Мислам дека нема ваква тема. Колку сте задоволни од вашите градоначалници? Јас од мојот не сум, потфрли, а вие ?
Јас од нашиот градоначалник воопшто не сум задоволна. Може во неговиот прв мандат беше еден од најдобрите, но ете сега е обична нула. Само за џамии градење е одличен и за вработување албанци и се разбира полнење на сопствениот џеб. Македонците, ма кој ги шиша...
колку сте задоволни од вашите градоначалници Немам некое посебно изградено мислење за него. Во првиот мандат ни го разубави и среди градот по малку, вториот мандат нешто ситно направи,улички, ама повеќе оние на кои живеат Албанци за да го гласаат и за трет мандат. Е сега откако е изгласан и по трет патне прави ништо, со образложение дека нема пари. И не ми се допаѓа, одамна требаше да го сменат. Доста се наполни со пари, сега е ред на некој друг,ем ќе краде,ем најверојатно ќе направи нешто. Тој е СДСМ, централната власт ВМРО и за нашиот град владата не дава пари,зошто да даде на Куманово, ќе дадат на некој друг град кој е за ВМРО, нормално. Очекувам наредните избори градоначалникот и премиерот, претседателот да се иста партија, бидејќи вака нема ништо за нас. Куманово е голем град каде можат да се отворат доста фабрики, ама некако не заобиколува власта, а се знае и зошто.
Е и јас не сум задоволна од Дамјановски иако гласав за него. Очекувам следниот градоначалник да биде од ВМРО. Многу неодговорна е локалната власт во Куманово. Цел ден само кафе да се пиело во општина, услужност нула.
Накај Охрид минатиот пат автобусот помина и низ Гостивар. Ми се допаѓа, убаво гратче е. Кружните текови се многу симпатични. Ја видов црквата кај Железничка станица. Само штета што има малку Македонци.
Јас сум задоволна. Градов живнува, се разубавуваат улиците, зеленило, цвеќе на секој чекор. Колку само му требаше на градов патека за пешачење. Отиња беше само дупка, грда слика за центарот, сега барем и тој простор се искористува. Уште и трговскиот да го оправат некако, ептен е крш. Е сега има уште улици за поправање, ама не бива се одеднаш.
Не сум баш сигурна дека имаме и градоначалник Пред изборите трчаше и ветуваше после избори го снема никаде или цркнал или се скрил некаде како ној со главата во песок.
Не сум воопшто задоволна.Го бива изгледа само за глумење, ништо повеќе. Толку убав и голем град како Битола, тоне се повеќе и повеќе.Ништо ново не се гради, а има толку многу. Единствена окупација му се кружните текови, па ги руши и ги преградува по милион пати.
Не сум задоволна. Претходниот беше сто пати подобар. Овој како земја да го голтнала, изгледа воопшто немаме градоначалник.
Ептен што да расправам. Нашава градоначалничка освен да дава по 100 евра еднократно за бебиња и да се слика кога отвара 5м2 игралиште со 2 коша или паркче од 10х10м не прави ништо. Навидум се е само маркетинг и пуса желба за медимско експонирање на сајт. Општинава порано си беше ок, само од пред 10 години ја унакажаа сељаци во 2 мандата. Тогаш почна урбаната мафија, градење на неплански згради (терасата им е над тротоар, ве-цињата им гледаат во соседните тоалети и можат да си праат муабет додека се бањаат. Се фалат само со ситнурии, еден културен дом кој ќе биде готов за 2 години, а улиците после појак дожд стануваат океани. Катастрофа, едвај чекам избори за 2.5 години.
Од Градоначалникот на општина ич - Чаир. Ниеден парк и зеленило не е обновено уште одозгора ќе се граделе нови згради.
Нашиот е медиумска ѕвезда, обожува да биде пред камера. Но, реално гледано на работите, го уреди градот, чисто е, има убави паркови со клупи и фонтанчиња, места за децата да си играат, го средува оној простор кој претходно беше запуштен, ни' направи неколку поголеми објекти, кои недостасуваа во градот од оваа или онаа причина. Уште да се реши проблемот со паркирање по тротоари, ќе биде супер.
Ужас... ужас. Градов никогаш не бил понечист и позагаден, ситуацијава е толку алармантна, на врвот на листа сме според загаденост во Европа, ако не и на светско ниво, а надлежните не преземаат ништо и спијат како ништо да не се случува. Дивата депонија си чади и не гуши, нема после 5 часот попладне жива душа по улица, сите се скриени дома, надвор само ако си ненормален или ако ти е нешто итно се излегува. Парк нема ниту еден, а се дозволува градба на згради на секое ќоше... Ужасна слика, градов е толку депресивен, подепресивен не бил наназад годиништа, откако знам за себе. Да не навлегувам на други полиња, кога најбитното нешто - чиста средина и ВОЗДУХ за дишење се отидени у ку*ац што останува за друго... Катастрофа.
Мојот градоначалник го имам видено два пати во еве веќе петта година. Првиот пат беше пред да биде избран, а вторниот пред да биде РЕизбран. И искрено се надевам дека нема да има трет пат кога ќе сака да биде РЕ-РЕ избран, и уште од сега се молам мештаните да им дојде памет и трет пат иста грешка да не прават. А грешките најмногу се прават, зошто се бира партија а не човек кој треба успешно да ја развива и води населбата.
Не, не никако се остварувале некои работи, се граделе ова она, а во случај ништо. Живи глупости. Не сум задоволна. за жал