Тој да оди да се издувува со другари или да шета додека јас дома работам, чувам деца нема шанси. Не затоа што јас така сакам и сум му наредила,тој така е воспитан и никогаш не би ми завртел грб додека има обврски дома. Чистиме за викенд. Еден чува деца друг чисти. Готвиме заедно. За чување и воспитување на децата учествуваме и двајцата. И да. Постојат мажи што не ја оставаат жената сама со обврските во домот. Секој може. Се друго е изговор.
Се осетив ко недомаќинка. И плус ќе ми се смеат ако кажам дека вечер се фенирав дур маж ми праеше ручек. Шо да праам, бољи готвач е од мене јбг. Ама од дома работиме и флексибилни сме, може и тоа има влијание.. Син ми од сега сам си ја средува својата соба (6год). Со мене дипли алишта. Шанси нема да растам паразит. Мене од бременост многу ми остана чувството на гадење и мириси затоа цела кујна е на мм. Со години ни садови ни кујна чистам. Ама он така и е растен, ни мајка му не го мазела многу и фала и на тоа. Не ги штедите тоа мажите, штедете се себе .
Никој нема да ти се смее, ама и вие немој да им се смеете на членките ако пишат дека сопругот не си ги извршува домашните обврски, ете ти и сопругот сте се договориле тој да ја чисти кујната, некои се договориле жената кујната мажот нешто друго. Проблемот е што премногу трауматично си го сфативте тоа со машките работи па членката погоре скокна шетање деца не било помош туку обврска а не чита што се пишува, можеби така се договориле таа да чисти сопругот да ги шета децата или обратно тоа си е нивно, битно да се заврши што побрзо секоја обврска, еве и јас и сопругот така сме се договориле, јас сум таа што му викам да ги изнесе децата надвор на раат да исчистам ама ме нападнаа, зошто не било обратно тој да чисти јас да шетам деца, ете не сакам може надвор да излегувам, сакам дома, никој не кажа дека сопругот помагал со тоа, па некои и тоа не сакаат, туку си излегуваат со другарите и се пијанчат, читате во темата брачни совети колку мажите си ги извршуваат домашните работи . Ама неее само тука се сите светици и мажите им се светци, никако не излегуваат од дома, залепени се за жената, затоа кафанине полни со такви мажи, а што и вие ли не излегувате сами со другарки туку само со мажите? Многу сте контрадикторни, во една тема пишувавте како мажите излегувале со другари и вие со другарки, па членка пиша со дечкото само излегувала ја нападнавте сега неее мажите по дома се правеле додека вие лакирате нокти,и ова си го сфативте за сериозно. Ти си начекала можеби таков сопруг, некоја членка не, не значи дека треба да го утепа ако не чисти по дома. Сериозно не излегуваат никогаш со другарите? Па штом не ги пуштате не им верувате тогаш. Во друга тема пишувате како си излегувале со машко друштво и немате проблем со тоа и обратно, сега па не излегувале, е тоа е кога чистат по дома немаат време. Читате само тоа што ви одговара, незнам колку пати пишав дека ни се поделени обврските, ама се фативте за децата што ги шетал тоа не било помош. Зависи и кој колку слободно време има, како што пишаа ако сопругот работи по цел ден а пример јас сум дома треба да чекам од него ручек да направи? И не не го штедам сопругот ние се договараме пред време кој што ќе прави. Ајде и сега прочитајте си тоа што ви одговара и сфатете си го како некоја траума.
Па има и мажи што ова не знаат да го работат. Секој маж мора да знае да влече кабли? Ниту пак знае за колата нешто да смени. Пишуваш нешто што нема врска.
Ама и вие тоа што го кажувате спаѓа во домашни обврски. Не е битно кој што прави, битно да се прави. Збориме за мрцини мажи што "не им помагаат на жените по дома". А и те како ги има. Десетина примери околу мене можам да ви кажам каде доаѓаат и двајцата од работа, он ќе руча спремен ручек, ќе се тупне да дремне, ќе стане и директ седнува да гејма до 2 саат. Значи зборам за 40 годишни мажи со фамилија дома. Ни деца, ни жена, ни дом гледа ни пипа нешто. Тие се тие паразити. Личен пример ќе кажам, маж ми неколку месеци не работи, чува дете и све што треба прави по дома дури дојдам јас од работа, потоа делиме. И си имаме преференци, јас готвам секогаш скоро, кујната си е мој терен. Он си има негови таскови одбрано што повеќе сака да ги прави и тоа е нормално. И секако сите околу мене паѓаат во несвест колку е он неверојатен татко и сопруг, а да беше обратно знаете колку ќе го речеа или помислеа тоа? Нула, компир. Пошто за нас стандардите и очекувањата за овие ствари се мнооогу повисоки.
