Како бе ништо да не би помагаат? Каков е тој брак, таа љубов кога сите обрвски и се е на едниот а другиот да ужива на готово? Како можете така не знам.. Да видите каков ручек прави маж ми ќе се зачудите. И тоа со ќејф, од мал е таков, и татко му бил по спремање и сеуште чува негови тетратки со рецепти.. И никогаш не сум му кажала, туку сам се си прави. Порано знаше хаос да остави сега трошка нема. Па боже мој, не е гостин он тука. И заедно работиме,спремаме чистиме деца растеме. Умре тоа време кога мажите со пиво(сега по модерно телефон) во рака лежеа и наредуваа. Заурлајте по дома ајде, би му дала јас на него лежење дур се е на мене
Обврските ни се поделени во зависност од смените на работа, некогаш јас повеќе средувам по дома, некогаш тој. Исто така и обврските околу детето се заеднички во целост. Единствена работа која не ја работи е готвење, но затоа пак знае да нарача јадење од кафана - и да се фали дека тој готвел тој ден
Како така ништо да не работи. И мојов на почетокот кога се зедовме ништо не работеше како готвење,перење, пеглање и т.н но јас не му ги пеглав алиштата и застанав по строго и сега тој работи повеќе од мене дома. Единствено само што не го оставам но и него му е страв да им менува пелени на децава.
Не го разбирам моментов на многу татковци што не менуваат пелена на децата, по просто не може да биде, не е квантна физика побогу. Има да менува и да брише и мие, ако сум излезена со полни пелени ли ќе седат децата?
Како бе не ги оставате па не е комшија, колку шо си ти родител толку е и он детето не е само твое. А тоа страв му е ме вади од такт, не му беше страв да го прави? Мозокот не ми прифака вакви работи.
Не го фали толку ќе ти го земе некоја . Знаеме дека е пажљив, ти спрема романтики, изненадувања, работи низ дома, маж од соништата. Стварно, не се зезам, има ли некаква маана мт, да се утешиме?
Ќерка ми од 4 год ја замолувам. Немам намера маж од 30+ год да го замолувам. Треба сам да има текнувало да фати нешто по дома. Тебе некој те замолува или сама си знаеш? Јас лично не би можела да сум во брак со себичен човек што само својот раат го гледа, а другиот нека цркне. Тоа не е љубов според мене.
Има,нешто што многу ми смета. И за тоа имам пишувано не само убави работи Многу е мирен, не знае да каже НЕ! На никој.. Не сакам да го користат ниту другари ниту фамилијата негова.. Денес немаш на кој да бидеш добар но гледам веќе и тој почнал да сфаќа. Иначе,зошто да не го фалам кога е се вистина. Убаво ми е да споделувам наши моменти на среќа кога навистина се чувствувам сакана. А по вакви коментари сфаќам дека навистина сум била среќлијка Тешко да може некоја да ми го земе, (баш може да пробаме)да не почнам уште за тоа да зборам ќе речеш дека си фантазирам
Многу убав пар сте.Ве видов уште на страната на санте на фб кога се породи.Многу е внимателен исто , браво.Имате син се надевам дека ќе научи од татко му каков да биде па жена му ќе биде среќлика голема.
Нам свекрва ми ни готви, а кога не готви таа, маж ми ја зема работата во негови раце. Готви превкусно, пред некое време правеше пржени пиперки и домати, повкусни немам пробано ни од мајка ни баба ни свекрва.
Таман работа дека не ти верувам, знам дека кажуваше изненадување за годишнина, за роденден дека ти спрема ( и слики имаше ставено) и баш имам впечаток дека е маж каков секоја би го посакала. Затоа и се нашалив дека можеби некоја ќе ти позавиди па ќе проба да ти го земе . Мојот е вреден, се работи, ама ич не е по романтики и спремање изненадувања, ама ич
Маж ми сам се пегла (,јас незнам да пеглам) ,кога има за перење пушта машина и простира сам. Ако има нешто работа ќе ме замоли мене да му пуштам. Тој чисти, тој фрла ѓубре,тој средува. Јас готвам. Некогаш ретко мерак му е да ни зготви нешто ама најчесто јас го правам тоа затоа што општо ме опушта готвењето . Ако на бебето не му е денот и неможам да шетам со поголемото дете и маж ми ,го носи тој ,игра со него и секако тој го заспива навечер. да заклучам имам мн педантен сопруг јас скоро ништо не фаќам по дома Едит: не е нешто мн романтичен ама кога излегува од дома или се враќа од пат, секогаш ми купува нешто симпатично