Да застанеш да читаш овде, ќе си речеш што маж најдов, јадна ја сите дома со метли, џогери, смукалки фучат, све господарки. Уште да ми текне име за филмов ми остана. Може да биде "Кога вратата ќе се затвори". Или "Honey i'm home". И трејлерот ќе почнува вака: Клуч, тазе лакирани ноктиња, тука зумира камера, штрак прави клучот, од штикла 15ка лакована иде нагоре камерата, женска стегната со актовка, мажот и притрчува, жената му фрла клучеви, актовка, капут, овој ги мести уредно, масата наместена за ручек, женава седнува, не и' се свиѓа ручекот, фрла тањир, се крши,мажот зема се тресе тука зачистува одма со по некој ред солзи, ред мрсули, жената легнува на двосед, си става винце (оти овој не е доволно покорен да и стави), пружа нозе на маса.... Да доосмислам само. Stay tuned. Во меѓувреме да си обесам алишта, овој мм не стигна да ги обеси, го пуштив да се издува во теретана, а ја дома дете успивам. Чуда.
Па, тоа е, некој мора со нешто да се теши. Море да одам да затворам машинава, мојот ја наполнил, ама не знае како јадниот да ја затвори, јас поубаво знам како треба. Па да добришам, нешто почнал, ама толку му е на него капацитетот, маж, јас поубаво ќе си средам.
Срамота за мажот твој (саркастично), како така алишта да не обеси, па и дете да не успие, тууу што маШ си земала УПС маЖ со ж не со Ш, да не ми стават кец професорките
Господарка на прстените, во превод македонски-Господарка на мажот. Како така си го пуштила мажот во теретана без да си ги изврши домашните обврски? Јас лакирам нокти, мм сега ме служи, уффф колку убаво било. Ааа на нозете неможам да се наведнувам, па тој ќе мора да ми ги лакира, ама сум си ја наредила, мераци.
Никако мажот да помага. Зошто синчето на мама да се мачи? Тоа напред ќе му падне ако помогне. Беа на гости свекорот и свекрвата и му реков на маж ми да принесе од јадењето на маса. Леле кога добив еден поглед од госпоѓата
Зошто бе во секоја објективна дискусија се вреѓате и вртите муабети какви биле нашите мажи, кога проблематиката е друга? Сите сме со маани, и мажи и жени, неспорно е и не е муабетот тоа. Муабетот е да се престане да се делат секојдневните обврски на пол. Ете така подцртано. Ако имаш пенис, немаш привилегии да не правиш ништо по дома или да бидеш оправдан за неправење на одредени работи. Ако имаш вагина, не значи автоматски дека ќе те бива во готвење. И ред други клише муабети. Јас разбирам дека ве јадат фрустрации од мајките на вашите мажи, али до кога со тој муабет, колку години треба да наполнат за да превземат одговорност дека не е битно како биле воспитани, имаат мозок да размислат како треба да се однесуваат како возрасни луѓе. Не знам ни што ги спомињате свекрвите.
А мене па ме интересира зошто сте ко основчиња, "мојата мајка си купи телефон, ми го даде стариот мене", "ееее а мене ми купија нов Ајфон 14каааа, нананаааа". Уште тема да отворите за големината на одреден дел од телото на мажиштата и комплетна ќе е категоријава. Или и таму ќе се лажете?
Не треба да се делат секојдневни обврски по пол? Епа ајде од утре работете и машки работи по дома, упссс...машките работи не се секојдневни туууу заборавив.
И јас неможам мајкеми, ќе ме пукнете ИмаТ. Сега ќе ја најдам...и ќе пренасочиме сообраќај кон инстата
Поливала, не поливала, исто ти е. Свекрвица што создала тоа ќе е. Или фала ќе и речеш или ќе плачеш. Биљо не почнувај, тек таму што ли ќе прочитаме кога ќе се распишат.
Факт е дека има мрзливи мажи. Ги мрзи да си станат да си земат чаша вода. А да не зборуваме за тоа да си направат едноставно јадење.