Е добро де и свекрва ми е со такви мислења, ама тоа не значи дека синот ќе го поприми тоа закоравено мислење или дека на снаата ќе и биде тоа ок. Втора опција- секогаш има превоспитување.
Леле пак они истото. Прочитај што пишав пак во двете последни мислења, па реплицирај. Не дојдов на темава да си го мерам. Кај мене има врска. Сфаќате дека за кај мене дома си зборам? Буквално во двете мислења пишав КАЈ МЕНЕ ДОМА. Не пишав кај сите дека треба да е вака или така. И муабетот беше дека постојат машки и женски работи, а не пишав "мм пред 10 години влечеше кабли во куќава, сега не треба да си пржи веќе јајца".
Јас не знам и зошто воопшто пишав. секако се чита колку да се реплицира, а не тоа што е вистина пишано. Еве зема дете со него кога оди да работи, изгледа намерно така ми прави, избегнува обврски по дома. Не дека е тешко да работиш физичка работа и да внимаваш на 5 годишно дете.
Еве вака, ти ги читам повеќето мислења и сакам еве да ти се обратам . Не очекуваме мажот да си дое во 11 ноќеска и да зготви свинско печење. Нормално дека е лудо тоа. Или ако работи две работи. Затоа е брак и се договараме за се. Ама очекуваме наместо да седи и кмиши пред тв да сработи низ дома нешто. Ако се измоча и при тоа како што си ги претставувате дека се тромави и не исчисти после него дека вие тоа го правите подбро не е изговор, Мрза е. Очекувам ко ќе се најаде чинијата и чашата да ги измие или стави во машина. Очекувам дека ќе фати правосмукалка дека веруј нема човек на свет кој ќе рече јас подобро го правам тоа од него. Очекувам да е вклучен во одгледување на децата подеднакво колку и јас. Очекувам дека сам може да си свари кафе, намачка леб и сл. Он очекува кога ќе белиме и јас да се вклучам. Он очекува да ставам и јас нафта или да однесам кола на мајстор. Он очекува дека со електична штрафалка можам да заштрафам, макар и корнез. Он очекува дека за едно клинче не морам да го чекам да заврши он со машка работа. Итн ИТн Ова не е научна фантастика Фала богу што немам таков проблем, ама јасно се поставуваат на тапет работите на старт кој што очекува. Нема што да ги правдаме со изговор- учени се од мајка му така, не знае/ не го разбира средтсвото, поплава ќе нарави, ај греота е работел до 3-4, ај маж е нека седи, аааа па воа е женска работа и сл. Ако е договор меѓу двајцата дека воа и воа јас, а другот ти и тоа е супер. Тоа е брак. Ние ги коментираме состојбите каде што опишав погоре машки и женски работи макар седел цел ден гладен и чека жена му да дое. Не мора на се да сте повикани вие ако не спаѓате во оваа категорија. Татко ми од негови 15 год. седел под кирија, и не може ко ќе се ожени мистериозно да заборави се то правел кога бил сам. Фала многу.
Па и јас ова го зборам, ама никој не ме разбира, се фатија како јас оправдувам маж што не си ги извршува домашните работи. Јас знам многу примери како што го пиша ти, мажи од 30-40 години само одат на работа, јадат и лежат, ништо друго не прават па дури и нешто ако треба машка работа да се заврши, еве и сега ќе ме нападнат мислејќи дека ги делам на машки и женски работи. Не, туку сигурно јас нема да цепам и сечам дрва, ова не се ни однесува на мене, зошто живееме во стан и немаме дрва, ама ете го кажав како пример, сигурно нема да поместувам по дома тешки работи и да кревам, нема да менувам штекери сигурно за тоа нема електричар да викаме, и да пишале не секој маШ може кабли да влече, па и не секој може да готви пишав дека познавам и жени што не готват туку мажите, познавам и мажи што не одат на работа и дома лежат ништо не прават туку жените и одат на работа и дома се прават, незнам каде прочитаа дека јас сето ова го оправдувам? Исто како и ти што пиша кујната е твој терен, пишаа и членките за тоа и за купатилото, ама почнаа со напад мажот сакат ли е, има две раце, не знае ли да чита средства кое за што е. Додека средува некоја кујна, мажот нешто друго.
