Интересно, речиси сите што пишале коментар сметаат за себе дека се тешко адаптибилни. Јас пак за себе мислам дека сум исклучително адаптибилна. Ама сум изгледа и малку егоистична, па кога ја видов темава, појдов од себе и мислев дека и другите се исто како мене адаптибилни.
Хахаха, сигурнооо? Шала на страна, си има предности, ама има и недостатоци (на пример за да се заштитш мора да научиш да поставуваш јасни граници и црвени линии, посебно во односот со некои луѓе)
Важам за адаптибилна личност. Ова што ми се случува периодов, промена на работно место а дома ме чека мало бебе од 8 месеци, еден цел ролеркостер... Преку вечер ми кажаа дека се затвора фирмата и дека треба да си барам нова работа. Одма почнав да барам, немав време за кукање па зошто па како... И најдов. И ќе почнам таму од 1ви.И пак ќе бидам најдобра во тоа што го работам. Бидејќи знам за кого работам, бидејќи знам за кого живеам, и ништо не може да ме турне. Со синко и неговите потреби додека се адаптирав изгубив 18 кила.Имаше денови заборавав вода да пијам. Потешка ми беше таа адаптација бидејќи цел распоред на денот се менува.Трчаш и не застануваш, нема дугме стоп.Ама се од љубов правев, и се уште правам. Уживам во секое поле од адаптацијата.
Не знам колку, просечно. Сакам рутина, сакам да се држам до планови и дефинитивно не сум фан на промени, ама стравот од промени не мора да значи и неадаптибилност. За да го намалам стравот ја користам предноста на overthinking и правам план А, Б, В и цела азбука ако треба да ги опфатам сите исходи. Не влегувам со конкретни очекувања или поточно очекувам дека се е можно да се случи. Така на ситуации полесно се прилагодувам. На луѓе е потешко, затоа што не можеш да знаеш на какви ќе налеташ. Што не значи дека и за тоа не може да се направат планови. Само тешко е кога некој ич не е флексибилен и цврсто се држи само до своето. Не дека не можам да се прилагодам и на тоа, само ќе почнам да се губам ако не поставам граници. И мислам дека сепак сите членки тука што пишаа се поадаптибилни од тоа што мислат. Бар така јас гледам на темава. Пример, некој може да умира од трема пред интервју за работа, а од кога ќе се вработи да се вклопи одлично. Што значи дека сепак е доста адаптибилна таа личност.
Или индивидуата се приспособува на општеството или општеството на индивидуата. Ова второво малку потешко.
Адаптибилан сум кон луѓе со секого можам да најдам заеднички јазик ,толерирам...ама тешко адаптабилна сум на нова средина,нови настани,промени од животна важност...
Со оглед на изминативе пет години, успешно надминати. Секако, имаше фаза на плачки, посебно на преселби, но и тоа е нормално. Колку повеќе сме флексибилни, толку подобро за нас.
Адаптилноста не е толку одраз на карактер колку што е општествена појава. Често приметувам, особено меѓу младите родители, дека ги држат и чуваат децата ко во стаклено ѕвоно. Им фали таа пргавост, искуство со улицата, да се снајдат, затоа и тешко се адаптираат на нови услови, тешко прават прогрес во животот, се потешко се одлучуваат на обврски, жртвување, брак, затоа што комфорот е сериозна болест.
За себе сметам дека сум доста адаптилна на промени , што порано не беше така . Со тек на времето , сфатив дека не можам се да контролирам , дека не секоја ситуација зависи од мене , па затоа научив да се прилагодувам на моменталната ситуација . Колку и да е таа тешка и неочекувана за мене .
Воопшто. Нефлексибилноста е една од моите најистакнати особини. Сакам познато, сакам рутина, сакам комфорт зона, а не реагирам добро на промени.
За најголем број од ситуациите сум добро адаптабилна.За некои работи знам дека не би се навикнала лесно ама за сѐ друго сум флексибилна. Инаку, сакам промени, постојаното вртење во круг ме изморува и сакам постојано нови нешта и нови луѓе.
Charles Darwin ima receno: "It is not the strongest of the speciest that survive, nor the most intteligent, but the one most responsive the change"
Прилично, можам лесно да се адаптирам на нови луѓе, нова средина, рутина.Буквално неколку часа ми требаат па и помалце
Во последно време сум повеќе адаптабилна. Дури мислам дека е од суштинско значење за да се исфункционира денес.
Многу тешко прифаќам промени, ми треба многу време за да се прилагодам. Посебно ако сум во некоја комфор зона и потоа да следи промена, ми создава анксиозност и не можам да се соземам долго време.
Прво ме фаќа паника од промени, а потоа сфаќам дека сепак брзо се адаптирам. Си сакам да бидам во некоја сигурна зона, и не сакам чести промени.