Епа тоа, едно е да не сака и легачи, друго е да сака и да прави нешто по дома, еве мм е пољубител од мене за цвеќиња, не дека и јас не сакам цвеќиња, ама се нервирам ако некое се исуши или му пожолтат листовите, мм ги пресадува, им става потхрана, ги одржува, ги изнесува/внесува на пролет/есен. Дворот и терасите ги чисти (имаме 3), мете, џогира дека со плочки ни се, или тоа надвор не се смета за работа, јас па надвор многу мразам да чистам и метам листови. Јас за тоа време внатре ќе средам.
А, ти не си жива ако не нè нападнеш нас немажените. Жалам, форумов не е твој. Туку, да ти кажам. Нема да земам легач. Однапред ќе му кажам што очекувам да прави. Ако не прави, разлаз. И имање 2 работи, не е изговор. Имам братучед кој и покрај 2те работи готви, пере и чисти дома.
Се согласувам со ова и јас, ама тоа што пиша дека учи од примери дома од татко му и мајка му ,дека се мајка му прави а татко му ништо многу е точно .Еве сопругот поубаво ги мие садовите од свекрва ми ,она недомиени и нема врска ако е женско демек е попедантно ,еее колку знам мажи попедантни од жени . Мрза не се станува мрза се раѓа . Ок 21 век и ни јас не толерирам мрза .
Исто свекор ми, свекрва ми ако не постави и раскрене маса, ако не измие садови така ќе си стои и со месеци, ама и таа е мрза, не ги мие веднаш штом ручаат, туку ги собира, јас неможам така, и 2 тањирчиња да се, и 1 чаша ги мијам, колку пати мм ако пие нешто а веќе се е измиено, и таа чаша си ја мие откако ќе допие, не ја остава за утре. А да редам садови во машина и да собирам не сакам, подобро на рака ќе измијам 2-3 тањирчиња, отколку да собирам, и машината ја пуштам празна. Инаку јас контролирам откако ќе заврши, без да ме види хаха, и ќе му кажам тоа и тоа следен пат подобро да го направиш.
Секаде каде можете ќе ги кривите мајките нивни. Здрав, прав маж да не знае да си исчисти после нужда ( со извињење). Тебе мајка ти те научи? Или инстиктот за преживување? Земете држете им го ко мочаат сигурно подобро го правите од него тоа, он ќе направи поплава. Така е, подобро од старт да се разјасниме кој што очекува. Еве јас сум мажена па не барам изговор зошто да не работи низ дома. Се објаснив веќе. Ама тие така знаат, маж си е маж , жена си е жена. Поплава бе ќе направел доместос ако ставел, цц ц ц
Што тресеш, или само да се направиш паметна? Се смееме на тромавоста на машките, и глеј си ја твојата черга, мене ми е убаво да чистам вц, си ги делиме обврските со сопругот. И малку прибери се со понашањето. Или па научи да читаш, па после реплицирај и прави се паметна.
Souste nema da procitam po forumov razlicni iskustva vo vrska so obvrskite na mazot. No sakam da spodelam i da podrzam edna clenka pisala ne toleriram mrza, pa vaka i jas da spodelam nesto so se nadevam deka ke se slozite so mene. Se nadevam ke me podrzite kako i site drugi majki, imam dve deca vo vrska so mazot mi pomaga doma nevikam ne no mn retko poveke si mine pred kompjuter na telefon so drugari si drnda so saati i posle ako ne zavrsam nekoa rab. Epa da mi izvinis jas sum zena i majka ne sum sluginka ako me smetas za toa mu rekov. Mi vika ni domasnite obvrski ne si gi vrsis kako so treba, ne bil on zena tuku maz pa mene da ti vrsam rabotite tvoi. Jas mu vikam kolku ke stasam tolku ima rucek decata ne se gladni sadevi izmieni cisto e niz doma so use sakas so treba da praam da praam posebno da bidam kako drugite da setam da ne se pribiram po cel den moze togas ke cinam ne sum jas na norma ili vo zatvor pa da nemozam da izlezam. Kako so mozes ti da drndas na telefon ke fanes nesto nizndoma na tatkomu mu pomaga vo se i sesto okey ne bil smeten dvorot jas mu vikam ne ide mene doma nekoj popis da mi prai dali mi e sredeno ili ne tuku toj so me postue ke razbere deka imame deca i deka e normalmo nesto da ne stasam i jas sakam da ispadnam kako site normalni lugje a ne da sluguam niz doma.a ti edno kafe koa ke ispadnes i pola den da te nema jas za toa vreme sum doma i tie deca sum gi sredila sum gi naranila i se da mi izvinis jas ispagjam. I nisto ne rece
Изговорот дека мајка му така го научила не важи кога ќе се отсели откај неа. Вие сте одделно семејство и во вашата заедница вие ја градите динамиката. Маж ми е растен во куќа каде жената прави се и ден денес свекрвата му поставува на свекорот на секое јадење. Маж ми секој ден кога јадеме домашно готвено вели фала за ручекот што сум го зготвила. Нема негови и мои обврски, секој извршува што има на ред, освен готвењето за кое е антиталент, а јас не би да живееме на макарони и прженици. Ако од сам почеток тргнете со: не остави јас ќе исчистам, јас ќе сортирам алишта, јас ќе испазарам ти нема да земеш што треба, или моето омилено спремање на алишта што да облече утредента или да ми одвикне да му најдам чорапи и маица омфг! Отишол возот.
