Па за тоа е форумот секој да си сподели искуства ама неее мораат да напаѓаат ,да се фалат колку вредни мажишта имаат ,не смеат ништо да пишат ќе нападнат ,па ете некои мажи не помагаат по дома и што ,не ви дошле дома вас ,само си споделуваат свои искуства не значи ако нечиј сопруг помага и мора сите и обратно ,пардон да си ги извршува обврските домашни ,затоа што следи напад твојот сопруг не помага туку тоа е и негов дом и дрнд дрнд ,го научив на памет ова .
Ти не си мажена и немој многу да збориш. Кога ќе бираш маж со заврзани очи и не знаеш каков ќе ти се падне, може од кревет нема да мрда подалеку. Тоа е така кога се бира, исто како лото, гледаш. Затоа молчи си. Така е, се надевам и ти све што користиш знаеш да си поправиш.
Што има врска дека е немажена не сфаќам? И јас сум немажена. Секоја има опција да си бира со каков човек ќе е во врска/брак. Ако го гледам дека е мрзлив и легач нема да бидам со него и готово.
И јас така сметам секој треба да знае ,ама ти се верува дека и жени има што незнаат да готват ? Имав колешка живееа заедно со дечко и се дечко и готвеше ,бев на гости еднаш сакаше да му направи нешто он на работа беше и го фрли никакво беше ,па потоа купи пак да направи ,јас и друга колешка и кажувавме ,сега се во брак и имаат дете ,и се уште сопругот готви и не му е тешко ,вика доволно е што чисти ,машина пушта, мие садови ,значи стварно кај неа е многу чисто и многу е педантна ,вика цел ден ќе чистам ама ете за готвење не ме бива ,и мајка и и кажувала како ,џабе .
ХАХХАХАХА ЛЕЛЕ..... брука сум и ја, ајде готово се сфативме после ми текна дека си саркастична Добро види и ти си во право сеа, на лото ги бираме маживе
Па никој не брани никому било какви познавања и вештини да применува. Ај ако не да му се качам на глава на мажот зошто не знае да плете, а јас знам. Зборуваме за секојдневни обврски, не за сè и сешто.
Епа ајде некоја да му се качи на глава ако мажот не знае да готви ,или мажот ако заштафи нешто да и се качи на жената на глава зошто незнае ,епа не е секојдневна обврска ама ете не е тука и мајстор треба за една шајка што се вика да викне . Да секојдневни обврски се готвењето и чистењето ама пишав и погоре и жени незнаат да готват ,членките не пишаа дека мажите лежат и не работат ништо туку додека го чисти вецето тој нешто друго прави .Алал нека ви е со вакви мажи по дома кој е како вас се вредни мажи што имате ,што да прават тие што мажите им лежат .
Да дефинирате што се женски а што машки работи да нема забуна. Цело време машките работи а не знам што подразбирате под тоа.
Секој треба се да знае, и машки и женски работи, нели сме рамноправни. Вие дефинирајте, јас незнам...
Па ти рече он ги извршува машките работи? не знам што мислиш под тоа. Стварно ме интересира, не е саркастично ова.
Ај што си се фатила за мене незнам, гледај си своја работа, имам јас посериозни проблеми сега, отколку да се замарам кој колку чисти, дали машки, дали женски работи, а кај пишав дека само машките ги извршува, пишав и дека мете двор, тоа е и женска и машка работа, средување тераси и цвеќиња и тоа е и женска и машка работа, џогирање исто, и тоа го прави мм, тоа за машките работи сам си прави, си сака, и зошто да плаќаме мајстор кога се разбира, да не се разбира како во електрика што не се разбира викавме мајстор. Лелееее ама си го сфатила ова сериозно... Изгледа многу те погоди ова. Еве, не само мојот, и на другите мажите на пример ако ништо не фаќаат по дома, кажи ми што толку тоа допре до тебе?
