Во една од темите зборувавме за тоа колкав терет во врска со грижата на децата паѓа на нас мајките, па мислам дека е добро да има посебна тема за ова прашање. Колку и на кој начин во нашите семејства се ангажирани татковците околку грижата/воспитувањето на децата и дали активно помагаат во семејните обврски? Дали воопшто е возможно да има рамноправна поделба на обврските или секогаш едниот партнер е поангажиран околу домот и децата... Модератор: Споена дупла тема
Мојот сопруг ми помага баш во обврските дома, пушта правосмукалка, џогира, ги тресе килимите, теписите, брише прашина, знае да направи и ручек нешто набрзина ако јас не сум стигнала да направам. Ги игра децата баш доста, за да се избањам пример јас или нешто да средам. Го носи син ми на карате и го зема, на англиски, на школо кога врне и јас не можам оти го имам и малото....Да кажам дека само маж ми работи од 7-17 часот. Јас дадов отказ после породилното оти нема кој да ни ги чува децата. Немам замерка, познавајќи мнооогу мажи кои не помагаат воопшто, јас сум задоволна од мојот со тоа помагање.
Се додека мислиме дека мажите ни помагаат имаме проблем. Не ми помага не ми е комшија. Живеевме заедно уште пред брак и дете така да во домот сме скрос исти кој шо стигне прави нема оваа обврска е моја оваа твоја. Кога се роди малата беше првиот месец дома така да се правевме заедно од кога се врати на работа нормално дека грижата на детето беше само моја додека он е на работа но кога ке си дојде дома апсолутно сме еднакви. Јас не би можела да бидам со партнер шо ке ми биде второ дете или со размислувања дека жената е за во кујна и мора да има ручек на маса Имало денови кога товарот паѓал на мој грб имало денови кај шо товарот паѓа на негов и тоа е нормално се додека свесно и еднакво сме вклучени во домот и одгледувањето на нашето дете. Не е совршен не сум ни јас.
Убаво пишала @haruki , не треба да помагаат и негова обврска е да се грижи за домот и децата нормално колку може има денови кога дава се од себе има денови кога неможе глава да крене од работа исто и јас,тоа е бракот взаемно и со поддршка двајцата сме родители добро знам и да подвикнам да го потурнам што се вели но тоа е повеќе околу домашните обврски бидејки кај нас децава се лепенки за мене,колку и да ги тинтра тато пак е цело време МАМА опсесија нивна
Маж ми нема проблем да сработи нешто низ дома. Раскреваме сите и деца и возрасни, кој колку може, кога може. Научивме низ годините што умееме добро да направиме секој од нас, па некако си ги препуштивме тие задачи еден на друг. Еве на пример за готвење, него го бива со тесто, јас сум тапа, ама јадењата за ручек не му се јака страна и ми ги остава на мене.
Не можам да се пожалам од мм, многу ми помага. Поделени сме со обврските. Колку е и мој дом, толку е и негов.
Не ме сфаќајте погрешно, ама тој момент на спиење одделно ради бебе, пошо он требал да е наспан за на работа еве не го разбирам. Мм ужасно хрчи, значи ужасно. Ми смета премногуу. Ме буди од сон и сањам кошмари. И сеа? А сори.. ај ја ќе одам у дневна. И ај дур е жената на породилно, као дома е па не треба да е наспана? А после коа ќе тргне на работа ќе ја остаи он неа у дневна да се наспие? Еве хронично ненаспана сум долго време(нит е он крив нит дете) па функционирам. Сум работела од дома две работи со дете дома и плус да зготвиш и средиш куќа, сакам да кажам ако се сака се се може. Он исто, оди на работа и навечер од дома работи приватно. И нормално е да каже дека е уморен. Ама детето му е на прво место.
Ма да бидам уште по искрена кој како сака нека ме сфати, нема ништо полошо од тоа. Се знае местото кај му е и како сопруг и како татко. Од такт ме вадат таквите ситуации па и жените шо ги бранат аа оди на работа греота е и после ке кукаме. Бил доволно маж да ствара фамилија ке биде доволно маж и да биде покрај истата. Една вечер не сме спиеле разделени ни тој ни јас не сме сакале и двајцата одиме на работа а имаме дете шо се буди по милион пати во текот на нокта. Многу влијае тоа на еден брак затоа што бракот не завршува кога ке дојде детето на свет. Таа интимност и не зборам само за се*с не можиш да ја имаш со мажот кој спие во дневна.
