Па еве дај просветлиме ако мажот или жената не е битно кој да работат по две работи како ќе се постигне во се ? Еве јас незнам ,кажи ми да знам сега за сега ниту јас ниту маж ми немаме потреба од друга работа плус ама сакам да знам за во иднина . Како да постигнам и ручек и се ако сум од утро до вечер на работа ?Знам многу каде што мажот работи по две работи некогаш не оди дома на ручек од што нема време успеат купува некоја кифла колку да не е гладен па дури вечер кога ќе си дојде дома руча вечера ,а камоли да направи доручек или ручек .Пиша кога е втора може доручек ,ама еве што ако е од сабајле до вечер на работа, што тогаш ?Или кога ќе дојде во 23 часот тогаш ќе готви ?
Многу зависи и во каква средина се израснати мажите. Свекрва ми ми кажа дека сите домашни обврски се на жената. А мажот треба да ужива.
Пишува во мислењето дека може и ручек што се прави брзо и подоцно да се стопли. Да речам за некој Х. Ако Х скрола на телефон многу, нека намали. Наместо да скрола над 10 минути на телефон, може да подготви нешто. Побрзо да се тушира за да има време бар да свари нешто што не е презахтевно. Опции има, ама некаде нема волја. Некои и готват навечер на евтина струја, па во текот на наредниот ден само го топлат јадењето. Некои понекогаш купуваат полуготови јадења од маркет и само ги печат или топлат.
Па работата не е за полуготови јадења знаеме какви се ,ама еве жената во 15 часот е дома ,треба ли мажот да го чека јајца да испржи ? Ете и тоа е брзо јадење ,макарони ,шпагети било што . Не збориме мажот ако е дома и ништо да не прави .Инаку нас ни се поделени обврските ,јас ако готвам сопругот пушта машина ,алишта ќе пружи ,ќе забрише ,децата ќе ги прошета или и тоа не е ништо знаете колку значи некогаш и само децата да ги прошета а јас на раат да си средам по дома ,потешко е со деца ,и кога ќе се вратат ручаме раскреваме заедно или сопругот јас ги облекувам децата ,некогаш обратно ,јас средувам ,пуштам садови во машина тој облекува деца и одиме на шетање . И јас некогаш готвам навечер за утре ,и кога ќе се вратиме од работа само го топлиме јадењето ,некогаш сопругот зема деца од градинка некогаш јас ,за тоа време некој од нас прави салата и мести маса .Некогаш брзински ручек правиме или јас или тој .
А бе немој така, па што ни се виновни свекрвите? Сега очекувај напад. Не ја оговарај свекрвата, свекрвите се будни и напаѓаат. Па не е лага тоа дека мајките така си ги воспитувале синовите порано, а и сега ништо чудно, па читав јас незнам на која тема, сега брзо беше, млади мајки, синовите уште не прооделе што се вели, уште од сега плачеле дека ќе им го земе некоја синот, и после тие мајки кога ќе станат свекрви ќе се мешаат.
Има! И? Еве маж ми не знае да зготви, ама има работи кои убедена сум дека повеќето и мажи и жени не ги знаат како тој што знае (кога веќе нели се фалите какви домаќини сте зеле). И сега?
Женската рака не е подруга, туку ако жена не си ја изврши обврската нема кој да поправи позади нејзе и ќе биде и јадењето грдо и купатилото поплавено, а кога маж ќе утне тука е секогаш жената да доврши после него зашто така се очекува. Ете, многу едноставно, се надевам дека нема да продолжите да барате оправдувања за намерно половично завршени обврски.
Ај не ме цитирај, сте запнале по мене како слеп за стап, каде пишав јас дека го оправдувам тоа? Не читате изгледа, па пишав што кажа колегата, а не дека мм не си ги извршува домашните обврски, читајте убаво. Фала многу и пријатно!!! Пиши си свое мислење, не го цитирај моето, ниту побарав совет, ниту ништо.
Да ама читај тука колку се гласни членките што имаат вредни мажи ,срамота било да незнаат да готват ,да перат ,како крај на светот да дошол и јас знам и мажи и жени што незнаат да готват и сега што ,да ги утепаат треба . На форумов само се им е подмачкано дома ,додека мажите им чистат и готват тие лакираат нокти и нозе на маса .
Ајде смири се и повтори како се чита. Те цитирав за делот дека женска рака е подруго. Не за колегата, туку за твојот коментар. Ок?
Се смирив хаха, епа читај дека пишав колегата така кажа, инаку има мажи што подобро готват и од жените, на пример вујко ми, ете од постара гернерација е па се знае да прави, и леб да меси. Има некои и млади па очекуваат се од жената, се е до човекот и карактерот. И не, не оправдувам такви мажи што легачат по дома, обврските се делат.
Не, еве што напиша ти: А тоа што се потенцира дека има мажи што готват подобро од жени само по себе значи дека жените по дифолт треба да се подобри готвачи па ако маж зготви манџа добива пофалба како да спремил светски специјалитет.
Епа подруго е нели? И не го сфаќај ова веднаш здраво за готово. Јас уживам и во готвење и во чистење, а далеку од тоа дека мм не си ги извршува домашните обврски, ако чистам кујна, тој друго прави, пример поминува со правосмукалка, џогира, е сега му наоѓам маани, ама ќе му кажам следен пат поубаво да исчисти. Лелеее бе се фативте за "поплавата", сега за ова цццц, многу трагично си го сфаќате ова. Ај не ме цитирајте, си имам многуууу посериозни проблеми од чистењето и готвењето.
Па богами во денешно време, има повеќе такви жени, па ете на тие мажот ќе мора да пофаќа ако му смета, ако не ќе си фаќаат црви по дома и така. Секој си знае по дома како му е и што прави едниот, а што другиот, а тоа што овде се пишува ама ич не е за на памет ставање оти се нај ама НАЈ е собрано на форумов. Во секоја смисла.
Ама се фативте за членката значи ова е претеризам па ете една членка погоре пиша дека сопругот незнае да готви и што сега ,да го утепа ли ? Браво за вредните мажишта што си ги имате дома кој е како вас мажите готват вие седите дотерани по дома како по филмовите се домаќини бре . Се ви е средено блазеси ви . Неее тука сите имаат вредни и домаќини мажишта . Се домаќини земале леле леле мајко ,и ниеден сопруг не погледнал друга само нив и никој друг .Може само посакуваат такви мажи а дома ништо да не пофаќаат .Мажите се средуваат по дома а жените шетаат ,на форумов само .