Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Колку сопругот си ги врши неговите должности околу домот?

Дискусија во 'Брак' започната од wolf4e, 23 јули 2010.

  1. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.158
    Допаѓања:
    125.028
    Пол:
    Женски
    Земи си ја на мал поседок.
    Може ѝ фали синчето. Гревота. :D
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.800
    Допаѓања:
    34.561
    Пол:
    Женски
    Не фала хаха, бевме викендов, остави доволно млекце за цицање.
     
    На nextredstyle и Adidas888 им се допаѓа ова.
  3. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.074
    Допаѓања:
    9.670
    Пол:
    Женски
    А ти уствари читаш што пишувам? Или едно исто си кажуваш колку да е по твое?
    Ти тврдиш дека не постојат машки/женски работи, јас ти посочувам дека во мојот дом постојат. Што ти смета тебе лично тоа?
    Кај мене на коли 2 пати годишно се менува уље и филтри, кварчиња ситни секој втор месец има,поготово мојата, постара е, башка откинато ги имаме и двете од возење. По дома работи како сечење дрва со моторка, цепење, редење на истите, качување дрва на спрат кај мене, (ги има сигурно 5 месеци годишно, 3 пати неделно полни кутија, грееме одприлика од Октомври до Април, значи пола година),не дека јас неможам на пример, ама така си имаме поделено обврски. Друга работа. Мм секој ден, од 7 сабајле па до полноќ дали 3 саати му се фаќаат да биде дома, зошто работи и плус приватно.Јас викенди сум дома, он не е, реткост е тоа. И сега ти кажи ми дека јас треба да го впрегнам да пере алишта само зошто сакам рамноправност. Тогаш он со полно право, може да ми рече оди ти мести денес струја, јас се ќе направам дома. И така е. Не дека кога е присутен не е дел од се што треба. Пример доручек знае да спреми за викенди кога е тука. Зема дете со него кај што работи, кај што има услови и е безбедно, за ја да сум си слободна дента итн итн. Затоа ти викам дека не може да биде 50:50,ама пуста желба да биде по твое.
     
    На Feniksgirl, Emy867, Kom.pot и 3 други им се допаѓа ова.
  4. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.158
    Допаѓања:
    125.028
    Пол:
    Женски
    Да.
    Да си пише. Да видиме сите.
    Дали ќе биде „браво, сестро“ или „сестро, бегај колку што те држат нозете“...
     
  5. Cinnamon Bun

    Cinnamon Bun Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2017
    Пораки:
    566
    Допаѓања:
    5.995
    Пол:
    Женски
    Нешто слично на динамиката на мене и маж ми. Најчесто мразам да одам сама на пазарување па без број пати одел по ладното да купи нешто додека ја газот си го топлам дома. Исто и за сметките, тој си ги раководи. Тањирите пример ми се 90% моја работа. Си се имаме поделено невербално и како и да е никој не останува без работа, а тоа е најважно, а не морало стриктно и тој алишта да пружи иначе не се важи.
    Исто, маж ми нон стоп нешто поправа, конструира со голи раце, мерак му е.
    А и општо има еден куп работи што се појавуваат низ секојдневието што не можам да ги правам како жена, да сакам и да се помачам да научам може и ќе успеам со тешки маки, ама која е поентата на мачење наместо да се надополнуваме во она што едниот е подобар или му оди полесно од другиот.
    За жал како што пиша една членка, денешните мажи се помалку и помалку се способни за било каква физичка работа.
     
    На Mnik, Pa8la, Anyshka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.800
    Допаѓања:
    34.561
    Пол:
    Женски
    Ако не постојат машки работи нека земат нека поправаат кола, ама неее, не е секојдневие тоа, си читаат тоа што им одговара, и не ми е јасно што им смета ако нечиј маж не си ги извршува домашните обврски, што толку допре до нив?
    Си има за тоа кој да се расправа, тие ли ќе го решат проблемот?
    Ама и детето ако го земе со него и тоа не е ништо, не читаш ли што пишуваат?
    Припазувале деца да чистат раат по дома, па знам по многу другарки што неможат да исчистат од децата, па мажите нивни ги земаат да ги шетаат, ама нее, мора мажот да чисти, па децата ако вриштат не е важно.
     