Ова со спиење во различни соби е како некој нов тренд од скоро.Често пати читам одкако ке дојде бебето ,мажот се сели во дневна да спие По глупо здравје.. Исто и изговорот дека ќе пораснат децата и ке биде подобро.Не нема да биде.Поголеми деца носат поголеми грижи.Ако сега ви отиде блискоста во аут на сам почеток ,после мн тешко се враќа се. Бебето ни е два месеци си спие со нас в спална.Некогаш во креветче некогаш до нас зависи како е плачлива.Ако она заспие кај 11 остатокот е наш за филм,серија,разговор,гушкање,правење планови и пиење какао .Ова ни е скроз нов ритуал пред спиење ,какао мм обавезно вари.Ако се деси да има грчеви и да плаче до два наутро тогаш наизменично луламе и двајцата. Он носи и зема деца од школо,пазарува се,фрла губре,домашни пишување,спрема вечера и средува садовите на вечер.Јас правам ручек(кога можам) и алишта средувам.За се друго низ дома (врати,прозори,вц рибање,прашина) плаќа жена да чисти. Неможам да замислам навечер бебе да вришти цела ноќ а он мирно да спие
Интересна тема, многу размислувам за ова... Вистината е дека да, маж ми помага. И кога ќе му се каже нешто го извршува без проблем. Мажите знаат да помогнат кога се работи за физичка работа ама целата психичка работа сепак останува на мајката. Ретко кој маж ја превзема и психичката работа во домот. Реално понекогаш целиот тој собир на информации е емоционално и психички исцрпувачки. Кога мислам на психичка работа зборам за: Што ќе се јаде? Дали има се во фрижидер за тоа што ќе се јаде? Што ќе јаде детето, дали треба да му се купи нешто за носење(нови патики). Иде роденден на родина, празници, што да се купи и за кого. Кога ќе се чисти, што ќе се чисти. Ако се оди на пат што треба да се носи за бебе, кога ќе јаде, кога ќе спие. Па каде да одиме за одмор, кога да одиме, кога одговара за бебе да се тргне. Итн, итн, итн.... Менталниот лоад е огромен на жените. И да мм ќе отиде да купи што треба, ќе организира патување како што ќе му кажам за да одговара на бебе, ќе не спакува. Ќе помогне за чистење... Ама неговата психичка обврска е само да запамти кога треба да ги регистрира колите и да им ги смени гумите. Не знам дали ме сфаќате што сакам да кажам .... Може и до мене е, јас сум многу организирана личност и се ми е испланирано однапред. Тоа ми дава поголема контрола врз работите. А мм е личност што живее од денес за утре, малите детали воопшто не го интересираат... Пример ако сум намислила да готвам компир манџа и немам компири мора да се купат компири два дена унапред. А да е до мм, ќе рече не се замарај, ќе нарачаме или ќе јадеме било што...
Исти сме. Се осеќам преморена од тоа иако има денови кога он е повеќе околу домот него јас. Ама ја сум оптеретена со вакцини, педијатар, читање што да јаде дете, имунитет, ваков сируп, такви витамини, такво месо, овошје... он не се замара со тие работи. Како од небо да му паѓаат и кога ќе ми рече ти многу се оптеретуваш... а ако си седам и ја како него ништо не сме напрајле. Дури и за гуми мењање му правам план како да оди, да заштеди време итн. Мајстор кога да викне, што да му каже ја се ќе испланирам он после ќе договори и ќе го пречека а ти си ваков
Освен готвењето дома, другото се е негова работа. Чистиме заедно, јас прашина тој правосмукалка, тој со алишта и садови се расправа, јас готвам. Многу луѓе (претежно мажи) што доаѓаат кај нас му префрлуваат "си ја разгалил, каков маж си", едвај се воздржувам да не кажам " е таков што секоја жена сака да има, ете прашај ја и жена ти дали не сака таков да си". Не се сомневам дека ќе се грижи и за бебето што е на пат, тој веќе има едно негово дете до 3 години пораснато.
Јас замразам шо сум жена кога отидам кај другарки и мажите децата првото прашање од кога ги видат и речат што има за ручок, па напрај си бе пеер.Жените се навикнати на потчинетоста ретко некоја да е револтирана у врска со работата околу домот, пример мислат дека е нормално да прават ручок секој ден а мажите да си седат на маса со телефон.
Обично јас завршувам голем дел од обврските поради тоа што сум дома додека е он на работа јас правам ручек си садам цвеќиња,фрлам ѓубре чистам прашина се што треба. Но мм никогаш не побарал од мене да готвам секогаш ми вика ако не ти се готви ќе нарачаме или ќе одиме некаде на ручек. Но сепак јас сакам да си готвам со љубов. За викенди затоа што е дома заедно готвиме и чистиме доколку е потребно кога е он дома никогаш не ме остава сама да работам.
Не можам да се пожалам, многу помага низ домот, јас последниов месец дека веќе и голем стомак имам и се ми е мачно, тој прави се.
Живееме во заедница. Кога неговите родители НЕ се дома се заедно работиме ручек спремање, чистење и се што е потребно. Кога неговите родители се дома ништо од тоа не се случува се остава на мене, многу често дури и постојано му викам дека е дволичен.
Ние спиеме во башка соба веќе 16 години. Се одделивме оти тој ми сметаше и мене и ми го будеше бебето. Прво тој спиеше в дневна, после си се навикнав на тишина и јас си продолжив в дневна.