Ти па гледам колку си писмена, тука зборуваме и за писменост? Судница, а и професорки по граматика имаме. Оффф беее. Барем моето може да се прочита, на некои членки неможам да им разберам што пишуваат па никому ништо. Ама неее кога ќе се фатат за една членка и крај. Се фатија за граматика и интерпункциски знаци од што нема што да пишат, намерно така ставам интерпункциски знаци, нека земат камшик да ме утепаат.
Ајдеее и друга професорица... Па темава не е граматика, ако веќе гледате на мои граматички грешки, вратете се од прва страна и поправајте таму. Да. Никого не навредив тука, вие сте тие што навредуваат.
Види, и мене ми се случило некоја да ми скокне. Страници наназад офф топик, секоја нека си каже свое искуство и тоа е тоа. Не мора да се вреѓате.
Па темава не е и "Анушка и нејзината љубов кон чистење wc-иња", ама еве сме. Мислам дека намерно се правите дека не разбирате што сакаат да кажат членките. Бар се надевам дека намерно се правите.
Па многу членки пишаа дека сакаат вециња да чистат, па не им се нафрливте на нив . Приметувам имате одредени членки на кои им се нафрлувате. Вас ако ве мрзи да чистите по дома тоа е друга работа. Па и тоа јас го викам, секоја си кажува свое искуство немора одма ама твојот маж е ваков онаков што не сака да чисти, има мажи разни, некои сакаат да чистат некои не, и не значи дека треба да ги утепаат зошто не пофаќаат ништо дома. Па почнаа и граматика и оф топик.
Па како нема да е така кога овие теми се натпревар во буквална смисла на зборот од тоа која зела маж кој ја третира како краЉица, па еве на, вие бидете слугинки кога не отварате очи на време па се до тоа која е по самостојна и купила стан, градела куќа, како штедела и успеала да не биде ПРИБРАНА кај свекрвата итн, итн, итн... Па на онаа која има проблем солење памет и како сега ете свекрвата има право ДА ЈА БРКА оти е кучка која дошла од НИКАДЕ, јер ако не си заштедила за стан на 25-30год, не вреди да си жива, како така. А кај нив којзнае кој штедел за тој стан/куќа, ама ќути трај сега, кој те знае тука, битно е да се иссилиш
Во свекрвите се каравте која од вас е поголема домаќинка а тука па која има поголем маж домаќин . Интересни сте, мајке ми.
Ех да си ми жива и здрава, точно до збор. Ајде да учам граматика па ќе дојдам на темава да ме испрашаат професорките.
За пол што се гордее со физичка сила, интелигенција и способност, навистина ги третирате како бебиња што не знаат ништо. Не за џабе синовите растат во мочковци за да бараат замена за мама, која вас нема да ви се свиѓа секако. Сами раснете некомпетентност, и после ја сожалувате генерацијата.
Да така е. Но уште полошо е кога женско се согласува на таков менталитет, тродупло полошо ако го венчаш..
Јас не се согласувам воопшто, незнам што толку ме нападнаа. Поделени ни се обврските со сопругот и не оправдувам само жената да работи по дома.