I jas spijam oddelno od maz,uzasno mnogu krci i imam lesen son.,pa covek sum sakam da se naspijam za da funkcioniram utre na rabota sveza i naspana.Porano insistirav na zaednicko spenje ,ama koja e poenta koga go bukcakam so lakt da se zavrti.,toa znaci dvajca nenaspani.Inaku raboti po doma poubavo dipli alista od mene i cisti. .Stvarno treba da bidam luda i budala i da zemam lekovi za spienje ako treba da sme vo ist krevet navecer.,epa ne sum do tolku slaki koga i onaka se macam so spieneto.
не ми помага, знае по некогаш да направи салата или тестенини, да измие по некоја чинија, ама чистење ,перење не, и многупати имам разговарано, џабе, неговата логика е кога исто ке заработуваме тогаш ке ми помагал домашни обврски затоа ако имам син ке го научам како да биде добар сопруг, да си ја сака сопругата и да и помага, во се. А овие нашиве правени и недоправени, неоспособени за формирање семејства. И ќе поштуваш свекрва, секако дека не.
А ако ти заработуваш повеќе од него??? Неможам да се изначудам на маживе бе. Каков брак е тоа ако се нема компромис и не се функционира взаемно? Па и дете кога ќе дојде на свет…
Тоа сега му е изговор, да не ѝ каже директно дека он е маж и нема обврски околу домот, со други зборови не е способен г*зот да си го избрише сам. Она ако заработува повеќе, ее тогаш ќе излезат фрустрациите на виделина.
Јас се чудам и на околината. Ние дома финкционираме еднакво, јас сум со дијагноза на грбот и често знае да ме боли и нормално од ќе усиса, џогира, ќе спреми за јадење , садови… Се ова е без дете сеуште, се надевам знаејки го дека ќе биде уште повеќе ангажиран. Пријатели многу блиски исто функционираат како нас плус дете. Обврски околу дете исто, што прави едниот тоа и другиот. Роднини на мажот му префрлуваат како детето било обврска на жената не на мажот. Жена се знаело за што се зима, обврски околу куќа и дете да чува. Епа ми де повраќа од ваквиве муабети.
Исто и ние со две, еве повеќе од деценија сме вака. Не мериме и кој кога може и колку. Сепак мислам дека е до карактерот на човекот и почитта кон партнерот. Ако не ме гледа како другар и партнер, туку од корист и како слугинка, тогаш не ми треба таков во животот.
Ако заработувам повеќе од него ке чувал деца по дома мислам дека си има фрустрации човекот од се по нешто, а најмногу што не можам да останам бремена се бориме со стерилитет, и низ тестови се покажа до него дека е. Јас пробувам да работам на нашиот однос, само бавно ми оди превоспитувањето.
Ти благодарам најмногу, кажи ми, едно се пие од овие теибестан или овие од Др Витон во комбинација со Селенот? Им се извинувам на членките ,што муабетов отиде во друга насока, ама тука сме да си помагаме.
Za cistenje skoro sekogas gi delime obvrskite,pruzenje ves od 5 godi vo brak 20 pati dali sum jas pruzila ( ednostavno nemu mu e toa ubavo) edinstveno sto ne mu dozvoluvam e gotvenje ( bidejki vo kujna jas uzivam da sum ) Uste na pocetok od brakot se dogovorivme deka niti on na mene pomaga niti jas nemu,toa e nase i delime na pola i brzo da si zavrsime se...
Не ни сакам да ги извршува домашните обврски, повеќе ќе ми одмогне отколку што ќе ми помогне хаха, треба да одам по него, вака најубаво сама. Не дај боже да готви, кујната ќе прооди хаха, на секое ќе треба генералка да правам.
Исто колку и јас. Пушта машини, усисува, готви, чисти купатило. Од старт јасно ставив до знаење дека потребен ми е маж и животен сопатник, син можам да си родам. Многу ми е грдо кога ќе слушнма од пријателки, познанички, мојов ништо не фаќа, после работа само лежи, а јас и работа и дома, така си е научен од мајка му, пелени менување апстрактна именка, бла бла.. Жално што многу жени го прифаќаат тоа и се растргнуваат на сто страни, а домаќинот мора да одмара после работа.
Ќе му оставиш да ги измие тањирите и да го чисти цел неред шо го оставил позади него и после третата генералка, ќе се научи да готви без да извалка нешто.
Се е ок, ама се учи од мал, сега малце потешко, така мама го научила, дека жена треба се по дома да прави. Како што има жени неуредни, така има и мажи.
Маж ми не знаеше каде чуваат чорапи, сега вика што да ви направам ручек денес. Колку што играла улога мајката сега толку и жената.
За ручек ќе направи, салата, ќе постави маса, сето тоа, ќе раскрене маса, ама не пази воопшто кога ренда салати, пример и мене ќе ми падне, нормално, ама тоа што ќе ми падне го земам и го фрлам. Да ти кажам има и вакви жени, не само мажи, што не се замараат воопшто, имам таква комшика, и да и прооди кујната гајле нема, мува не ја лази. Се е до човекот, џабе е се, нема врска дали е женско или машко.
Tаквите мажи така се воспитани од дома, демек срамота е маж да извршува женски работи, ама жена не е срамота и машки работи да работи, да да, има такви случки, еве јас кога реновиравме и рушевме шутот сама го товарев, мм ногата ја пукна и му беше во лонгета, свекор ми гледаше и не помогна, се пожалив дека ме боли под стомакот, ми викаше еее големо чудо што си сработила, идиот. Инаку мм не ми дозволи, ми викаше, ама кога никој не го товареше морав јас, неможев така да гледам растурено. Ама изгледа така се воспитани и син и ќерка, да живеат како принц/принцеза, зошто зет им прави и ручек и се, ама синот е срамота да извршува женски работи по дома.