    Последна измена: 22 ноември 2023
    На Mnik, Cinnamon Bun и MyMala им се допаѓа ова.
  7. Pacifist

    Pacifist Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2018
    Пораки:
    656
    Допаѓања:
    2.264
    Пол:
    Машки
    па не знам само колку јака проценка човек треба да има за да не доживее посеритис само од должината на пораките што ги пишувам ако видиш дека најголемо учество и лајкувања ми се во темата за јадење...значи има една изрека и вика: патот до срцето на мажот лежи преку желудникот..нахрани го и твој е...бар мене ми годи таа изрека...доста ми е едно било какво печење со ориз да ми спремиш или јуфки или незаменливата пита, макар и купечка ама јака некоја (убедливо највкусна и наблиску до речиси вистински домашен вкус во Спицикото во ГТЦ) и други пропратни масноќи ко симити, буреци и мекици и во тоа е целата моја специфична едноставност...ако во тоа гледаш губење на нерви и некоја моја комплицирана природа, алал да ти е на проценката:) а за должинава, секогаш може да го пренасочиме фокусот на било каков друг тип на должина кој ќе ти биде попријатно да го проучуваш и да ти е мерак, а ова со реферативе одма ќе го скратиме
     
  8. Pa8la

    Pa8la Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2023
    Пораки:
    632
    Допаѓања:
    1.601
    Пол:
    Женски
    Ама мора сопругот да ти ги пружи гаќите инаку не се важи :)
     
    На Mnik и Pacifist им се допаѓа ова.
  9. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.291
    Допаѓања:
    33.583
    Пол:
    Женски
    Кои се машки секојдневни работи?
    Чорапите да ги фрли во корпата со алишта за перење или вода да си земи ако е жеден?

    Колку пати маж ти заварува ограда, сменува инсталација за струја дома и ја поправа колата?

    Па можат другарките да ги земат и да ги шетаат децата, а мажите да чистат. Оти така не бива?
    Чии деца шетаат? Оти на шетање дете се гледа како обврска? Сами си сакале, сами створиле дете, никој на сила не им го однесол дома.

    @Pacifist шо ако и твојата идна жена не знае убаво да ги мие тањирите?
    Не се прајте малоумни, здрави, прави, возрасни особи можат да научат ако нешто не знаат. Особено ако им е од животна важност.


    Сте се запрашале шо ако некогаш заминете некаде на подолго? Не дај Боже болест или смрт? Не како ќе се снајдат мажите, туку како ќе ги одгледуваат децата? Со неисчистено купатило, неизмиени тањири, готова храна, неперена и неиспеглана облека?
     
    На Zumbulche, LiquidLuna, MissChievous и 4 други им се допаѓа ова.
  10. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.903
    Допаѓања:
    179.144
    Јас работам све по дома. Во стан живееме, не малтерисуваме, не местиме струи, не менуваме бушони. На маж морам некоја нива да му купам, да ја коси тревата, да има некоја обавеза. И така:bug:
    @RainBow , да фати да исчисти темава, едно 8 страни бош, оф-топик муабети. Или мажот и на Реинбоу, i don't really care.(lalala)
     
    На Zumbulche, LiquidLuna, theowndemon и 4 други им се допаѓа ова.
  11. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.800
    Допаѓања:
    34.561
    Пол:
    Женски
    Прашај ги нив, така си се договориле со мажот, ти ли ќе им кажуваш што да прават?
    Ај не им се мешајте во брак.
    Немам деца и незнам да ти одговорам, здравје кога ќе имаме ќе ти одговорам кој ги шета, ок?
    Гледај си го мажот дома, а другите мажи дали чистат, мијат садови или не да не те интересира.
    Дома сум јас и не ми е тешко, ајде најди каде пишав дека оправдувам маж да не си ги извршува обврските? Што толку ве погодија туѓите мажи дали чистат?
    Ако и вашите чистат, тогаш ок.
     
  12. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.158
    Допаѓања:
    125.028
    Пол:
    Женски
    Има ствари за кои треба да викнете професионалец да ги смени доколку и вие и мажите не сте едуцирани за тие.
    Ама...
    И жена може да биде електричар и автомеханичар. И има жени во светов со тие професии.
    За поситни ствари можете да се научите доколку ви покаже некој. Заштрафување, менување на чешми, фасонки и бушони, гумите на колата...
    А, мажите можат да научат готвење, чистење и перење. Ако пере кола, не треба да му биде комплицирано да пере алишта и садови.
     
