Е баш ми се допаѓа објаснувањево... И кај мене е идентично освен тоа што јас детето не му го оставам бидејќи би останало цел ден гладно
Па кај мене не е дошло зорт за цел ден да сум отсутна. И знам дека ќе трча кај бабите, а за јадење посебно кај свеќи- таа е ескперт за ранење деца
многу ми помага.... - јадење - правам јас воглавно ама за викенди и кога немам време прави тој.така да тука сме поделени..готви многу убаво не да го фалам - чистење - и јас и тој...знае да зачисти тераса, да навади цвеќе, да истреси... -машина пушта и спружа алишта кога не можам јас. на мене е само смукањето со правосмукалка и прашина, а се останато си делиме кој колку може и колку има време... фрлање ѓубре - и јас и тој пазарење исто - кој има време не се случило тој да седи а јас да акам. пример---додека јас смукам со правосмукалка тој прави јадење.јас пуштам машина , тој чисти тераса итн
ИЧ,ама баш ништо и баш затоа сум накурчена овие денови до сто и еден и назад Дома си иде да спие и јаде понекогаш.Не да ми е смачено веќе туку и немам сила повеќе.Јас го одржувам домот (перам,пеглам,готвам,чистам),јас плаќам сметки,јас чувам дете(облекувам,соблекувам,бањам,си играм,носам во градинка,земам од таму),јас плаќам сметки,пазарам и водам ред околу намирници(ко магарица од пазар,од маркети,вода по 6 литри од тие памперси,аптека),јас водам грижа дали се платени кредити и сметки( и он дава пари де ),па барем да ме прашаше понекогаш дали е платено бар за градинката ако ништо друго.И врв ми е денес кога му се јавив да му кажам дека детето ни е болно ,после работа да иде дома да и помогне на бабата ми вика имал договорено со некој за работа ,му одложувал цела недала морал денес.Е пукнав . А да заборавив да кажам дека и јас работам и тоа во две смени , живееме сами,имаме само понекогаш по некоја баба доаѓа да помогне.И ова го напишав за да се испиукам,оти веќе незнам како???????
ова јас да го пишував не ке беше поавтентично.само што имам поголем стаж ,дете од 7 години и второ на пат.допрва мамата ке ми се расплачи
не грижи се и мојот стаж е 9 години ,само ние детенцето си го чекавме малку повеќе..... инаку се најубаво во бременоста и ајде може ќе се сетат да ни потпомогнат малку со вторите деца
Јас со малку стаж во ваше друштво . Скоро две години брак ,бебе 9 месеци ,кажете од искуство каде да пресечам оти маф ми е работава. И јас имам плус куќа со трева за косење,и жива ограда,цвеке, а да и за мерак и за бебе малце ми беше па направив градина засадивме(засадив,но бидејќи веше негова идејата пишав засадивме ) и патлиџани и пиперки еден ред,морков,целер,магданос,брокула,се што имаше во земјоделска аптека купив. Го поштедувам дека оди на работа,ама па нема он срам па сам да се понуди некогаш да помогне ,а ме гледа колку рмбам ама ме жали за тоа треба изгледа да му се заблагодарам. Јас почнав и раце да кревам ,еднаш ке речам ,ако неможам и вторпат третпат не зборам сама си ја завршувам работата немам живци ке почнам да врескам па ке се искараме ,пак нема да се заврши работата,и повеке нервози. А најлошо е ако му дадеш некоја обврска има да ти се одмили да го гледаш цел ден како нешто што за пола саат јас би го завршила он три саати го работи.
^^^^ Ти предлагам ваква стратегија 1. да го оставиш 3-4 дена ништо да не работиш. Само детето гледај си го. 2. Не прави ручек, 3.не пери (нека нема гаќи чисти да си стави), 4. кошулите дотолку повеќе набрчкај му ги, а дефинитиовно не го пеглај 5. не преберувај растуреното....за чистење знам дека нема да оставиш неусисено и неизбришена прашина ради бебушот..... 6.остај садовите еден рид не измиени да нема во што вода да си тури да се напие.... 7. не му давај ..... 8. Глуми дека не ти е добро Малку е злобничко можеби, ама обиди се. Колку ќе ти истрае душичката толку. Потоа обиди се да разговараш со него дека ОЧАЈНО ти треба неговата помош и оти ти сама толку можеш- до тука. Претпоставувам дека веќе и му имаш кажано, но овој пат заводнички кажи му го тоа Друго нз што да ти кажам. Ти посакувам успех во стратегијата
Кај нас има некој ред и поделба на обврските. A некој забушава(читај меѓу редови он) воведувам диктатура која стапува веднаш на дневен ред и се карам Се зависи од обврските кои ги имаме, смените и слободното време. Тој што е дента слободен или порано дошол од работа прави јадење, пушта машина за садови и алишта, спружира алишта... Доколку и двајцата сме исцрпени не фаќаме ништо, ќе си нарачаме за јадење а домашните обврски ќе ги одложиме за другиот ден. Малиот не пегла, тој дел е целосно на мене. Пеглам, раскревам и сортирам во плакарите во спална. Кога правам генералка и чистам он изнесува ѓубре, хартија во контејнерот за хартија, шишиња во контејнерот за стакло, празни амбалажи во супермакет, он чисти скалите во зградата на нашиот спрат. При обично прираскревање на две на три што би рекле , малку вецето и кујната, он мине со правосмукалка цел спрат и си го средува хаосот во работната соба. Пазаруваме наизменично кој како ќе му дојде. Не одиме секогаш заедно оти не сакам да ми се меша во пазарлукот . Најчесто си одам сама, ќе се натоварам колку што треба и не треба па му се јавувам да ме пречека. Во однос на админситративните обврски, јас си ги вршам моите а он неговите. Оние кои се однесуваат на двајцата ги врши он. Истото се однесува и во однос на закажување термини.