Ама ти не читаш изгледа, каде пишав дека мм легачи и не сака да средува по дома, за купатилото зборам кога чистам генералка и за кујната, па мм други работи работи. Терасите кој да ги чисти, дворот кој да го измете, или тоа не се рачуна за работа? А секојдневно не остава така за јас да му чистам по него во купатило. Бре бре бреее ама вредни мажи сте имале. Ве замислувам како лакирате нокти, а маживе ви чистат по дома, браво. Дома сум јас, треба мм да го чекам од работа ручек да направи? Ако го чекам ќе не фати полноќ. А вие ако работите физичка работа и ако ви е тешко никој не ви е виновен, јас немам физичка работа и не ми е тешко, јас обожавам да готвам, да пробувам разни специјалитети, а чистењето ме релаксира и не мислам на ништо кога чистам, вие ако не сакате и ве мрзи, тоа е ваш проблем. Каде пишав јас дека мм не фаќа ништо по дома? Тоа со мајките што ги учат така општо пишав за сите, не само за мм, а да не не е така ај кажи, па така ги учеле, само среќа мм што работел странство и сам живеел и се знае. Веднаш да нападнете, а не дочитувате. Како јас да пишав мажите не треба женска работа да работат, ајде кажи каде пишав. Форумов е за секој да си каже дали мака, дали проблем, ама изгледа е само за напад, и мажите да не фаќаат ништо, што тебе тоа те допре незнам, гледај си го твојот по дома, ако ти чисти ок, ако не ти чисти пак ок, твој проблем. Ептен сериозно сте го сфатиле тоа "поплава" ццццц. Зар навистина помисливте дека прават поплава во буквална смисла на зборот? Е не ми се верува. Ако некоја членка има различно мислење скокате, полека малце, незнаете каков проблем имаат по дома и со што се соочуваат, некои имаат многу посериозен проблем од тоа кој исчистил, или кој зготвил. Сме им ги држеле на мажите додека мочаат бе ццц, кој речник и која култура... Да, му го држам секое сабајле додека моча пред да оди на работа, имаш против нешто? Која дрскост.
Со оглед на тоа што живееме сами со две деца, без ничија помош, и работиме во различна смена, врши доста работи. Поделени ни се обврските според тоа колку слободно време имаме, а притоа и домот да е упристоен и децата да се подмирени.
Така е, и маж ми не знае да готви, а јас уживам во тоа, на работа па имам колега што жена му не знае да готви ама затоа он е шеф и пол, и обрските се поделени. Нормално дека сме 21ви век и дека обврските треба да се делат, и така е можеби е израснат со мајка му така, ама коа станува семејство со жената, ќе си се научи дека работите се делат, и се се прави заедно.
И јас тоа цело време го пишувам, кој колку слободно време има, еве јас сум дома, ама за викенди заедно чистиме, мм надвор, јас внатре, поделени ни се обврските, и ако не стигнам внатре се, мм ќе досреди нешто, јас со правосмукалка, мм џогира и така.
Е тоа е уствари проблемот. Ќе направат по нешто, ситно нешто, и фалење наредни три дена. Еднаш ти нема да направиш нешто, аууу кај си била, со кого си била, цел ден дома немаш време за тоа. А пази еј, се друго блиста, набавка завршена, ручек спремен, алишта испрани, исушени, испеглани. Ја така на почеток и еднаш ми прекипе и решив дека се ќе средам по дома, а себеси нема да се средам, а требаше да одиме на некоја свечаност вечерта. И доаѓа од работа, ме гледа така не ко поплава да ме исфрлила, ама далеку од свечаност, ги средувам ноктите и као дрндам ај какви ми се ужас...Па косата тек почнав, па ова она.. Никад више не ми дрндал овака онака.
Што и се правдаш, гледаш дека не прочитале што сме напишале, само да се напаѓа, батали ги. Очигледно е дека не знаат да читаат, што очекуваш коа се буквалисти. Па уште и деца спомнува… синовите. Мизерно.
Вие си ги правите тромави, па си се смееш на тромавоста. Се дури е - седи срце ти не знаеш убаво, ќе ве има по темиве. А и некој рече дека си саркастична. Не знам дали за тебе се однесуваше. ОК , знам те имам читано. Тебе те цитирав оти последно беше твоето со тој изговор за вц. Ама не е во ред да оправдувате. Немам против да му го држиш секако вие тоа подобро го правите, дека сам ако си го држи ќе направи поплава беше муабетотот. Утре твојот син вака ќе се понаша, седи мама ти не знаеш купатило да чистиш јас знам поубаво, па снаати ќе ти се придружи во соодветната тема. Ама тогаш нема лутиш.
Не се однесуваше на мене, ти можеш што сакаш да правиш со маж ти, твој си е. Прочитај ме убаво погоре, па коментирај, јас со маж ми си ги делам обврските, поплава е саркастично кажано, не е дека ќе поплави вистински дома. Ти кажав, прочитај прво, немој да навредуваш.
Да убаво те прочитав, воа е слободна тема за коментирање. Ти си саркастична сега за поплавата, утре ќе бидеш саркастична не знае кревет да немести ( додади слободно натаму што сакаш) дури се освестиш имаш веќе 60 год. и маж кој освен пиво да отвори не знае друго. Оти ти си била "саркастична" 30 год. и кусур/ Не си посвоивте деца од свекрвата, се омживте само. Ама ваше си е. Поздрав.