука да помогнам, па пушта. Во секој случај, ок е да се поделени некои работи, лошо е кога еден се' прави. Едит: за готвење јас готвам почесто пошто повеќе време имам, не е дека не знае да зготви ништо.
Мојов чисти повеќе и од мене Ептен е педантен,иако и тоа некогаш пречи . Усисува (некогаш и секој ден,па и двапати, ) прашина брише,чисти вц,собира алишта, ги постела на сушара,пегла,бања дете,шие. Не знае да готви (ама знае да испржи нешто) и не пушта машина ( не се снаоѓал со програмите), иако да мора ќе се снајде,нели. Јас мразам бришење прашина секојдневно и мразам да пеглам и шијам . Ама ако морам или он не може,со тешко срце го правам тоа. Секој има работи кои не му се по мерак и не ужива да ги прави,ама ако немаш избор,ќе се снајдеш,тоа е. Битно не го носи еден сам товарот од домашните обврски,додека друг штрака мобилен. Има денови кога ништо не ми се работи,или на него само му се лега,па се надополнуваме. И он не се срами кога ќе му се јави некој колега или пред роднина да каже дека усисува,зошто знае дека работата не се дели на машка и женска и нема ништо срамно. Има мажи коо воопшто не работат ништо по дома,освен понекоја "машка" работа. А има и мажи кои усисуваат дома,за мир во куќа,ама никако некој да не слушне за тоа,зошто е срамота. Него,ај зборевме за поделбата на "женските" обврски помеѓу сопружниците,ама што мислите за поделбата на "машките" обврски ? Некако како жените да сакаат да се поделат за усисување,алишта,прашина,пеглање,готвењесо сопругот,ама кога ќе дојде време за кречење,менување сијалица,носење и редење дрва, косење трева,фарбање ограда,перење теписи,чистење автомобил,се оградуваат и тоа било тешка или незнаат тоа да работат. Не зборам за некои тешки работи ( што жена не може да ги работи,ама има и полесни работи).
Редовно ја си ја косам тревата,менувам сијалица,фарбам и поминувам со лак.Колата не му ја чепкам Сум кревала со него регали,кревети,со комшиите баш не се знаеме,друштвото е подалеку од нас,а и сме такви што не сакаме да мољакаме.Е и пелетите не ги кревам,освен по една вреќа кога морам.Теписи носиме на перење.
Бришење прашина, смукање, миење садови, перење алишта, готвење се секојдневни работи. Менување сијалица е еднаш на 5 месеци или поретко. Фарбање ограда уште поретко. За кречење, најчесто доаѓаат мајстори. Теписите сигурно маж ти не ги пере, ги носите во перална и тоа еднаш месечно, некои може и поретко. Колку ги жалите мажите непотребно, толку го користат тоа против вас
А па шо е тешко да се кречи, трудна кречев... Теписони тргаме заедни, кола имам туркано.. сијалица мењам, кола сум перела, ограда неам да фарбам, ама не гледам чудо во тоа тешко кревам онолку колку што сум способна да кревам... Не знам шо друго има за споредба.. Кола се поправа на мајстор... Ниту пак гледам некоја тежина во овие работи навистина. Ако некој сака, може... Зедница е тоа, нели у добро и зло... Треба се да се дели, не само креветот.