Значи жени што научивме од темата: Ако мажот направи ручек он ќе нема енергија за други активности, треба да им се смилуваме значи, а не па да им дадеме и да зачистат нешто по дома... Стварно сме биле безобразни ние жените осет да сме немале за нив.
па знаеш како? со се што напишав ако направиш едно резиме и ако и покрај сето тоа ме процениш како што ме проценуваш, тогаш јас сум пресреќен што би ме одминала девојка како тебе со такво ограничено мислење за мене и би се заблагодарил на Бога што ме спасил од тебе зошто знам дека чува нешто многу подобро за мене.
@Pacifist ако те уморува готвењето, дали те уморува работата во кревет? И тоа е дел од домашните обврски.
па за таа домашна обврска не верувам дека има маж кој нема да ја стави на топ прајорити активност па и ја не сум исклучок...тука само игри без граници,скај из д лимит и тоа нема крај кога ќе почнеш веќе..кога си се фатил за орото на страста и љубовта, има да го играш богами
Е одлично, заклучивме дека ние двајца не би функционирале. Гледаш, ова е тоа што зборувам цело време. Ако видиш дека со некој не функционираш на прва нема што втора шанса, трета и сл. Јас и ти еве никогаш за ништо нема да се најдеме на пола пат, па и за обврски околу дом ( кој колку треба да учествува). Ако пола од членките ова го свателе со нивните партнери сега немаше да постои оваа тема. Јас можеби за тебе сум ограничена во размислувањата ама реалноста е таа. Маж кој се уморува според тебе од готвење која е шансата од 2 минутен секс дека нема да измори. А од 2 мин што бива, ништо. Енергија во готвење се троши исто колку 1 или 2 мин секс. Па сеа ти пресметај си каде си на таа тема. Ете многу убаво се разговара кога од старт се согласуваш дека не се согласуваш со некој. Поздрав пријателе.
Ауууу супериорен инфериорен шо сум јас ако излезам да исцепам дрва оти маж ми дошол од работа во 10 вечер? што е он ако секоја недела кога е дома зема деца за јас да се наспијам, спрема појадок и е со нив додека спијам до 9? па да ме нема за нешто не дај боже кој ќе им спреми дома на децава, кој ќе ги испере, у кочина ли ќе живеат? Не мора полнети пиперки да им спрема де , ама една палента, макарони, јајца, пире и месо, супа накратко, ќе имаше развод ако не делевме ка што делиме и сега, и то е то
Леее муабет. мм вакви муабети да го дознаам дека прави по форум, развод потпишувам со 2 раце. На волку галамење, не е на арно работичкава
Прво, со сета почит на твоето исцрпно користење на моќта на убедување, еднозначно заклучување, себепотврдување и докажување, единствено што мене ми е битно е мојот начин на размислување и вреднување на работите да го разбере и да му ја види смислата и суштината оној, кому сето ова на неговата душа му делува препознатливо, толку блиско и природно, речиси вродено, како цел живот да го носел со себе. А ако ја искористиш онаа баш вистинската моќ на женскиот пол за читање меѓу редови, би требало да разбереш каква порака ти испраќам.Се најубаво.
И затоа сме тука каде што сме, заглавени во времето, во обид да бидеме феминистки, а поим немаме што е тоа. Да се мешаме во секој двор, во секоја куќа, нашето да е секогаш најдобро и да си слушаме и читаме како ни одговара. Да се пофалиме како идеално ни е дома, и да даваме совети пошо така ние мислиме дека треба. Да мешаме баби и жаби, зашо не знаеме што да вратиме. И затоа и уште ќе бидеме на исто место зашто сакаме да биде ние како што сме замислиле и сме ограничени. Секоја чест.
A бе тука сите се фалат дека имаат идеален сопруг, а читам во други теми пишуваат се умориле од чистење сами, сопругот им бил на лов цел викенд и тие останале сами со децата, на некоја секој ден си одел со друштво во кафана, па не ги чувал децата, само лежел, а тука на оваа тема сите вредни домаќини земале.
Od moja gledna tocka - treba da Im dadete prostor na mazite za da rabotat po doma. Nemoj da mu kazuvas deka ne go srabotil toa sto veke si go srabotila. Samo ostavi go nesraboteno toa sto mislis deka e negova obvrska. Ako te saka ke mu tekne kaj gresi.
Едвај чекам да се оженам за покрај моите, да ги перам и мијам нејзините алишта, садови, да поправам ситни дефекти по дома од довод, ел.енергија, да го средувам дворот итн. Работата го краси човека а мрзата го гнаси.
A ne, izvini, ako te saka ke si gi delite rabotite, vo sprotivno te iskoristuva. Zboruvam za bracen par kade sto dvajcata imaat redoven raboten odnos.
Исто и она едвај чека да се омажи за да ти биде вечна слугинка. А за да поправаш ситни дефекти по дома, треба да те бива, не е по дифолт тоа зошто си алфа мужотина.
Пиши ни дали ќе биде вака како што се искажа сега. Некои мажи ( не велам ти, не те познавам) мистериозно забораваат се што правеле кога биле ергени. За алишта да пере , садеви има сега жена, за ситни дефекти од дома. ел.енергија има мајстори и некои се претвараат во МРЗА.
Тебе ќе ти одговорам оти има логика во мислењево, на таа (или тој) над тебе - во никој случај. Па види, мали се шансите вреден и озбилен момак да ќари девојка, за да се ожени уште помали. Треба да е расипанштина од човек, гледам на таквите им успева. Среќа што сум сигма и во живо и ич за ништо не ми е гајле.
Па тука пишуваа жената и да не работи, сопругот треба да ги извршува домашните работи, значи нема врска дали се двајцата во редовен работен однос. Еве да те прашам, само прашувам не те напаѓам, дали сопругата твоја ако не работи ќе очекуваш се од неа да прави по дома? А еве само ти ако работиш, дали тебе таа ќе те искористува? Се е договор помеѓу двајцата, ако некоја решила да не работи и да чува деца дома тоа е нивен проблем не наш. Ако решиле сопругот да работи, а таа се низ дома пак е нивен проблем, премногу го сфаќате ова лично и скокате, не зборам за тебе, општо.