Воопшто не сум задоволна , само кружни текови се градат , разбирам ок е тоа донекаде , ама па 2 мандата или 3 да градиш и сите пари да одат за тоа не бива , е добро и за во џебот мора нели друго ништо нема со прст чепнато , ни работа за младите да обезбеди , секако има за тие што му го лижат задникот и се покрај него 24 часа во штабовите, крајно сум револтирана !!
Да се надоврзам. Изреволтирана сум максимално одамна, ама ова сега ги преминува сите граници. Жално е што град на кој природата му дала многу за да има чист воздух, падне на ова ниво. Сегашните надлежни, а и претходните (во изминативе 10тина години), никогаш не си ја вршеле својата функција, НИКОГАШ!!!!! Пред избори градоначалничката беше презафатена со убедување, буквално го собираше народот по групи и го тераше да гласа за неа, ветувајќи се и сешто. Нормално, разумните постапија правилно, ама очигледно поголем дел од нив подпаднаа под тие ветувања. Така се живо функционира тука, заради тоа сме на дното, сите, цела држава. Како што кажа Менди, нема парк, НИТУ ЕДЕН ПАРК! Ѓубре, отпадоци насекаде. Корпи за отпадоци никаде. Автомобили паркирани сегде, буквално каде што ќе му текне на човек си ја остава колата. Негде пред некој ден прочитав: Како се вика тротоар на скопски? - Паркинг. И на тетовски исто. Ехеее колку пати имам видено автомобил паркиран на пешачки.. Полиција има на секаде луѓе, седат, допираат коли и ги казнуваат што регистрацијата им е измината или немаат зимска опрема. Ок е тоа, АМА ДАЈ ПРВО ТРГНИ ГИ КОЛИТЕ ОД ПАТ! ИЗНАПИШИ КАЗНИ НА СИТЕ ПА ДА ВИДИШ ДАЛИ ЌЕ ПАРКИРААТ ПАК! Двонасочни улици кај нас има многу, ама на едната секогаш има кола до кола паркирано, што автоматски ја претвора во еднонасочна, ваљда. Улични светилки? Што е тоа? Тоа што треба да се плати на крај месец нешто? Тоа? А да, нема кај нас тоа... знам го плаќаме, ама нема. Кучиња на сите страни. Напаѓаат. Жал ми е за нив, најискрено.. секоја вечер ги слушам како цвичкаат. Околината ги направила такви, агресивни. Од околниве градови ги носат кај нас, дел од нив ќе ги отрујат, испотепаат до смрт, буквално се изживуваат врз нив. Нема кој да ги згрижи.. Пред некој ден и свиња си шеташе. Сериозно. Живееме под Шар Планина, а горниот дел од градот нема капка вода. Немаат едноставно. 10 години истиот проблем. Само од 5 до 6 сабајле има вода, кој успее да се истушира, измие садови, испере алишта, направи ручек, алал нека му е, другите здравје.. ако дојде некогаш. Никогаш не ја започнувам темава, нервозна сум после тоа и многу негативно делувам на околината. Ама ајде си се искажав.. како нешто да ќе го смени тоа. Уништен е градот одамна. Нормално дека надлежните се криви за тоа, кој друг. Не е секој за таква функција, ама и народот е самиот крив.
Од нашиов тако зван градоначалник никој ама баш никој не е задоволен! Патоказните табли на албански прво се пишувани па одоздола на македонски АЛООО ! има среќа до сега што не му ги имаат продадено за старо железо! Албанското знаме пред општина е повисоко и поголемо од МАКЕДОНСКОТО државно знаме. Ниту парк некој е среден, базен имаме преголем и додека беше Македонец градоначалникот постојано работаше, балкански надпревари се одржуваја, а сега? Сега е цел обрастен со трева, изпокршени се сите стакла, и што е најлошо жариште е за наркомани а се наоѓа во склоп на основно училиште! Да ти е страв дете да пуштиш или недај боже да живееш тука (како мене) Во родното мое село многу стара црква ја рушија до некаде за да ја обноват, а сега овој даде забрана за изградба и не го потпишува одобрението за израдба на верски објект, а во истото село со 2.000 жители има 5 џамии израдени и никому ништо - дозволено им е нив све! има среќа што ние македонците учни сме си да трпиме се' и што не е запален со си куќа! Од рамковниот договор си патиме и од тие што го потпишаја и не осакатија за цел живот, и нас и идните генерации.
