А има едно нешто што се вика глумење неспособност, кога луѓе намерно работата не ја прават како што треба, за другиот наивно после никад да не ги тера да го прават тоа, па да си уживаат пред компјутер додека вториот гланца и ги правда дека кутрите тие не знаеле подобро.
И мојот ги знае сите работи, ама во некои јас сум подобра. Додека беше сам овде, он чистел. Сигурно нема мајка му да доаѓа од Мк. Доволно е што ми е од помош за кревање, затоа што јас не смеам да кревам тешко.
Па маж ми не глуми, и кај мајка ми јас го чистев вцто, па не ја прави мајка ми тоа неспособна, она ме научила.
Инаку мм сам живеел во странство и кој му чистел и перел тогаш, сигурно не отишла мајка му, сам се перел, чистел купатило со средства, не пишав дека не фаќа ништо и незнае, туку сакам јас купатилото и кујната да ги средам кога правиме генералка, ги вадам сите садови, ги пуштам во машина и си ги редам по мое, сигурно ова не го правам секоја недела да премивам садови и внатрешно кујната да ја чистам, мм пишав што прави, поделени ни се обврските и никаде не пишав дека оправдувам маж што не фаќа ништо по дома. Или ако, внатре нека ни е чисто, па за дворот и терасите што ни е гајле, тоа го средува мм. Каде пишав дека легачи незнам, јас работам од дома, немам физичка работа, уживам во готвење, некој ако не ужива и го мрзи јадење да направи негов проблем. Не се однесува ова на тебе. Јас не пишав за мм дека ништо не работи по дома, туку општо какви мажи има, познавам многу такви легачи, што роднини, што мажи на пријателки, еве и еден мој братучед е таков и јас му зборам пред жена му, а нема физичка работа, работи како наставник и за 3-4 саати е дома, некогаш и помалку, зависи колку часови има, а жена му работи 3 смени, ништо не фаќа по дома, незнае ни машина да пушти, нон стоп го карам, џабе, и жена му му зборува, ама виновна е вујна ми што прави ручек, нека не прави, па ако е гладен како ќе направи , и јас не оправдувам маж што не си ги врши обврските.
Зет ми е таков. Ја жалам сестра ми. Ништо не прави по дома. Само се излежава. Освен да си направи јадење, ништо друго не го интересира.
Ми го донесоа веќе, не се секирај, ај гледај си своја работа, што ти е гајле за мене, само јас ли зборам така а, па не е педантна, не лажам, ти да не ја знаеш подобро. Ќе пишам, ова е форум ти да не ми забраниш? Ако ти смета не читај. Секој може што сака да напише, ама тука се толерираат вулгарности.
Читајќи според коментарите на форумов сфаќам дека “пробен брак“ или живеење заедно пред брак е супер работа. Ние се преселивме заедно баш од таа причина, за да видиме како функционираме како ќе ни оди и слично. Сметам дека обврските треба да се дефинитивно поделени и дека нема обврска што јас само можам да ја правам или он. Да јас го чистам вцто ама он притоа не треба да лежи. Како и да е мислам дека од помлада возраст се учат машките дека обврските дома си се поделени и дека и двајцата живеете таму за да кога ќе сте повозрасни не си ја лупаш главата. Апсолутно ако јас сакам да го чистам вцто ќе го чистам и 3 пати на ден, ама дека обврските најбазични се поделени секако се. Ако јас готвам, он собира садови или заедно, ако он готви обратно и сите така обврски поделени. Клучно е од сега да се стекнат некои навики за и понатака да си тече исто и кога ќе имаме деца и слично. И сакав да додадам нема апсолутно ништо грешно во тоа ако некогаш некој повеќе чисти или направи. Јас моментално и студирам и работам, дечко ми само работи па кога треба он оди пазари, готви, ако се чека се на мене нема да функционира.
Мојот фрла ѓубре. Поправа нешто по дома. Не е мрза. Сега ја сум невработена и нема смисла да го малтретирам да работи нешто. За викенд ги делиме обврските. Едниот правосмука, другиот брише прашина. И така.
Исто еве и кај мајка ми јас ги чистам купатилото и кујната, она си има посебно, и двете јас ги чистам, тоа не ја прави неспособна.
И тоа е сосема океј и апсолутно супер, нема да лежи сигурно цел ден. Ама и да си невработена исто така може да ви бидат поделени обврските со тоа што кога ќе треба он да работи ти ќе сработуваш повеќе по дома и тоа е тоа, сосем нормална работа.
Маж не мора да излезе надвор за да научи да извршува домашни обврски. Или некој ќе го научи или животот ќе го натера сам да научи. Поентата е да не се оправдуваат мажите.
Пошо скроз у друга насока ме цитирате, чекај да подобјаснам. Под глумење неспособен спаѓа: направил И ОСТАВИЛ вода наоколу кога ги миел садовите, го утнал средството за чистење, чистел ама остаил недосчистено, не знаел дека темни и светли не се мешаат па му смениле боја светлите, итн, итн, итн. Додај на ова, одеднаш престанува да ги сработува работите пошто вие знаете подобро.
Па на ова мислевме и јас и членките, дека додека ние го чистиме купатилото, мажот нешто друго прави, дека ни се поделени обврските. А тоа што ве праша членката за штрафењето сакам и јас, дали ви се поделени и машките обврски по дома и дали заедно го правите и тоа? Еве мм цел спрат сам го направи дома, се разбира во многу работи, не е молер ама кречи, некои за ситница викаат мајстор, за чешма да им сменат, дома само викнавме електричар, водоводџии и плочкар иако знае и плочки да лепи, кај свекрва ми во кујната и купатилото тој ги залепи, ама за горе дека ни се брзаше за ходникот и купатилото си викнавме плочкар, му дадовме клуч ние Скопје си бевме, а за во кујната водата сам ја местеше, и по ваше требаше заедно, дека нели се делат обврските.
Точно така, за после да не си ја лупаш главата и да си родиш деца и да си бидеш у брак. Како викаат боље спречити него лечити.
Сум растела со секакви мажи во фамилија и околина. И вредни и легачи. И тоа ми е поука да не толерирам мрза. Јас одма ќе кажам што очекувам. Не го научиле, оваа/онаа смена бил... Ништо од тоа не треба да се кажува. Има функционални раце и нозе. Епа, може да ги користи за да прави сè што прави и жена му. Јасен и гласен договор кој кога да прави нешто. Во ова време кога за сè има инструкции на интернет, не треба да има место за изговори и оправдувања.