Абе не сум ти се фатила, мислиш читам дека си ти Читам мислења кое ќе ми се фати на око на тоа реплицирам. Па не пишујте и вие глупости и нема да ви реплицирам. Само те прашав кои се машки кои женски работи. Еве пошто не ми одговори кој знае нека каже. И сега еве ти ветувам ќе гледам кој пишува и поштено ќе те одбегнувам. Ако те лајкнам тресеш зелени да знаеш
Со вакво мешање на баби и жаби полесно е да се најдат оправдувања. Еве вака најпросто кажано: ако измие садови, кој и да е, било да е мажот, било да е жената, и тој/таа остави измокрено сè наоколу, валидно е другиот да му се качи на глава дека секогаш мора да избрише после миење на садови. А не нареден пат да кажеш, остај не миј, јас ќе измијам, ти се мокриш наоколу. Ете тоа е глумење неспособност намерно за да ја избегне таа обврска. И не знам каква врска има сето тоа со поправање и ковање шајки. Само зошто мажот поправил нешто, жената треба доживотно само она да ги мие садовите? Готвењето во одредена мера е вештина што не секој ја има. Под тоа мислам, можеби не секој може да направи лазањи, ама и те како секој треба да може да испржи јајце или да склопи сендвич. Ако едниот очекува од другиот да му намачка нутела на кришката за да не остане гладен, тогаш тој е или сериозно неспособен или глуми неспособен. За некои работи смешно е да се дискутира.
Кречење не е обврска лол и не е воопшто честа. За маж што не знае или не сака да кречи или поправа водоинсталација, многу ми е гајле, не мора да знае. Темава е очигледно за чистење и секојдневна обврска како готвење. Кога си во брак/врска, мене ми е природно да има обврски кој секој од партнерите почесто ги прави, се наоѓа некој тек. Ама не ми е нормално некој да не знае основни работи, леле бе некој да не знае како изгледа чист тањир, да не знае лесни ручаци да направи, тура гаќи да не може да испере.... не јеби ме. Мојот татко флегма невидена, на 50 години се научи ручаци да прави пошто мајка ми сега се сети дека и е доста и на почетокот ќе му каже да направи нешто најосновно, он мене ме прашува како. Сра мо та.
Некои мислења се толку запрепастувачки што не вредат да се дискутираат воопшто. Не ми е јасно како возрасни луѓе толерират нехигиена од друг возрасен човек. Ако знае да го измоча тоалетот ќе знае и да го исчисти. Барем во денешно време се е многу лесно и достапно, сега и на самите средства пишува кое е за што, ако не па има интернет, ќе прочита. Не е дека мажите се неспособни и глупави кога станува збор за домашни обврски. Проблемот кај нас е тоа што секојдневните обврски сеуште се делат на машки и женски и од жените се очекува да изигруваат Пепелашка, да чистат мочки по плочки засекогаш и да перат смрдливи гаќи.
Ок, не е обврска, ако незнае нешто ќе си викне мајстор и готово, ама и јас не оправдувам да не ги делиме обврските, никој не го пиша тоа, и членките погоре пишаа тие сакаат купатилото да го исчистат и ништо страшно не е тоа, еве и јас кога правам генералка на кујната сакам јас, си редам по мое, ова не го правам секоја недела да вадам се од внатре, ама за тоа време еве и јас и членките пишаа, мажите други работи прават, џогираат, бришат прашина итн. И вц шољата ја чистел, не велам не сака, ама параванот и кадата јас сакам, е сега здравје да неможам да фаќам абразивни средства мм ќе си чисти. Има и тие на природна база, ама незнам, некако не им верувам, за вц шоља најдобро ми е Доместос, не секој може да ја поднесе миризбата, мене па ми мириса убаво. И не оправдувам маж што не си ги извршува обврските. Се согласувам. Да знаеш има и такви што чекаат да им намачкаат и нутела на кришка, комшика се уште му мачка на синот 20+, и му сече леб кришки ако не е лебот на кришки купен. Инаку саркастично ми беше дека секој треба да знае и машки работи.