1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Колку сопругот си ги врши неговите должности околу домот?

Дискусија во 'Брак' започната од wolf4e, 23 јули 2010.

  1. evangelina.ina

    evangelina.ina Популарен член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2010
    Пораки:
    447
    Допаѓања:
    17.842
    Пол:
    Женски
    Идентично само да додадам едно 10 години плус брак,значи скоро никогаш не помага и се е моја обврска ..
     
  2. rici.aaaaa

    rici.aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    3.403
    Сега нема време да се заврти а не да ми помага се задоволувам што ми прави пудинг кога ќе ми се пријаде
     
  3. leo-n-tina

    leo-n-tina Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    449
    Допаѓања:
    386
    Го читам насловов и си мислам има ли и јас да напишам овде нешто :(
    Абре поголема флегма не сум видела турни ме да кинисам е работава.
    За нешто да се направи треба да трубам цела недела ,да се искараме добро па со нервоза да се направи немам зборови од работа одма во пижами е намерно не облекува тренерки за недај боже нешто да не му речеш дека треба да направи од такт ме вади .
    Јас стварно го разбирам дека му е напорно на работа ,некогаш и на смени но цело време му викам добро а тие жените што работат со тебе ако одат дома и одма легнат сигурно мажите нема да ги трпат така но се џабе до човекот си е ,и со добро сум пробала и со лошо нема ефект едноставно да си пуштам и јас мозокот на пасење како него и да не се нервирам ( се трудам ама не ми упева )
     
  4. cecilia

    cecilia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    1.329
    Допаѓања:
    1.195
    Колку ми помага осеќам кога не е дома. :(
     
  5. violetmoon

    violetmoon Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2012
    Пораки:
    84
    Допаѓања:
    27
    Пол:
    Женски
    е за помагање не можзам да се пожалам.колку што јас работам скоро и тој златен ми помага,пушта усисивач,мие садови прави ручек,керка ми ја бања,за се ми помага пошто и двајцата сме вработени не оди се на мене да ми ги остави домашните обврски.многу си го сакам и можам да кажам дека е големо олеснување кога ти помага мажот. :)
     
  6. srcka2002

    srcka2002 Активен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2012
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    16
    Не можам да кажам дека нешто посебно помага во домашни обврски, освен што ги разнесува децата од сабајле, и плаќа сметки, понекогаш пазари.... не ми смета, може сум се навикнала, по цел ден е на работа ( од 10 сабајле некогаш и до 9 навечер 6 дена неделно ), па некако ми е смешно да му кажам кога ќе си дојде, еве ти ги садовите, и напиши домашна со децата. И јас работам, учам, две деца раснеме, свеки помага по дома, мајка татко кога треба, се вика жена кога треба, не се дере ако нема ручек, ако не е средено се под конецисто не урла, можам да кажам дека во тој однос е баш либерте и не ме замара, јас повеќе се замарам. Што е најбитно на децата им го посветува своето слободно време, нема комп и фб, а кога ќе заспијат останатото време се знае за кого е :lol: . Веќе 12 години така, и сме немале проблем до сега, може сум грешка, може некој не може да живее така, ама се е навика
     
    На friendy му/ѝ се допаѓа ова.
  7. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.879
    Пол:
    Женски
    бидејки живееме со неговите не помага бас а и не му дозволувам бидејки тој оди на работа..
    кога бевме сами двајцата си имавме ред на се и така не се валкасе многу :)
     
  8. MAYAG

    MAYAG Активен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2012
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    62
    Не сакам многу да ми помага,ја се прибирам во 16.30 , а мм во 19 часот.Сакам само да не ми одмага! Да си крева се што е негово, како алишта, по јадење да си раскрева,....ете толку барам!
     
