Зашо ма? Инче има и голем алат, не се секири, ама брат му е женет . Дај некоја маџија да напрајме да го разведиме
Замислете концепт: маж што ,,е подобар" во 90% од обврските од жената, па доброволно ги прифаќа сите, и притоа ако жената го сожали некогаш она да направи нешто, мажот по неа поминува да го доправи недоправеното и успат ц'цка како жената е тромава, несмасна, нема талент за чистење итн. Не можете да замислите бидејќи не постои такво нешто, а да беше стварно како што викате ,,од човек до човек" требаше пола од браковите така да изгледаат. Има нешто фундаментално труло и погрешно во начинот на кој се воспитуваат машки деца. Па и женските со нив. Цепки на темава за тоа како мажите се смотанки и не ги бива. Ај што е навреда за секоја личност да не знае основни секојдневни обврски (меѓу кои и такви поврзани со неговото сопствено дете!!!!), поголема навреда е за вас што паднавте на земја од смеење за тоа. Од тоа јас би извлекла само дека имате стандарди во минус, а тоа богами и не е за фалење и смеење, за срамење е. ,,Ама не кажав дека ништо не работи низ дома, и јас не прифаќам мрза". Работењето in question: отиде да го шета детето за јас да исчистам на раат.
Ама кој брак е 50:50? Познаваш такви? Ние што се смееме нигде не пишавме дека оправдуваме примитивци. Ама и ние жените треба да не сме примитивци. Ако маж ти е откинат и викенди оди на работа, а ти си дома, имаш време за се', реално дали после 12 часа работа кога ќе дојде дома ќе очекуваш да ја фати крпата и да брише прашина? И обратно нели. Овде на темава, пола дојдоа се испофалија како они нај нај мажи имаат, баш ко децана во основно шо се фалат мама и тато што им купиле.
Темава е ко: не сме способни да збориме за генерален проблем зашто мислиме дека тоа е напад врз нашите сопрузи и некој непостоечки натпревар. Срам ме фати од некои мислења колку ја промашуваат поентата.
А нели е помош и тоа, децата да ги прошетаат, па тука читам членки што мажот не сака ни тоа, па мораат да ги оставаат кај бабите и дедовците, леле ама сте буквалисти, па додека исчистиме на раат додека мажот децата ги шета ќе има повеќе време за нас, ајде ќе се буткаме двајцата во купатило да чистиме, децата нека вришат, како што има разни мажи има и разни деца, некои се мирни некои не, ама како тоа што ви одговара го читате а тоа што не ви одговара не, незнам колку пати се повторив дека некогаш јас ги спремам децата, сопругот чисти, раскрева маса, пушта машина, некогаш обратно, или како во одговара така читате? Неее, мажите само се мрзливи. Па и тука можеби се мрзливи, па мораат мажите да чистат по нив, и јас познавам многу такви, жените не пофаќаат ништо по дома па мораат мажите, како што пиша една членка погоре ако се жените мрзливи и мажите не исчистат црви ќе ги изедат, и тие мажи си имаат мака со мрзливи жени.
Да не треба со пенис да се направат, па ги викаш машки работи? Пред да се омажите, како функционирате во животот?
Па боље да каже дела е мрзлив него ли да одбива да прави нешто зошто смета дека тоа е женска работа. Ако е мрзлив, со сè ќе биде мрзлив.
А бе читате алооооо, сопругот мој си ги извршува домашните работи. Заврши ли натпреварот чиј сопруг е поголем домаќин? Премногу си го сфативте ова со машките работи јаоооо.
Исто што и со мрзливите мажи. И што го извртуваш муабетот? Не збориме за мрзеливост, збориме дека не треба да има делба на машки и женски работи во секојдневието.
Епа мрзливи сте, штом мажот мочките сакате да ви ги чисти. А женските работи да не треба со вагина да се направат? Самата пиша нема женски и машки работи, туку само работа. Па вие делите машки и женски работи. Ајде доста се фалевте со вредните мажиња, ќе гласаме сега кој е најдомаќин.
Кој како ќе се договори. Додека мајка ми беше жива она ги работеше домашните работи. Татко ми беше задолжен за пазарување, плаќање сметки, носење деца по лекари. Чат пат готвеше. Така се договараа. А татко ми знаеше се да прави. Кога мајка ми веќе не можеше заради болеста, товарот беше на татко ми. Ако некоја сака да работи се по дома, ок. Нејзино право.
А бе што зборуваш? Пазарењето не е ништо, мора да чисти мажот, тоа не се рачуна пазарење, сметки плаќање, шетање деца, ти не разбираш. Тука на форумов највредни мажи земале. Не сум заборавила, ти да не си заборавила? Ајде кажи каде пишав дека сопругот само лежи и не си ги извршува обврските? Ова веќе стана фалба на форум, еве во моментов ни прави пица на мене и децата, а јас тука се расправам на форум, што ми е гајле па за вашето мислење. Ајде твојот маж е највреден, не се нервирај.
Не ми е целта никого да навредам. Ние со маж ми си имаме договор дома. Не дека он не знае садови да мие, ама јас не му давам. Малку сум специфична околу чистење кујна и вц. Е сега... Не треба да им се дозволи на мажите да лежат во кревет по цел ден и жената да им слугува.
Види, за мене машка работа е заварување ограда. Мм да не ја направи, јас сигурно нема. Ај бидете реални малце. Јас сигурно не ја правев струјава на спратов, не влечев кабли, не врзував жици. Во мојов дом, меѓу мене и него има машки, има женски работи. Јас нема да легнам под кола да сменам дискови, кочници, да сменам филтри, тој ќе го направи тоа. Пред него, автомеханичар го правеше тоа место мене, не ја. Реално се што правам јас дома, може и знае и он да го прави. Ама се што прави тој, јас не можам. Ај распнете ме сега, секако немате допир со реалност само за да излете попаметни и најжени.
А бе сите го пишаа тоа, ама не разбираат, како така мажите да не чистат кујна и вц, како да не препознаваат средства кое за што е? Многу членки пишаа дека сакаат вецето тие да го исчистат, ама неее, така ги научиле мажите, а не читаат дека додека тие чистат вц мажите други нешто прават, не бе ќе се набутаат двајцата во вц и ќе чистат и ќе се гушат.
А колкав е процентот на мажи вака отприлика што знаат да заваруваат ограда? Или слични мајстории? Еве ја околу мене моиве генерации врска си немаат од такви работи ама затоа секоја жена "знае" да чисти, да готви, да пере, да чува деца. Никој не си ги мери мажите овде, главниот проблем е утнат со безвезни расправии.