Ама не е само до воспостувањето, иако да, има удел и тоа. Не може да го ценам, почитувам и сакам некој и да го оставам сам да трча да среди дома сѐ, да среди деца, да испазари, да зготви, да исчисти, дури јас лежам со нозете на маса и гледам вести. Па со цимер да живееш, нема да го оставиш чорапите да ти ги собира од по земја дури ти кулираш со кафе и цигара, а не пак со животен сопатник. Јас разбирам, има луѓе што работат тешка физичка/психичка работа и им е потребен повеќе одмор, ама јас да трчам после работа да испазарам, соберам дете од градинка, да зготвам ручек и да расфатам низ дома, сето со детето в раце, дури тој одмара после работа ми е изживување.
Гледам и тука сум се изјасниле, искрено за 1 година има промена, усисува, алишта пружа,мие садови, знае и да зготви, буквално си лежам и си чекам понекогаш ,значи жени се е до нас и трпение, не може нешто што било воспитано да биде се на тацна одеднаш да го превоспитате, само тактички
Ништо не ми помага, ретко така некогаш изразува желба да направи нешто за јадење, но во чистење, перење, смукање, ручек не помага, дури и кога ќе се најаде не си ја става чинијата во мијалник туку ја остава на маса. Се враќа од работа се алиштата во ходник ги остава доле...
Е па зашто ти да средуваш и чистиш после него? Ако и ти идеш на работа, обврските треба да се поделени. Нареден пат не чисти ништо негово, нека се научи како треба.
Не идам на работа, дома сум чувам дете, но пак ти се полни раце работа со тодлер дома нема момент кога да седнеш и да одмориш ..
Па јас не за џабе зборам во кујна и купатило не му дозволувам. Ама тука напаѓаат, сме ги тинтреле мажите, со нив сме се однесувале како со бебиња, па си извршуваат други домашни обврски, ги има многу. Едно е да не сака и да легачи, друго да си извршува тоа што може.
Super e, nema negova ili moja rabota, Se so treba da se sraboti vo odnos na domot najcesto go pravi toj so ne mu e mnogu maka vo denot, nema molenje, potsetuvanje baranje, ednostavno za polesno da nie ke go srabotime I zaedno za da si legnime pobrzo. Koga idat gosti I treba nabrzina da se namesti, iscisti, soberi se dogovarame ti toa ,jas ova I taka. Rucek znae da napravi no najcesto go pravam jas oti samo jas go pravam podolgo za da izleze povkusno, toj poveke nabrzinka. Za so maliot mnogu mi pomaga e toa e poveke AJ srcka narani go I presleci go ko ke mi se zdosadi se jas dokolku pravam vo tekot na denot. So mene detevo e barem ko so treba najadeno oti znae da mu reci ne ti se jadi AJ dosta tie. Treba nekogas potsetuvanje za so detevo, Kako mora kapki, cistenje na nosov, treba da se presleci treba da se iskapi jas tuka go potsetuvam deka so Malo dete I ima mnogu obvrski no nikogas ne rekol ne mozam Sega ili bilo so. Srcka e I koga se setame I sme premoreni samo da mu se javam idi ne zema, za na doktor pali kola I odime kaj I da treba da se odi ili nesto da se zavrsi kolku I da mu e maka ke se zavrsi nema zbor. Sekogas ima vreme kolku I da e kratok denot za nas, za so deteto za so se. Ke najdi vreme ne znam ni Kako izdrzuva I da go poigra Ako mu e zdosadeno na maloto da mu najdi zanimacija. Tolku mnogu ne se rakovodime so toa mora, kaj nas nisto ne mora vo pogled na cistenje Sega sekade da e cisto I se da e sredeno, ednostavno se ostaveni rabotite da se zavrsat ko ke se mozi. Za pazarenje sekoj den kupuvam jas Ako nesto mi e pretesko za nosenje odime I zaedno no ni za toa ne pravi problem bi odel I po prodavnici I apteki Ako ne mozam jas I imam nekoja obvrska. Nekogas Ako stvarno mi e maka ke se ponudi I kafe da napraj I vecerta da spremi, Ako ne sum jadela nisto I mu recam AJ molimte daj bilo so da kasnam ke pojdi ke smacka nesto nabrzinka I ke mi donesime. Ednostavno e covek koj ne veli ne za sekoja rabota Kako nekoi I mu se najduva na mnogu luge Ako bilo so mu se pobara od nego a moze da go napravi nema da te odbie. Epten go obozavam I negoviot pozitiven karakter za se so se odnesuva na nas I okolu.
Се ми помага само не чисти вц и не готви и не пегла како што е педантерија некад и досаден е ама барем погодени сме во тоа.
Се излежава, ништо не прави. Мислам, оди на работа и толку. Две деца имам, едното 4 годинки и другото го посвоив од свекрвата..
Не е фер на мажите да им се даваат женски обврски во домот. Миење садови или слично. Се знае мажот може да намести корнез, да го заштрафи шкафот да ја мени бравата да искречи, или пак да исцепе дрва а не да мие садови и да пружа долен веш од женаму
Тоа се работи што се прават само по еден до два пати годишно, збориме за секојдневни работи! (Од кои и жената ги работи!) -а знае долен веш да соблекува а да ги пружа не знае а? (А зошѕо па жена му да ги пружа неговите? -знае да јаде а ручек да направи не знае или садови да измие? Ова се само Македонски паразити, себичњаци што не фаќаат ништо по дома. И се надевам ќе останат без жени во овој век! Жени освестете се ТВОЈОТ ДОМ Е И НЕГОВ ДОМ! Не бидете маченички на мажот!
Ако и жената иде на работа од 8 до 4 и ринта како муж (што е случај со скоро сите жени денес) и те како ќе мие и ќе пружува и оро ќе игра. Како што жената прави 'машка' работа со тоа што носи леб дома исто ко и него и тој ќе прави женска. Aко не одам на работа, нема проблем, може да ги заборави гаќите и тањирите. Ах ах двојни стандарди...