Јас имам да се пофалам конечно 2 дена по ред ручек плус завчера еднаш садови далеку е од она ич пу пу да не го урочам кај мене упали следново нема ручек, нема секс , љутки поцел ден и на криво гледање . Од муабетење муабетев 3 месеци ништо не добив се љутев вака 3 месеци и добив нека е долгорочно ама не ми се верува
леле leo-n-tina абе се изнасмеав,а ова веќе видено ,мојот вика леле јас потполно те разбирам,јас ако сум сам 1 саат со детето сила снемувам,а ти како издржуваш Да не знае човек да се смее или да плаче Што имам јас од тоа??????? Ме разбирал.... абе да станеше па да усисаше,садови измиеше,ручек направеше се малку
Мојов подобро ич да не фаќа. Поише растура него што чисти. А толку има ќејф да ми помага, сега поготово кога сум трудна...ама пусто нема поима што како се праи и тродупла работа ми отвора. Само усисава и џогира како што треба. Пред некој ден се пожалив дека ќе треба да ја пакуваме зимската гардероба под кревети и дека ќе ми е многу напорно прередувањето на плакарите, и овој демек да ме изненади земал извадил све надвор од плакарите, цела соба џумбус, погрешните работи ги складирал, а останатите ги здиплил во плакари. Ама луѓе, како што не диплел никад во живот очигледно, плакарите беа како атомска да пукнала внатре. Па уште ме вика `дојди да видиш што направив` леле луѓе дамла ќе ме удреше. Ситуација :Мунти Пајтон! Солзи ми идат на очи, а неможеш да му се налутиш, ко загреота ме гледа. Сега све сум на препад! Дури криво ми е, само му викам : аман жити мајка немој да ми помагаш!
Ајде да ве замолам за совет Сакам да го спремам тактички мм за кога ќе се породам да ми доаѓа жена еднаш неделно за да чисти. Ајде додека сум дома може два пати месечно, ама после ќе треба секоја недела. Не знам како да му пристапам. Мајка ми цел живот дома има чистачка, а мајка му цел живот пере сама ќебиња во када и се растргнува од чистење и пеглање и све све све сама. И некако како низ заби еднаш да промрчи демек нема пари за тоа, а уствари вистината е дека јас пре нема да јадам скап ручек и ќе платам тој ден чистачка, или нема да купам кондури ама ќе имам среден дом. Веќе еднаш имам коментирано дека не помага многу, ама да го прашаш него ќе рече мнооогу дека помагал Како да го обработам тактички малку за да имам помош дома, да не се расправаме он да чисти барабар со мене, а да можам јас да се посветам и нему и на бебето и себе и утре на работата, а истовремено да имам среден дом? Малку кучкински може од мене што барам вака обработување, ама ќе биде за мирот на сите, а убедена сум дека не се многу пари во прашање (може 3000 денари кои повеќе значи да е дома чисто и средено отколку да ги имам во џеб или на сметка), само немам како да го убедам.
Ме изнасмеа. Подобро е да ти помага отколку да не ти помага - верувај. Немој да му велиш дека не чини и да не помага. Покажи му како треба. Еднаш, два пати, три пати -десет пати ако треба. Штом изразил желба да помага - ќе научи. А и за почеток, делете си ги работите: тој нека усисава и џогира (на ова јас и прашина да брише би му дала ), а ти ќе си диплиш (може да си седеш и диплиш). Или ти дипли, а тој нека се вртка околу тебе (нека ти подава, нека реди во плакар и сл.), патем ќе научи како треба. И мене не ми се допаѓа како дипли мм, но постојано го подучувам . На крајот од краиштата не е тоа нуклеарна физика па да не може да научи. Толку потешки и покомплицирани задачи извршува на работа и дома, та нема да научи да дипли по мој терк, хе!
кога треба знае да помогне,да испере тепих,да направи салата ако треба да ручаме,вари кафе,секогаш кога гледа дека сум во ,,гужба,, ми помага
маж ми многу работи по дома, и не би рекла дека ми помага- ич не ми се свиѓа кога ќе кажат блазе си ти ти помага, а зашто ја да не му помагам на него- испаѓа дека домашните раб. се под дифолт на товар на жената, а мажот само помага. Кај нас работи кој како стигне, има време и како е расположен! Еве ја денес цел ден сум пред пц, а маж ми усисаваше, вц гланцаше, пеглаше и на крај пица нарачавме..... Никогаш не сме се распаравале околу домашни задачи, а дома ни е секогаш цакум пакум. И не можам да замислам како би живееле доколу маж ми беше само со даљинкото у рака и се да се чекаше на мене тоа ми е просто незамисливо.
и мене маж ми многу ми помага, ќе дојде од раб прави ручек средува се, мене ми вели ти само бебе чувај јас се ке средам. Имам прекрасен маж.
Овој месец не ми помага многу бидејќи по цели денови е на работа. Изморен е и сите обврски ги завршувам јас.
Скоро се сега за сега работат свекор ми и свекрва ми. Ама јас ако му побарам било што да ми додаде, помогне во кујна (баш пред некоја вечер гости кога имавме), не ме одбива. Ќе видиме како ќе функционира ова помагање кога ќе имаме свој дом.
Не работи по дома - само помага. Ама не сум за жалење. Викенди кога чистиме, тој средува алишта, ги забришува масите, го поместува намештајот за да исчистам со правосмукалка, јас спружувам алишта, ама тој ги собира кога се суви Сепак, во глобала, на мене се оставени работите. Само фала му на Господ, и толку што помага.