Па ти пиша машка работа, затоа те цитирав. Тоа не е секојдневна работа - влечење кабли, заварување. Тоа не треба ни да го работи некој што не знае зашто е опасно.
А каде пишав јас дека мојот сопруг не си ги извршува домашните работи? Ете пишав во претходниот пост дека познавам многу такви мажи но не дека и го оправдувам тоа. Инаку тука се учи граматика, ќе те нападнат професорките. Воа-ова, мене ме поправија за интерпункциски знаци, испитот незнам дали го положив Ама тука пишуваат потешко е да штрафиш од ручек, ете ти знаеш и ок е тоа штом така сте се договориле, ама неможат да ти кажат еее тоа не е твоја работа да штрафиш ако така сте се договориле. Пак се фативте за поплавата
Проблемот општо на форумов е одењето од крајност во крајност. Никој уствари не чита за да сфати, туку чита колку да врати. Јас се што кажав овие погоре извртеа. Демек јас глумам снегулка, не се замарам да фатам штрафилица, а он мрза не фаќа ручек да прави. А ништо од ова не го пишав. Башка што, чудо бре, толку увредени и мислења да се дадат, за во туѓ дом, што никако не ги погаѓа нив, а во меѓувреме бараме некаква си демократија, незнам, останувам без мотивација да се објаснувам веќе.
Па јас не пишав дека е секојдневна работа. Не сме сите луѓе исти, не се сите бракови нели исти, затоа и кажав за во мојот брак и дом. Никого не нападнав, на никого не му реков дека мажите треба да им влечат кабли по дома. Не знам што потреба да ме ставате во корпа со останативе. Нити бранам флегми и паразити, нити па некого нападнав за поставеноста на обврските во туѓи домови.
Не биди буквалист туку подобро биди реалист. Јас никаде не ти го спомнав сопругот, ти ги коментирав сосотојбите што ги опишуваш цело време низ коментарите. Ти рече што ако работи две работи? Што ако он чува деца додека јас чистам? И сл. Тоа го коментирам Ако тоа е меѓу вас опција тогаш супер. Вие се плеткате во сите коментари па се наоѓате од нигде прозвани. Ттука генерално се зборува. Се отепавте ти и Анушка само од фалење колку ви се вредни сопрузите па викате што се фатите за нас.
Па и членката пиша што и кажала свекрва и не дека мажот и е легач и дека ја послушал. А бе како си ги сфаќате работиве како ви одговара тоа чудо е. И вие немора да се јавувате неповикани ако не се пронаоѓате во постот, ете мажот ти е вреден, си извршува домашни работи и браво. Секој има право да си каже свое мислење, и ако нечиј маж не чисти по дома тоа е нивен проблем, не е ваш, што ви е гајле на вас? Вие ли ќе им ги решите работите?
Абе нејзе и на Анушка им е супер по дома, а се жалат од свекорите постојано во темата Снаи и свекрви. Ха.
Ама повтроно си буквалист. Реков го немам тој проблем. Знаеш има една спрска поговорка вели- пушти будалу. Абе џабе ти е и 10 мудреци да дојдат тука да ти кажат дека не се фативме за тебе и маж ти ( btw ми е гајле за вас) ти па ќе викаш ама мене ми рекоа, ама маж ми работи. Општо душо, општо се зборува. Барем јас. Ако не знаеш што е општо еве имаш гугл.
Епа тоа е тоа што го зборувам. Тоа се изговори, мајка му така го научила, маж е. остај го на работа беше ( ова можеби е опција за тие жени што не одат на работа) и сл. Ама не сваќаат дека со мажите си имаат проблем. Ама ај да си траеме оти пак ќе се јават ама маж ми работи, ама маж ми вака нака.
Па вие сте буквалисти за поплавата, е незнам кој се фали тука, ова твоево викаш не е фалење? Јас пишав чистев дома а маж ми шетал деца па ме нападнаа зошто обратно не било, ете така се договоривме, двојни аршини, ако некоја пише мажот ништо дома не фаќал одма напад не бил сакат и ние сме ги тинтреле, ако некоја пише се работи по дома фалење било. И маж ми не работи две работи, немаме потреба од тоа, го кажав како пример не само за мажи има и жени што работат две работи.