Јас сум многу задоволна и среќна прокрај него би сакала сега кога ке кренам на училиште да искачаме почесто заедно во јавност во кафич или сл бидејки тогаш ке бидам појке слободна од дома нема да ми водат толкуу сметка за тоа кај идам и што праам , па на училиште сум нели ахахаа ...А за него незнам баш во последно време лутка сум мислам дека го нервирам многу со моето поонашање а не дека само мислам туку и така е ...Ахх...Само како ме трпи не ми е јасно ...Како и да е веке нема потреба од трпење веке нема лутење и кавги ...Сеа малце ке се смирам ...
Многу! Не очекував дека ќе налетам на некој ваков, кој ќе ми го разубавува и олеснува животот, не очекував дека ќе бидам толку задоволна од една врска. Се е толку прекрасно. Се надевам дека нема да заврши.
Моментално, не знам дали да плачам или да се правам дека ништо не знам.... Од првото фајде нема, од второто бетер, и ај сега...
Неможам со зборови да опишам како се чуствувам покрај него. Тој е мој другар, брат, дечко едноставно моја сродна душа. Се надевам дека ова што го имаме ќе трае за цел живот. ❤
Јас тоа што се викало љубов не знаев ни самата да си го објаснам.Всушност не знаев дека тоа што сум го чувствувала било токму таа емоција љубов..Што значи дека сите сме ваљда збунети кога прв пат ќе се вљубиме, да не должам 10 месеци и сметам дека е океј сега за сега што значи задоволна сум.
Срцето ќе ми препука од љубов. Подобро не може да биде. Долга, среќна, исполнета љубовна врска. Тој е мојот сакан, истовремено најдобар другар и најголема поддршка. Мојата друга половина, човекот на мојот живот.
Пресреќна сум што го имам он ми е подржка за се ,тука е покрај мене и во најтешките моменти се разбира и јас покрај него,се надевам дека засекогаш ќе бидеме заедно ,едноставно неможам да се замислам без него Он ми е и дечко и најдобар другар со еден збор незаменлив.
Задоволна сум. Имало караници, несогласувања... Но каде ги нема? За се има решение ако има љубов. Заедно сме од 2008. Поминавме низ се заедно. Се подржуваме. Се помагаме. И најважно од се, се почитуваме и сакаме.
Премногу задоволна сум, тој е баш онаков каков што отсекогаш посакував. Имаме многу слични мислења и погледи за светот, иако малку слични интереси. Досега ич сме немале караници, за се наоѓаме компромис а и искрено не можам да замислам да се карам со него, понекогаш се прашувам дали е се во ред. Прв ми е, и најверојатно последен, премногу си се сакаме.
Задоволна сум но може и подобро. Имало караници и ќе има, ама тој ми е личност што за се ме разбира, личност без која неможам и ме знае најдобро. Од стално го посакував, сега веќе е мој и сум среќна
10 . Другар,брат, се во една личност! После 5 години врска, се чуствувам послободна со него неголи со семејството. Нема дел што незнае за мене, и најситното нешто што ми се случува во дено одма му го кажувам. Нормално како и секој човек, ке се подналутиме на 5 минути, но то е повеќе заради мојата разгаленост . Што би рекла мајка ми јас не можам да те трпам некогаш, браво како те трпи. Љубовта на мојот живот, не би издржала без него ни 1 минута.
Не сум задоволна.Не знам дали сум среќна или не,тежок карактер е и многу арогантно ми пишува.За глупости се лути и јас толку мило му се обраќам а добивам само ладен поглед.Од друга страна секоја прегратка и секој бакнеж ми докажува колку ме сака..ама не е тоа тоа.Почнувам да мислам дека ова ми е голема грешка.Премногу ме повредува,поради него и јас станав ладна личност.