Како што знам перењето и готвењето не е нешто ново, посебно па денес. Се враќате од работа, гледате две чаши измиени, барем лавабото во вц-то средено. Муабетот ми е, мали работи многу можат да бидат од корист, посебно за расположение. Па дури и да сте биле нешто нервозни веднаш е подруго. А ако некој барем малце ве сака, воопшто нема да му е тешко.
Јас маж ми не го оправдувам, ама на оваа тема можам да кажам дека уште го превоспитувам. Дури на почеток мислев дека нема пробем со домашни обврски па почна да забушава( ама не попуштам). Така си е воспитан, ама не може така. И од што е така се крие од мајка, татко дека завршува нешто (одма му трубат)
Аууу браво, се гледа дека имаш комплекси пошо очигледно маж ти по дома нишо не работи, јас знам како треба со маж ми, ти очигледно имаш проблем. И научи што е поимот саркастично. Немој да ме реплицираш, коа не знаеш да читаш. Не заслужуваш ни поздрав.
Слободно цитирај ме во која тема го имам кажано тоа. Јас не зимам паразити , јас се мажам за ворасен разумен човек. Градиме ДВАЈЦАТА дом и семејство. Деца имам 2 , трето не сакам, а особено не 30 годишно. Сум си јасна на старт. Сега глава не ме боли. Еве сакав да те поучам ама не бива и готово.
Мм прави "поплава" дома и пливаме, што ќе даваме пари за на одмор хаха, навистина ама сериозно го сфатија ова.
Ало девојче, каде кажав дека маж ми лежи????? Каде го прочита тоа??? Значи кажав дека си ги делам обврските со маж ми, јас чистам секогаш вц, зашто јас сакам, он па пример секогаш усисава, брише прашина, мие садови, пушта и машина. Што ме напаѓаш од прееска, што сум била саркастична за тоа дека не го бива да чисти вц??? Јас сум педантерија и не сакам никој па ни маж ми да ми го пипка вцто. Не планирам да чувам дете 30 годишно, со таков немаше ни да се омажам. Не подржувам да не се делат обврските дома.
Тие што немаат фатено таква работа, и кога фаќаат не читаат кое за што е( од искуство кажувам) ама ако мм шољата ја чисти со доместос ама става и средство за плочки и ако на некој не смета убаво мириса
Ууу добро е, и денес пиша за недомаќинлукот на свекрвата, јас па мислев минус ќе треба да ти пишеме. Браос, ти си најголема домаќинка, многу поголема од свекрвата, еве сега ќе ти го донесат медалот. И не заборавај и утре да ни кажеш како ти готвиш, переш и чистиш подобро од свекрвата.
А дали драги феминки знаете да завршите машки работи? Сакам јас да го чистам вецето. Како јас што го чистам, он не може. Исто и за садови. Нека не чепка таму.
Знаеме дека поплава не е буквално. Аман... Ама, ништо нема да изремети или измеша ако е учен од дома или ако сам се научи. Кој има тв и интернет лесно може да научи готвење, чистење и перење. А, маж нема да научи ако жената цело време го оправдува наместо јасно и гласно да му стави до знаење дека и тој мора да ги извршува сите домашни обврски. Кажав во претходно мислење, работата или работите (нели дека некој работи на две места), не се изговор. Со договор помеѓу партнерите сè може да се определи и постигне. Ако мажот работи попладне или доцно ноќе, тогаш тој може да направи доручек. Може и ручек, па жената само да го стопли кога ќе ѝ се пријаде. И времето не е изговор. Има јадења што се прават за 15 до 30 минути.
И јас сум премногу педантерија, и мразам што сум таква, сите ми велат болест е тоа, ако капне капка вода јас веднаш бришам, и ајде кажете дека и мажите би го направиле тоа, секако дека не, па тоа вода е, секако има и мажи премногу педантни, ама јас велам на тоа вода е ама ако не се избрише флека ќе се направи. Подобро внатре ќе чистам отколку да метам листови.
Па ете не знае ни секој да готви а тоа е прелесно. Не споредувајте, и страфење е прелесно за него па за мене не е. Маж ми само вц не чисти, и не пегла, зашто спор е а и пегламе по потреба. Ама затоа се останато работи, тоа што не чисти вц, не го прави дека е мрза и дека лежи. Членката се испреврте.
Aloooo olabavete tuka e za spodeluvanje i za podrzuvanje ne za da se napagjame za toa mazite ne gazat hahahhha. Oti nie zenite megju sebe se karame za maz da se dokazuvame li koa e po vredna kako vikaat dvajca se karaat tretiot koristi. Epa dami mazite baraat slabost za toa ne se potcenuvajte nikomu ne mu e gajle za nas da mi izvinite nitu pak pogodeno ke im bide nekogas.
Сметам дека секој треба да знае да готви, да зачисти и да се испере. Треба да се срами некој ако некој не го знае тоа, било маж било жена.
Јас не пеглам (само по потреба). Ниту маж ми. За некои работи сум педантерија. И затоа не сакам да чепка. Некои обврски се поделени.
И јас сум педантерија, секој втор ден го чистам вцто. Гадлива сум и сакам да ми е најчисто. Не гледам која е потребата од напаѓање овде, коа никаде не кажавме дека мажите лежат. Па као и демек ќе не подучеле. Мене глава не ме боли, работите сум си ги поставила од прв ден дечко и девојка. Се ни е поделено дома, не ме нашла мајка ми на улица нит па сум будала да правам се по дома. И двајцата сме во ова семејство.
Супер што сметаш, така и треба, е сеа на некој подобро му оди тоа на некој не. Далеку од тоа дека маж ми нема да го исчисти вцто, само јас сакам да си го чистам, пошо сум педантерија и така ми е почисто.