  9. Dona-Ares

    Dona-Ares Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    503
    Допаѓања:
    216
    Пол:
    Женски
    Ми помага во се,стварно не можам да се пожалам-чистиме барабар заедно,ги делиме обврските и стварно нема предрасуди во тоа :rock:
     
  10. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.408
    Допаѓања:
    5.364
    ми помага и тоа доста. Секогаш кога имам потреба од нешто се потпиран на него, без разлика што живеам со свекрва. Секогаш сакам он да заврши некоја обврска а не да малтретирам други. Така да сега за сега сум задоволна од помошта што ми ја дава ;) за понатаму здравје само ;)
     
  11. danielka0507

    danielka0507 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2011
    Пораки:
    422
    Допаѓања:
    307
    Пол:
    Женски
    Ништо не ми помага...Знаев дека е таков и пред да се земеме и си го прифатив..Незнам дали некогаш направил некоја домашна обврска...Реткост е јадење и после остава неред..Кога ќе ни дојдат гости он сервира, и само тоа...Пазари, јас торба не сум донела дома, ама тоа е се...
    Ми смета точно е..Но по цел ден е на работа, работата му е напорна, заработува солидно, и еднаш неделно ми доаѓа жена, така да и не треба да се жалам...Спремен е секој ден жена да ми плаќа само да не го малтретирам... :D ...И не го бива, за по дома е трапав, па и боље нека седи само хахахах...Искрено и немам некои проблеми од типот секој ден да има ручек, зошто ова вака, она онака...Незнам што да кажам..Убаво е да помагаат по малку...Сепак се тоа домашни обврски а не женски и навистина треба секојдневна помош бар по малку.Ама тоа е..
     
  12. Betty.Boop

    Betty.Boop Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2011
    Пораки:
    137
    Допаѓања:
    61
    Јас сега за сега можам да кажам дека доволно ми помага не околу се али.....доволно иако кратко време сме во брак ;) и баш сум среќна па ќе видиме до кога :D
     
  13. Agrona

    Agrona Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    1.713
    Пол:
    Женски
    Мм ми помага само тогаш кога сака (а тоа се случува еднаш месечно) или ако ептен не му се обесам на врат или почнам да мрчам :lol:
     
  14. ivanovicka

    ivanovicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 март 2012
    Пораки:
    395
    Допаѓања:
    227
    Колку ми помага толку и ми одмага понекогаш тоа и ми смета, стварно чисти, работи по дома , пере садови, крева раскрева, се е тоа супер, ама знае и да биде тешка мрза па тоа што го средил да го растури, да го уништи, ме нервира што не пази на флеки, што со кондури си шета по дома, што јаде во кревет , (ама пак ми е жал да се развикам по него кога знае да ги земе прекривачите од дневна да ги испере , па и да ги испегла ако јас неможам ) така да мажми ти е што да ви кажам , и така и така, па си ќутам и си терам работа, ... редовно се фрлаат работи што се пофлекани и упропастени ама пак и се купуваат (еве сега го терам ова стазиве да ги смениме , дома пред да дојде бебушка се се направени лом од што се влегува со кондури дома и што никој не пази ниту он ниту гости што ни доаѓаат -што има еден другар што да ви кажам како стока (боже ми прости) и јаде и се однесува стопати пиво му се има истурено доле , ама ајде срцка е за други работи многу па си ќутам ) а и мажми си е таков ...и да не забегувам зашто на оваа тема имам да зборам до миље воље сакам да кажам дека иако не го покажувам тоа во јавност и пред мажево мое , има прво он , материјалните ствари се небитни битни сме ние , се се купува само човек не , па ако биде и пофлекано нека е ...мажево ми е срце , за многу работи...сега кога сум на крај пред пораѓај стварно ептен ме разгалува...после приматот ќе го преземе бебушка осеќам :lol: :lol: :lol:
     
  15. ma4enceEdno

    ma4enceEdno Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2010
    Пораки:
    399
    Допаѓања:
    465
    Јас живеам заедно со дечкото скоро 3 години , не сме во брак :$ , но морам да го пофалам дека многу ми помага, посебно кога треба да се чисте, недај боже да ме види сама како чистам одма зема крпа и си ја знае работата :D Но тоа го праве само кога сме заедно, да е оставен сам некое време, слабо да му текне на тоа, мора некој да го потурне малце :)
     
