На скала од 1-10 би дала 8ца, се е добро и убаво, ама има периоди, денови со лутења или кавги, ама поминува Иначе задовола сум си
....може ќе звучам како филозоф,ама....задоволна сум толку колку штосум долго со дечко ми - тоа кажува се
Па веќе 1 година сме заедно да не би била задоволна немало да бидам сеуште во врска. Нормално е да има во секоја врска караници и кај нас има ама брзо поминуваат и лесно се решаваат. На скала од 1-10 би дала 8,5!
Никогаш неможам да бидам целосно задоволна. ОК е,има убави моменти,има и лоши ама тоа е тоа што ја прави врската.Кога би ми било совршено,би било досадно зар не?
Да оценам, па да речеме 7,5 или 8. Кога сме заедно има нежности, страсти, љубов, поврзани сме емотивно, разговараме за се и сешто и не се срамиме еден од друг. Голем минус за него што е љубоморен и некогаш се лути за ситници, а и направи некои работи што ме повредија. А голем минус за мене, бидејќи уште не можам да преминам преку нив и да му простам, па сега се примам со резерва а тој мисли дека не му верувам. Абе му верувам јас, ама не 100 %, со мала доза на сомнеж Сепак, уште се надевам дека барем малку ќе се промени и нема толку да се караме за ситници и глупости. Ама тоа е, кога некој ќе те повреди на некој начин, едноставно ја губиш довербата во него. А таа доверба тешко се стекнува. Така и јас
Од 1-10 би рекла 8 ... кога сме сами заедно се е преубаво, ама кога ќе се појават неговите другари .... не знам... го чувствувам како да се оддалечува од мене ..
При крај сме , значи незадоволни.И двајцата.Ама сега.Инаку задовола сум со делумно паметно потрошено време.Искуство повеќе.Да бегам од кретени навремено.И да се понашам по ноншалантно.Да не чистам тоалети невенчана.
Колку што е потребно за една врска да биде убава.. од 1-10 би рекла 8... тие два поени одат кај кавгите за ситници кои колку и да сакаме никој од нас неможе да ги избегне, ама па без нив би ни било многу монотоно, нели?
Многу, ама многу сум задоволна од тоа како си ја изградивме врската. Си имаме доверба, разбирање, љубов, секогаш сме си поддршка, исполнета сум и за тоа сум најсреќна. Врската ми е една константа во животот, знам дека секогаш можам да се потпрам на него.
Доста сум задоволна како сега, така и досега. Супер ни е заедно, го чувствувам поблизок и поблизок, сакам уште почесто да го гледам. Си ја имаме донесено врската на ниво на кое и двајцата сме среќни и исполнети заедно, се сакаме, се почитуваме, се разбираме, и двајцата сме спремни на компромиси и си веруваме доволно.
. ..искрено средно,ни многу убаво ни пак лошо,на скала од 1 до 10 оценката би била 7.. . .. .тоа е врска од 4 год,која почна преубаво со многу љубов,емоции,ситни вниманија,нежности,романтични моменти.....за после 2 год се случат оние кавги,љубомора,лутење по 1-2 месеци,за повторно да си се вратиме еден на друг...ех,сега нигде нема идеално,ама следните 2 год беа исполнети поќето со болка и солзи,инатење,така да конечно се освестивме двата,расчистивме,и почнавме од О,нов почеток....лелеле сега ни е преубаво и преслатко...
Доволно задоволна за да останам со него до крајот на животот. Како секоја нормална врска понекогаш има кавги понекогаш среќни моменти, но најдобро од се е што се разбираме и почитуваме меѓусебно а и се сакаме сето тоа не држеше и верувам ќе не држи уште многу години заедно.
Задоволна сум ли? На скала од 1 до 15 според мене ние сме на 10-ката. Тука во прашање се многу фактори зашто не сум целосно задоволна. Многу, за кои не би коментирала.
Задоволна зошто да не. Го сакам и ме сака,како и секој нормален пар некогаш ќе се налутиш ќе се скараш ама тоа нема да биде доволна причина за да се разделиш. Ако мене ме прашувате би го поминала остатокот од животот со него,еден со друг си ги надополнуваме недостатоците. Убаво ни е.
Со оглед на тоа што секој ден се будам и заспивам со неговиот повик и сум среќна низ целиот ден и времето поминато заедно,да задоволна сум од нашата врска.Имаме доверба,имаме разбирање,почит,комуникација е решение на секој проблем што ќе се појави,се седнува и се разговара во првата прилика и постигнуваме компромис.Најважно се сакаме!Се што некогаш барав!