За Кичево збориш? Ако е за Кичево на следните избори може ќе го вратите градот во раце на македонска партија. Колку што знам кај вас имаат слаб наталитет шиптарите.
Човекот ветуваше, ветуваше ама ретко што исполни. Најголемиот проблем со загдувањето не се реши, си останавме и понатаму на прво место град со најголем процент на заболени од рак. За улиците да не зборам, поарно ти е пешки да одиш кај да е него да возиш, само штета може да си напраиш ништо друго. Базентот (не дека е нешто ептен битно) ама со години толкав простор од кој можат така добро да се добиваат приходи и некоој бар за време на летната сезона да заработи нешто плус, стои неискористен, а пред избори се ветуваше да се пренамени во аква парт и шо ти ја знам.
Gradonacalnikot na opstina Bitola.... V. Taleski pogolem kradec ne sme imale vo nasiot grad nikogas... site kradele ama ova e nesto.... se nadevam deka ova ke mu bide posleden mandat na glumecot!!!
Па фино е бе, што да се жалиме... Еве куќата е скоро готова (зимава почна градбата, па еве веќе се привршува) , ново количе, се шеткаме со фамилијата, селфи си праиме по улица со невестето и деците, запосливме потесна и поширока фамилија, другарките на невестето недипломирани право цап на работа и така, сите тендери на братчето у фирмата... Аааа, и некни интензивно грицкавме сончоглед во чаршија и ги фрлавме лушпите по земја онака успат како се движиме. Копук неписмен!
Веројатно не збори за Кичево бидејќи базенот во Кичево не функционира веќе долги години нити некогаш се одржувале натпревари на тој базент и долги години им служи на наркоманите што значи не е проблем од сегашниот градоначалник.. Парк никогаш немало кај нас незнам за кој парк се зборува или па можеби имало до лани па ја да не сум го видела :/
Јас од Жерновски сум задоволен , се труди човекот да направи нешто , со лимитирани ресурси и голем притисок да не успее од страна на вмровските сили , барем тие работи што очекував ги направи , за понатаму ќе видиме ....
Многу сум задоволна, посебно затоа што ни го исекоа целото зеленило и во населба имам шест нови згради и никакво место за паркинг, па и колите со пајак ни ги собираат од пред зграда. Супер.
Нашиот градоначалник за ништо не го бива, веќе втор мандат му е а ништо нема направено за градот, една фонтана ја реновира и толку. Ги вработи неговите блиски, на син му девојката цело семејство па и нејзини братучеди сите до еден работат и тоа не било што, сите наеднаш станаа секретари, директорки, учителки. Јас со месеци се обидував да разговарм со него, тој го знае мојот случај и мислев дека ќе ми помогне со вработување, ама наместо тоа ми даде совети како да сум барала работа и како да сум се однесувала на интервју. Не му ни реков пријатно, си заминав така бесна од таму. Друго во градот имаме еден парк и тој е карастрофа со една клупа, една скршена фонтана и ни една корпа за одпадоци. Исто така нема ни социјални згради, колку само луѓе има на кои им следува таков стан а спијат по подруми или рушевини на картони. Катастрофа е, не сум задоволна.
Задоволна сум од мојот градоначалник. Населбата во која што живеам, а и целата општина личат на нешто. Претходниот градоначалник ништо не направи. Добар е Сокол.
Јас ич не сум задоволен од мојот градоначалник. Наместо некој млад, тие ставиле фосил 500 годишен. Пред некоја година си купи ауди ново од 40.000 евра. Во Кучково си ги среди улиците, осветлувањето. Си направи паркови во Волково и Кучково. Ние доле у Ѓорче марсовци сме, немора да ни прави.