И мојов не чисти вц. Ако му ја дадам таа обврска, готови сме. И неисчистено ќе биде, и поплава ќе има.
Mojot taka ednaš zema ja koga dojdov od bolnica co bebeto kje čistel kupatilo. Racete mu bea kako izgoreni, očite krvavi, kje ne ispootrueše site. Januari mesec a moravme cel stan da luftirame se živo otvorivme čak i vlezna vrata. Sedevme zamotani u kaput i kjebe edno pola saat.
Кога нема да валка садеви, кога нема да фрла нечист веш во корпа, кога нема да јаде тогаш нема да мора да ги " врши" обврските. Јас не сум слугинка, ни па он живее во хотел да се понаша ноншалантно. Кога вие жените ќе се цените повеќе и ќе ги рушите бариерите машки и женски работи тогаш многу ќе ви биде полесен животот. Тој не е паразат ни фатен во рацете , а и уствари и тој живее во таа куќа, и децата се и негови колку и мои па затоа не е обврска како што и мене не ми е. Ако сакав само донор на сперма и трето дете ( споругот) многу полесно ќе го решев проблемот. Мојот сопруг учествува во хигиената на домот и во одгледување на децата подеднакво колку и јас. Ако он ми помага во домот паралелно и јас му помагам него во домот. За нешто да се изгради потребни се двајца. За џабе не е поговорката - за танго се потребни двајца. Зошто тогаш за семејство е потреба само жена, а само за сперма маж, и уствари да исцепе дрва и да немести корнез? И да знаете со вака поставени работи колку сум задоволна и не мрчам низ дома дека ми е тешко и секогаш сум расположена и така ќе уживам во бракот а богами и во сопругот. Пошто ова функционира одлично убедена сум дека и он исто вака се чуствува како и мене.
Тебе кој те научил за средствата? Ти учена се роди? Он демек глуп е па не знае да прочита кое за што е? Е вака си ги гледате и синовите и после нема да ви чини снаата, е не чини.
Aма не разбираат дека некои мажи се такви, еве јас сакам се под конец да ми е, и затоа кујната и купатилото јас не му дозволувам да ги чисти, си редам по мое, мм да земе да чисти не дека ќе биде неисчистено ама како што пиша "поплава" ќе направи и во кујната и во купатилото, кога миел садови насекаде вода, и по плочки во кујната и надоле на вратичките од судоперот, полесно ми е јас да измијам отколку да одам по него. Како што нас неможе да не смени никој, такви сме какви што сме, така и ние ниту мажите, ниту некој можеме да смениме, сега ќе ги учиме на 30+, и да, и ние не сме се родиле учени, ама нас од мали така не воспитале, а мажите ги воспитувале дека тоа е женска работа, и ден денес свекор ми и свекрва ми тоа го велат, само што среќа мм работел во странство повеќе и се знае да прави, и сака да си ги извршува домашните работи.
Еве сега лежам по дома од што морам, значи лом е неговото чистење, не дека не сака, ама више штета него корист. И ја ко тебе сум
Колку лесно си наоѓате оправдание за мажите... Не е учен од дома, поплава (ќе) прави. Не мора да е учен од дома. Знае да чита. Нека фати да ги чита упатствата на пакувањата. Што не му е јасно, нека гугла на интернет.
Ама неее тука напаѓаат ние мажите сме ги тинтреле како бебиња, не ние туку мајките нивни, штом не ги научиле од мали, сега на 30+ ќе ги учиме ние, теле се учи не вол хаха. И пак ќе пишам среќа мм што работел странство и знае и ручек да прави, машина да пушти и се, ама кој сака нека каже женска рака кога ќе фати подруго е. Еве пример кога бевме во Италија имаше мм колеги Македонци, едниот женет и многу вкусни специјалитети готвеше, ама кога ги викнавме на гости едниот колега му кажа ок готвиш, ама подруго е женска рака. Така и за чистењето, ќе исчистат ама набрзина, секако има мажи што многу поубаво чистат и од жени. Јас имам послободно време и не ми е тешко, секогаш му велев на мм недај Боже да неможам од оправдани причини или лазајќи ќе чистам или зад тебе ќе стојам хаха.
уште не ми е сопруг, дечко ми е ама се си прави по дома Јас правосмукалка он џогер, јас прашина, он реди машината за садови/алишта, така што се е поделено и сметам дека и така треба да биде.
Ja deka sum doma pa e taka kako e, koga mora kje fati on, ali štom možam ja po nego popravam Da sme i dvajcata na rabota ne bi dozvolila do tolku ništo da ne pravi
Ти ако не бидеш контра не си жива каде пишаа членките дека мажите не си ги вршат работите низ дома ама друго е женско да исчисти друго е машко .Тоа поплава ептен сериозно си го сфатила ,да поплава и пливаат по дома . И пак најгласни немажениве сегде. Вие толку што се удирате во гради може да земете некој легач па што нема да оди ни на работа ,познавам многу такви ,жената работи мажот не и легачи ,кога доаѓа од работа женава готви ,чисти ,мие садови ,кажете си не дај Боже само ,не се знае каков маж ќе ви се падне .И нормално ако жената порано си доаѓа дома ќе направи ручек не ќе чека мажот да дојде од работа касно .Има мажи што работат по две работи ,ако чекаат даде врати од работа и ручек да прави гладно ќе бидат .
Сигурна си дека нема криво да ја нареди машината или нешто да и направи и све да поплави по дома? Не знам, јас мислам ти тоа подобро би го направила, не знаат маживе баш.
Фати еднаш ќе пишувал тесто за кифлици, пита не знам што беше. Абе умрев од смеење додека го пишуваше онака замислен ко докторат да пишува, а тек кога го замислував со брашно и вода, зејтин хахаха значи плачев. Ко ме праша што ми е и му кажав, ми вика па да пробам сакам, му реков кај татко ти тоа, тука не
Исто и јас, работам од дома за мене, ретко одам во фирмата да видам нешто и се враќам порано од мм, кога ќе дојде од работа ручаме, мм раскренува маса, садовите ги одмива и ги става во машина, за викенди чистиме заедно генералка. И кога го прави тоа, јас контролирам хаха.
Полесно ми е тоа сама кога сум, он на работа, дете во градинка. Кој да прередува сто пати. Ама кога мора, работи. Нема бегање. Како знае и умее.
Која биолошка разлика меѓу мажите и жените е таа што не им овозможува на мажите да чистат доволно добро како жените? Ако се здрави и прави, и мажите имаат две раце и нозе да можат да ги направат истите работи како и жената. Значи не се учени од мали. Не мораш да бидеш женско за да цениш чистоќа, само треба да си израснат така... и не велам дека намерно се така израснати машките деца, туку учат од пример, а примерот вели мама е секогаш средена, најубаво чисти, тато не знае, на тато му е дозволено да не е толку чист, јас сум машко како тато... и ете. Колку ми е тоа безвезе некој да не знае кога се чисти садовите леле... или било што така основно.