За се друго ми помага, ама за тоа не. И за прашина бришење и вклучување машина за перење. Ми вика - Се ќе правам, само не ме терај да бришам прашина. Алишта знае да пушта да се перат. Смешки беше кога го учев.
Ама ти не разбираш, тоа не е секојдневие, садовите и ручекот се секојдневие, струјата и оградата е машка работа, ручекот и садовите се заедничка работа. И зависи кој колку слободно време има и каква работа има, мене не ми е тешко ни ручек да направам ни садови да набутам во машина ако има кој да ми ги припази децата.
Еве јас менувам гуми на колата, на нашата кола а јас воопшто не ја возам. Јас варосувам заедно со него, ама и заедно чистиме. Кога работи нешто ме вика мене дојди ќе ти покажам, сијалици менувам, штрафалица користам, ама пак се тоа несекојдневни работи. А секојдневни обврски како дете, јадења, садови, алишта перење, пеглање сушење,пазарење, плаќање сметки и слично? Не се сложувам само жена да работи.
Ја радо би да работам со штрафалици и поправам коли одколку да перам и чистам по цел ден. Изгледа ќе се размениме со идниот.
Пак ли буквално сфативте? Леле не ми се верува, не ги припазува, туку ги чува неговите деца, така го пишав тоа, инаку и јас сум припазувала деца на комшии. БУКВАЛИСТИ .
Исто и маж ми се чуди како жена може да интересира такви работи ама ете си начекал партнерка по мерка.
Леташ од еден муабет на друг, неповрзано. Прво викаш од утре работите и машки работи, што значи според тебе има машки и женски работи. После ме цитираш и ми викаш ние сме ги делеле работите на машки и женски работи. Кога те преправав за машките работи, ти почнуваш еве да зборуваш како не со рекла дека сопругот само се излежавал. Што сакаш да кажеш воопшто? И зошто упорно си го спомињаш сопругот? Заварување ограда не е секојдневна обврска, зошто мешаш и ти баби и жаби? Исто и ствари поврзани со колата.
Извинете што ќе ви се замешам во полемиките ама ова билошкава разлика ми забоде очи дека не треба да е причина за и мажите да го можат истото...ама зар сакате некој заутен да ви се плетка по кујна и меѓу нозе додека да укапира што да фати и да го употреби а прво и основно уште не може ни да го најде пошто не знае како изгледа а и да му го ословиш по име ќе те гледа бело ко овен пред предизвик и мозгање да му направи пат на друг овен а сретнати се на пола пат и никој не попушта..пример фатил да помогне да измие садовите и кога ќе провериш недомиени или останало од маснотијата па после си викаш ексиќ и помош и се ако ме нервира со вакво невнимателно миење и ќе го баталиш кога ќе видиш колку е саатот пе ќе му речеш аман остај и оди биди корисен кајшто најмногу можеш да дадеш а тоа е амалска работа...да ви биде носечки и влечечки кадар..значи за физички труд, молкнење тешки товари,пазарување, усисување, бришење прашина, плеткање со поправки на електрични уреди и сл. само многу многу и со тоа да не се топори за да не го фркне некој струен удар ако не знае па да се најде во црна хроника ко жртва на струен удар или радијација со накострешен жбун-фризура ко на глоб-тротерси ако успее да се опорави нормално па да се гледа на аутопсија после кај била грешката ..значи работи кои бараат помалку користење на мозок а повеќе на физичка сила пошто ум царује а снага кладе ваља а главна задача треба да му биде според мене да ви овозможи простор во којшто ќе можете да ја изразите сета своја креативност..со други зборови имаш зелено светло да менаџираш за повеќето работи од организација по дом, креативни решенија за уредување на мебел или преместување ради разнообразие ако веќе немаш финансии за да купиш тоа што сакаш, за топлина во домашното огниште, спокој и удобност... грижа за такви поделикатни работи итн...ако има афинитети да зготви ете тоа не е деградирачко па да му ја навреди машкоста на пример пошто многу повеќе готвачи во светот се мажи отколку жени па оттука не теба да се има предрасуди ако го влече тоа...зошто ако си кажеме зошто работите да се делат на машки и женски не мора така да си кажеме,нека прави кој што сака ама нека не станува чест тренд па да си ги замениме улогите и својата вистинска природа..а дека не треба да се има предрасуди за поделба на машки и женски труд, тоа никако..само се умерено и ако може повеќе да придонесе во таа активност за повеќе да помогне отколку да одмогне..ама пак,кој како си мисли дека ќе сте најпродуктивни како пар да си олеснувате така нека си се договори каако најдобро би функционирале..како викаат од преговор до договор а договор куќа гради...само ова малце ко пазарење звучи а не од желба и љубов да се прават заеднички работите фразава што ја кажав: од преговор до договор...битно решение има за се само ако има барем малку добра воља и разбирање што да се постигне со взаемни усилби без и на еден и на друг да му се срони бисерот ако пофати нешто што го вреѓа а може да го направи тоа.ама си увртел во глава дека ова е женска а ова машка работа...се умерено и да не се помешаат улогите премногу..се треба паметно и извагано да се прави...бар ја така би сакал да ми изгледа бракоспојот кога ќе бидам во таква фаза од животот...
Леташ ти изгледа, не препознаваш саркастично од реално. Дааа еве стварно од утре зимам ваљак и ќе варосувам, ќе местам и гипс картони, сериозно си ја сфатив машката работа
Мажите уствари и така си ги гледаат они работите машки и женски. Чудно им е да видат жена како цепи дрва.
значи кога ќе пишеш цела книга ми иде лаптопов од врат да си го треснам! не можеш ли во 3 реченици да се изразиш, аман
Многу долго за читање, цел реферат Инаку го делам мислењето, само прочитав 2-3 реченици, еве јас не сакам никој да ми се плетка во кујна,да ми оди пред нозе зад нозе, ТОЛКУУУ. Ама и ти не разбираш, како така недомиени садови, па мора да знае, никој учен не се родил.
Ако бојлерот ми цркне повеќе шанси иам јас да го напраам со тоа шо ќе викнам мајстор да го направе одма отколку маж ми да се врти околу него и да го чачка со денови . Ова најреално.