  13. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    4.042
    Допаѓања:
    55.363
    Пол:
    Женски
    На глас се смеам во 1 ноќе. :rofl: :rofl:

    Исчитав свашта во темава. Ама накратко ќе кажам само: обврските дома се делат доколку двајцата одат на работа, друго е ако едниот е дома само. Мажите не се дотолку неспособни како што ги направија некои, секој без разлика на пол треба да знае основни обврски низ домот. Срамота е да не знаеш јајца да спржиш, купатило да исчистиш, прашина да избришиш итд. Нема оправдувања.
     
    На LiquidLuna, MissChievous, Mnik и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.291
    Допаѓања:
    33.583
    Пол:
    Женски
    Не им кажувам, гајле ми е за нивните бракови. Уште помалку за туѓите мажи.
    Ми смета тоа што жени напаѓаат жени што сакаат да ги делат домашните обврски со членовите на семејството. Демек пресмешно е. Тие жени кралици се и лакираат нокти, пијат шампањ дури сопругот ги риба теписите.
    Не е во ред тоа што шетањето на сопствените деца го сметате како како помош. Помош е да земам туѓо дете да шетам.
    Не е помош тањирот и вилушката да ги крени од маса после јадење, мислам смешки, и син ми од 2 години го прави тоа.

    Ти никаде не пиша, ама постојано пишуваш примери кои се во контекст на твојот став.
     
    На LiquidLuna, theowndemon, Bezimenka90 и 6 други им се допаѓа ова.
  15. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.158
    Допаѓања:
    125.028
    Пол:
    Женски
    Не она, бе.
    Нека си чита книга на раат.
    @Mihajlo Нека потфати. Доста се извлекува лесно со решавање технички проблеми преку тастатура. :D
     
    На Biljarkata му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.261
    Допаѓања:
    13.013
    Пол:
    Женски
    А Михајло стварно маж и е? :wasntme:
     
    На Pa8la му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Pa8la

    Pa8la Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2023
    Пораки:
    632
    Допаѓања:
    1.601
    Пол:
    Женски
    Премногу го сфативте сериозно ова со машките работи, незнам што толку ве погоди тоа, темата е колку сопругот ви помага во домашните обврски, и секој си пишува како им е, како ги поделиле обврските, и ако не е по ваше одма скокате, смирете се малце, полека. Ако сопрузите ви чистат по дома чувајте си ги никој не во ги зима. И членката пишала сопругот сум го спомнувала, па ќе го спомнувам кога не чита дека поделени ни се обврските, а еве и да не ни се, што толку ве засега?
    И можеби сопружниците така се договориле, што е битно кој шета деца кој чисти, битно е да се завршат на време работите и да се сите задоволни. Можеби тие жени не сакаат да шетаат деца, сакаат да чистат, вие ли ќе им кажувате што да прават? Е стварно не ми се верува, бетер од свекрва се мешате. Ајде и во кревет мешајте им се ццццц.
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  18. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.158
    Допаѓања:
    125.028
    Пол:
    Женски
    Не знам.
    Ама, маж е колку што знаеме. :D
    Нека фати да чисти. Не мора све дамите.
     
    На eliesaab и Mrs. right им се допаѓа ова.
  19. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.261
    Допаѓања:
    13.013
    Пол:
    Женски
    Он ич не е активен, бар јавно не се покажува, се крие. Тука еден куп жени, му забранила неговата, не смее да писне. :$

    Може сеа чисти по дома, од кај знаеме, ако се скарале па за казна го натерала да зачисти, останал без сон сиротиот. ;(
     
    На eliesaab, Pa8la и nextredstyle им се допаѓа ова.
  20. Pacifist

    Pacifist Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2018
    Пораки:
    656
    Допаѓања:
    2.264
    Пол:
    Машки
    Па во право си..Се согласувам и со таква варијанта..Само се надевам дека нема да дојде до такво сценарио:)..А нема да биде толку трагично...Па нема да ми падне круната особено ако имам доволно памет и сознание дека едноставно ако не сакаш да ти шетаат глувци и лебарки по садовите или било што што не е во можност од било какви причини да го направи жена ми, па зошто да не го направам јас...мене тоа не ми смета..плус што викаш, може да ми се погоди некој подолг период да речеме на некое службено патување или ете сам си останал а ете за малер нема во близина продавници, нема храна да купиш па мораш да се снаоѓаш...треба да се има отворен ум за се и да се осигураш со се што можеш за да не се најдеш пред проблем...
     
    Последна измена: 22 ноември 2023
    На Pa8la му/ѝ се допаѓа ова.