  16. pepus

    pepus Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    696
    Допаѓања:
    156
    Не ми помага воопшто и тоа ми смета зашто пред да дојдам од болница помагаше колку и да се трудам да го вовлечам во се и да не се чувствува запоставен не ми успеа на крајот дигнав раце кога ми се заврте еден ден и ми рече цитирам „вака ќе биде отсега натаму колку побрзо се помириш помалку ќе се нервираш“ и си праам што ми одговара не ни прашувам што и дали сака нешто за ручек, нормално оттогаш бракот е во уште поголема криза и гледам сега денес нешто се труди угодува праи муабет за тоа ама мнооогуууу касно сеуште сум љута за тие зборови
     
  17. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    16.421
    Допаѓања:
    34.026
    Пол:
    Женски
    На мене сопругот ми помага во се. Чисти, готви, пере. А бе, домаќин човек. :D
     
  18. Vetruska

    Vetruska Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2013
    Пораки:
    791
    Допаѓања:
    491
    Пол:
    Женски
    Мене не ми помага баш. Може да го молам 3 дена да помине со џогер, па ќе помине кога ќе му се сака. Знае да измие тањири понекогаш, да фрли ѓубре, да ми помогне во симнување завеси или да намести кревет. Генерално тоа е тоа. Затоа се договоривме да ми доаѓа еднаш неделно жена дома (сакаше нешто да ескивира да доаѓала еднаш во 2 недели, ама не попуштам, не е доволно).
     
  19. HEV

    HEV Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2013
    Пораки:
    544
    Допаѓања:
    636
    Ако се пожалам многу ке погрешам,значи во се ми помага ако јас перам или го гледам малио тој ке направи ручек ако е дома,ако имам некоја др раб ако неможам да ги послтелам алиштата тој ке ги постели,ама буквално во се ми помага а и јас нему во што и да е му помагам,а посебно околу малиот имам неверојатна помош го преслекува сеа откако сме на дохрана ке му напорави млеко ке му даде јас си терам раб значи немам никаков проблем и му благодарам на Господ што си најдов таков човек кој знае да ме почитува не само како жена туку и како мајка на негговото дете.
     
    На Nedzhla, encimenci и Vetruska им се допаѓа ова.
  20. Espadrila

    Espadrila Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2013
    Пораки:
    1.143
    Допаѓања:
    20.736
    1. Миење садови- секогаш кога до доцна вечерта сме имале гости. И онака си темпира да ни идат гости кога следниот ден не не на работа...а и да е, си иде најдоцна до 13 часот, а јас во 16, некогаш и подоцна ( и успут знае да ја гланцне кујната фино)
    2. Пуштање машина- тој ме научи како се пушта но......може да ја пушта само кога јас претходно ќе ја наполнам, селектирам алиштата, ставам детергент и омекнувач, одберена е температурата, а тој само во 22,00 часот ( на ефтината де ....) да пушти плеј. Инаку....јок :D
    3. Правосмукалка 1 -2 годишно. Не е лош, мада не смука под трепез. маса и ќошот позади ТВ, али му викам браво срце мое, шо убаво си :lol: завршил....
    4. Џогер, исто 1-2 годишно, и ако нешто сам извалка до степен да е потребно џогер
    5. Готвење- не, освен јајца да си испржи или ев. макарони да свари
    6. Пеглање- знае по потреба да си испегла сам, но преферира јас да го завршам тоа
    7. Фрлање ѓубре и не го сметам баш за некоја обврска и задача
    8. Пазариме заедно скоро секогаш, иако признавам тој е поглавниот купувач
    9. Преберување по дома- исклучок од правилото јас
    10.Купатило- скоро никогаш (барем не се сеќавам)
    11. детето....уф е сега веќе можам да го оставам на него и да не противречи, ама сега сме и потпораснати, скоро 2 години....а претходно- буквално готвење, чистење, правосмукалка, џогирање, прозори, перење, пеглање и БЕБЕ беше се на мене...среќа малиот ми беше мирен, па си стигнував.
    И сума сумарум....заклучок, може и знае....ама не му се сака баш....Ама јас знам и фино да замолам ;) , а знам и да ржнам :devil: ... некогаш и така и така ме послушува, а некогаш ни така ни така....
     
    На midnight.flower, anina и creshicka им се допаѓа ова.